Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Си призна Самс дека имале лош PR за со Зенит, и рече дека ќе се промени тоа за наредната утакмица, ама очигледно ќе си продолжат по старо...
 
Другар има 13 карти, 10 за Југ, блок 4, ред 43 и 3 карти за блок 19, ред 6, тоа е на ќошот измеѓу Север и Запад, ги продава 30% поефтино од редовните цени. Така да за Југ блок 4 ги дава за 800 ден, редовна цена 1200, за блок 19 ги дава 400 ден, редовна цена 600.

Ако има некој заинтересиран ќе добие контакт по пп.
 
Мислам дека се делат многу карти гага, делеа и на роденденот на Сити Мол играчите, али нека прават што ќе прават да е не е празен како со Зенит, играчите заслужија полн стадион.
 
Глупост е да мора да се менуваат кога (еве веќе и сами кажаа) можеш да си влезеш со испечатениот лист/ваучер. Едноставно си го зачувуваш PDF фајлот, го печатиш пред секој меч и си влагаш или печатиш 3 листа од старт и обезбеден си за сите 3 утакмици, не мора пластифицирани картици. Не е ова Вардар PASS па да посетиш 50+ утакмици, па да ти треба картица, 3 утакмици се.

Не се согласувам со тебе ... Глупост е да не тркнеш до стадион да ги смениш за картица која ќе ти остане успомен за нешто што кој знае кога ќе се деси пак .
Бесценето , да покажуваш картица на деца внуци дека си бил на ЛЕ групи , нешто што ќе го пишува у историјата на ФК Вардар и на македонскиот фудбал воопшто ... (y)
 
Мислам дека се делат многу карти гага, делеа и на роденденот на Сити Мол играчите, али нека прават што ќе прават да е не е празен како со Зенит, играчите заслужија полн стадион.
Како бе да прават што ќе прават, сега гледам на тикет плус, сите карти за централните блокови ги снемало. Гратиси ги дале!? Па ние 3-4000 блок карти што земавме мајмуни сме? Уште и ги препродаваат.
 
Не се согласувам со тебе ... Глупост е да не тркнеш до стадион да ги смениш за картица која ќе ти остане успомен за нешто што кој знае кога ќе се деси пак .
Бесценето , да покажуваш картица на деца внуци дека си бил на ЛЕ групи , нешто што ќе го пишува у историјата на ФК Вардар и на македонскиот фудбал воопшто ... (y)

Јас тркнав да земам, ама има луѓе кои треба +100км да поминат само за да ја земат картицата а тоа не можеа првично да го направат на денот на утакмиците. Не е муабетот да ги нема, туку не мора да кажуваат дека ќе биде задолжително. Како што еве на крај испадна дека нема да е задолжително.
 
Не дека ќе се осиромаши некој од нас што купил блок карта по редовна цена, но доколку е вистина дека се делеле карти гага, тоа е тешка глупост.
Зарем не мислеа на цените пред да почне циклусот? Па стави ги 200,300,500 и да видиш како ќе биде фул стадионот, парите се горе долу тие за клубот, но да биде фер за сите гледачи, а не регуларните купувачи да плаќаат за тројца.
 
И првата имаше гага карти дадено а сега малку повеќе мислам.. Како и да е, не жалам за парите, само ти доаѓа онака криво ради фактот, оние кои идат често, чесно си купија билет, а они кои не знат кај е Филип Втори си добија гага.. Тоа е Македонија за жал.
 
Од 30 минута па натаму, Насер Синани зборува за трансферот на Куајнор во Вардар.

 
Максимов прва постава, да го видиме конечно, не знам само зашо Глигоров игра прва место Николов
 
Веројатно Николов уште не е најфит да игра од почеток. Јес да и мене ми е веќе смачено од Глигоров секој натпревар во прва постава.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom