Dr
Ја ти рeплицирав на тоа што си го пишал за репрезентацијата. Ако ја лажам, статистиката не лаже, човекот е во трите најдобри селектори според остварени победи, победи или нерешени. Баш пред извесно време беше објавена листата во некој наш медиум.
А ако сакаш да елаборираме на тема Вардар и Чеде, нема проблем. Во секое време. Очигледно е дека формата била темпирана за летото и европските настапи, а знаеме сите кој може да ја темпира истата, оној што ја спрема во подготвителниот период. По што се деси неверојатен пад во поглед на физичката подготвеност на играчите и голем број на повреди, односно можевме да се увериме дека играчите ни од далеку не се подготвени за играње во ритам среда-недела, а свесни сме дека кондицијата е основата во денешниот фудбал. Чеде упадна во најнеблагодарен момент за еден тренер, без да има било каков увид во нивните физички можности, а многу брзо се увиде дека играчите се со испразнети батерии (физички и психички), уште во текот на септември. Било кој тренер во една таква ситуација тешко може нешто драстично да промени. Чеде ќе го судиме после направена селекција според неговите замисли и одработени подготовки со рекуперирани фудбалери (се разбира доколку ги има истите ресурси и услови како неговите претходници), а не со една ваква очајна крвна слика на фудбалерите, кога веќе е толку јасно дека тие со мислите не се воопшто на теренот.
Еве едно хипотетичко прашање за тебе: Дали го сметаш и Стратев за неспособен, кој ја елиминираше ЦСКА и беше на гол од групи во ЛШ, а со истиот тим во првенството не можеше да ги добие Тиквеш и Напредок и заврши четврти на полусезоната, без шанси за титула?! Тоа е таа погрешно темпирана форма, во која имаш еден огромен peak (врв) и после се дешава нагло трескање од земја.
И за крај, камо среќа да има што повеќе тренери кои тренирале екипи од Кипар и Белгија, Звезда или Олимпијакос, а не врв у кариера да им бидат нашиве прволигаши и евентуално некое селекторско место.[DOUBLEPOST=1512409850][/DOUBLEPOST]
Ти не си навивач на Вардар у никој случај. Ти си некоја бедна вошка од прилепско, што се сити на неуспесите на клубот зашто му го нема пуленот повеќе...