Дно од новинари и медиум, во секој поглед. Од инцидентот што го имаа со Вардар на прес-конференција, која и да беше тогаш причината, буквално секоја втора колумна им е насочена против Вардар, све нешто не чини и им смета, а за примери ги зимаат Работнички и Шкендија кои 3 години не можеа воопшто да им припарат на Вардар. А за ова најновово, шта речи, до пред 2 месеци кењаа зошто ги немало Вардаровите легенди со позиции во клубот, сега кога почнаа да се враќаат не чинело
Седло и моменталнава криза на страна, на што се заснова твоево мислење за Чеде и неговите квалитети? Го имаш пратено претходно па да споделиш нешто, или све се сведува на ова што ти „кажале“ играчите на Вардар? Да не се разбереме погрешно, немам намера да го бранам Чеде, воопшто, и со ништо ме нема разубедено дека е правиот избор, ама засега останувам резервиран околу неговите квалитети, затоа што вакви слични периоди имавме и минативе 2-3 сезони, само завршуваа подобро резултатски за нас, иако беше тоа на сила изгурано. И во која тоа смисла не знае кај тера? Бара премногу, не знае што бара, или играчите не сфаќаат што бара?