Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Дно од новинари и медиум, во секој поглед. Од инцидентот што го имаа со Вардар на прес-конференција, која и да беше тогаш причината, буквално секоја втора колумна им е насочена против Вардар, све нешто не чини и им смета, а за примери ги зимаат Работнички и Шкендија кои 3 години не можеа воопшто да им припарат на Вардар. А за ова најновово, шта речи, до пред 2 месеци кењаа зошто ги немало Вардаровите легенди со позиции во клубот, сега кога почнаа да се враќаат не чинело :ROFLMAO:



Седло и моменталнава криза на страна, на што се заснова твоево мислење за Чеде и неговите квалитети? Го имаш пратено претходно па да споделиш нешто, или све се сведува на ова што ти „кажале“ играчите на Вардар? Да не се разбереме погрешно, немам намера да го бранам Чеде, воопшто, и со ништо ме нема разубедено дека е правиот избор, ама засега останувам резервиран околу неговите квалитети, затоа што вакви слични периоди имавме и минативе 2-3 сезони, само завршуваа подобро резултатски за нас, иако беше тоа на сила изгурано. И во која тоа смисла не знае кај тера? Бара премногу, не знае што бара, или играчите не сфаќаат што бара?
Искрено и јас мислев дека Јаневски ќе биде подобра опција од Седловски и во најлошото сценарио не го замислив тоа што се случи. Не знае што бара контрадикторен е до крајност.
 
тоа се тие работни места кај нас, ни Ф од фудбал, ќе речеш барем човек со штоф да е, не мора да има познавање ама да се покажал, ма јок бре..
 
И кој го избра тој Доневски? Не ми е јасно, раководството на ФК Вардар, или тука друг бира позици во клубот на кога ќе му припаднат.. Ете колку сме европски, не знам кој е тој Доневски, гледам негативни комемтари за него, тука, на фб, но како и да е, ова позиција уште од почеток е со луѓе кои немат додирна точка со фудбал, ниту па имат желба да направат нешто у Вардар.
 
Чек, не читаше вести овој едно време на Сител или сум се препознала?
 
А едно фајде што видовме или тек ќе видиме од "легендите" на Вардар, бившите "јаки вардарци и комити"...саде убаини. Куропушачи и безкичмењаци се до еден.
Повеќе поштовање ќе имам за едни вакви пиони и измеќари ко Самоил или овој новиот ропак, што се поставени стриктно да наштетуваат на клубот, него гореспоменативе "легенди"...
 
Сеа глеам првиот дуел со Шкупи во купот се играл на 8ми, значи репрезентативциве (Николов, Муслиу, Велковски, Хамбарџумјан, Барсегјан, Џигуари, Тодороски и Стојчевски) сите веројатно ќе бидат отсутни, а Вардар и со целосен состав едвај тера во последно време а не па преполовени. А од друга страна па не верувам пак да го одложат оти едвај успеаа некако да ги состават термините со вонредни кола, не па сеа пак да одлагаат.
 
Последно уредено:
Чек, не читаше вести овој едно време на Сител или сум се препознала?
На канал 5 . Од спикер до претседател на фудбалски клуб ... шта речи .
Ај за самоил некако го сварив , татко му професор на факултет , на див , кондиционен тренер на времето у вардар , ај има некаква допирна точка со вардар , доволна за варање .
Ама ОВОЈ идиотов , неам коментар . Сеа сум убеден дека самс ќе бега и орце си стапува на сила . Не дека не беше у позадина ама со потегов ...
А друго не ми е јасно . Го стаи генерален на МПМ и го избрка после 6 месеци а сеа да го стаи у Вардар .
Ех таа моја чудесна земја Македонија
 
На канал 5 . Од спикер до претседател на фудбалски клуб ... шта речи .
Ај за самоил некако го сварив , татко му професор на факултет , на див , кондиционен тренер на времето у вардар , ај има некаква допирна точка со вардар , доволна за варање .
Ама ОВОЈ идиотов , неам коментар . Сеа сум убеден дека самс ќе бега и орце си стапува на сила . Не дека не беше у позадина ама со потегов ...
А друго не ми е јасно . Го стаи генерален на МПМ и го избрка после 6 месеци а сеа да го стаи у Вардар .
Ех таа моја чудесна земја Македонија
Човек пиун, пур пена, каде ќе затреба, го ставаш и преку него ти си управуваш. Пак ќе кажам ајде да речеш да нема поврзаност со Вардар и спорт воопшто ама е професионалец, човек докажан што може да управува, со визија за водење на европски ентитет ама ова ги поминува сите граници, нели ако не беа веќе одамна поминати.
 
Што сакам утре Вардар да ве бутне сите што го игравте 1у1 и 4+, ја верувам у клубот и кога знам дека е скоро невозможно. И пак да е пораз убаво е чуството кога чекаш четврток, да го гледаш својот омилен клуб у Лига Европа.
 
Десетка со кромид, тоа е реалноста моментално.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom