Толку знаеш и ти очигледно. Чеде, со Ѓоко и Катанец, има најдобра процентуална статистика во репрезентацијата.
Сакаш да кажеш дека Вардар изигра одлично во Лига Европа. Каде другиве да неречам просечни екипи си ја билдаа голразлукава против Вардар.
Сакаш да кажеш и дека Шкендија заслужено води со 14 бода. А истата таа Шкендија прими 6 комада од Милан, кој патем е во најлоша форма во последнове неколку сезони одкога е формиран.
Или сакаш да кажеш дека изораниот терен во чаир само на Вардар му сметаше да постигне некој гол а не и на Шкупи.
Мене ништо од ова не ми се допаѓа. Сакам да го гледам Вардар прв без пораз, безразлика каде игра и со кого игра. И мислам дека после пораз од Шкупи па и Гвардиола да беше тренер пак ќе мислев дека ќе требаше да добие отказ а ме да поднесе оставка.
Е сега се ова паѓа во вода ако управата (Самсоненко) се има договорено заради незнам што година шкендија да биде шампион а Вардар да си ја бара среќата преку Лига Европа.
Sent from my SM-G930F using Tapatalk[/QUOTE]
Ја ти рeплицирав на тоа што си го пишал за репрезентацијата. Ако ја лажам, статистиката не лаже, човекот е во трите најдобри селектори според остварени победи, победи или нерешени. Баш пред извесно време беше објавена листата во некој наш медиум.
А ако сакаш да елаборираме на тема Вардар и Чеде, нема проблем. Во секое време. Очигледно е дека формата била темпирана за летото и европските настапи, а знаеме сите кој може да ја темпира истата, оној што ја спрема во подготвителниот период. По што се деси неверојатен пад во поглед на физичката подготвеност на играчите и голем број на повреди, односно можевме да се увериме дека играчите ни од далеку не се подготвени за играње во ритам среда-недела, а свесни сме дека кондицијата е основата во денешниот фудбал. Чеде упадна во најнеблагодарен момент за еден тренер, без да има било каков увид во нивните физички можности, а многу брзо се увиде дека играчите се со испразнети батерии (физички и психички), уште во текот на септември. Било кој тренер во една таква ситуација тешко може нешто драстично да промени. Чеде ќе го судиме после направена селекција според неговите замисли и одработени подготовки со рекуперирани фудбалери (се разбира доколку ги има истите ресурси и услови како неговите претходници), а не со една ваква очајна крвна слика на фудбалерите, кога веќе е толку јасно дека тие со мислите не се воопшто на теренот.
Еве едно хипотетичко прашање за тебе: Дали го сметаш и Стратев за неспособен, кој ја елиминираше ЦСКА и беше на гол од групи во ЛШ, а со истиот тим во првенството не можеше да ги добие Тиквеш и Напредок и заврши четврти на полусезоната, без шанси за титула?! Тоа е таа погрешно темпирана форма, во која имаш еден огромен peak (врв) и после се дешава нагло трескање од земја.
И за крај, камо среќа да има што повеќе тренери кои тренирале екипи од Кипар и Белгија, Звезда или Олимпијакос, а не врв у кариера да им бидат нашиве прволигаши и евентуално некое селекторско место.[DOUBLEPOST=1512409850][/DOUBLEPOST]
Јас би рекол дека ти си една обична исфрустрирана гнида со минорно познавање на фудбалот чим го браниш Чеде додека Вардар тоне и тоне . Тоа што не сум активен на темата не значи дека не го следам и сакам Вардар . Ако си задоволен ти Вардар да го буши кој стигне и во Мк и во Европа ја не сум.
Ти не си навивач на Вардар у никој случај. Ти си некоја бедна вошка од прилепско, што се сити на неуспесите на клубот зашто му го нема пуленот повеќе...