Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Тоа е Златко фудбалот :D

Комити одлични. Браво и за публиката што остана до крај, особено во последните 5 минути кога сите станаа и им аплаудираа на играчите, без разлика на катастрофалниот резултат. Тие што си заминаа порано - уа педери! :) Очекував барем бод од утакмицата, ама многу слаба игра, ко нозете да им беа пресечени... никаква транзиција, Гачевски пацер. Не' дупнаа со високи топки и каде каде беа физички поспремни од нас. Со смирена игра си ги искористија шансите и резултатот е тој што е...


:oeoeoe:
 
FB_IMG_1505473710843.jpg Едно од подобрите наши изданија вчера на Запад ( поставеноста горе на сликата со знамиња , изглед црни маици сите во коп)

Не сум задоволен само од бројката на кортео , се правеше мобилизација сите да дојдат на Соборна али не успеа јбг .

Сега одиме на позитивните страни , прво одличен изглед 95 % сите бевме во црни маици ( за мене најдобар до сега на Запад ) , 90 % исто сите бевме доле во копот и се исполни долниот дел за нас , имаше останато некој и горе но во глобала беше добар изглед (y)

На цела трибина имаше сигурно 2,000 + што е за пофалба бидејки вака Запад не бил од дамна , вреди да се напомене дека и стара гарда беше со нас на Запад што пријатно се изненадив (y)

Почна утакмицата , извадивме кореографија со Вардар 1947 и картони со амблемот исто на Вардар , навивање 90 мин и покрај лошиот резултат , одлично навивање имаше во текот на целиот натпревар посебно моментите со Ја излези Ѓурѓо , Послушајте патриоти и други .. ГРМЕШЕ ОД СРЦЕ :)

Незнам што ке се случеше ако пример би израмниле 1 - 1 веројатно атмосферата ке беше ЛУДИЛО
Но искрено не жалам и за овој резултат , и покрај 0 - 5 покажавме како се сака клубот , останавме НАЈВЕРНИТЕ на Запад грмеше уште пола саат , ги извадивме фудбалерите и Самсоненко и сите ја видоа ЉУБОВТА на КОМИТИ :oleee:
Ми се исполни срцето , така се сака клуб , така и најмладите ке научат што е љубов едноставно :bravobe:

Браво и за Јужна , видов дека и од таму имаше останато и цело време ни даваа аплауз !
Ова вчера беа горди КОМИТИ :)

Додека пишував сеа гледам Самсоненко останува , епа друже ваква љубов нема секаде , а сеа нека пукнат душманите :kuracc:FB_IMG_1505419500057.jpg FB_IMG_1505419647168.jpg FB_IMG_1505418974582.jpg
 
Последно уредено:
Позитивно изненаден сум од целокупната организација на настанот.
Седиште имав во блок 1, веднаш до Комитите, тоа беше единствениот блок кој беше пополнет до последно седиште. Има и јасна причина зошто. Блок 6 исто така беше распродаден до последно седиште, но видно се гледаше дупка бидејќи голем дел од гледачите се префрлаа на "поелитните" блокови затоа што истите беа 80% празни, па така се направи некој баланс на јужната трибина. Преместувањето од блок 1 не беше случај, остана полн до крајот на натпреварот благодарение на Комити кои направија феноменална атмосфера, буквално имаше феноменална синхронизација на тој дел од трибината со западниот. Да не се повторуваме, сепак муабетот е тој, ако некако дадевме гол во раната фаза од дуелот, било за 1-1 или 1-2, ќе имаше три пати подобра атмосфера, неверојатна експлозија, но и ова беше можеби најдоброто издание во поновава историја. Овој дел од стадионот верувам ќе биде слично расположен и против Сосиедад на 19. октомври, но за останатиот дел од публиката кој најмногу ќе го привлечат добрите резултати, Вардарци мора да изгинат во Норвешка и да ја продолжат традицијата добри резултати против екипите од Скандинавија. :)
 
Заборавив да пишам уште нешто. Денес се покажа што значи Јужна за вардарци. Иако цените беа исти, јужна беше солидно исполнета, а север зјаеше празен. Се докажа дека оваа трибина е духот на Вардар.
 
Прва и најбитна разлика од останатите утакмици летово е што вчера играа против тренериште, докажана европска класа од тренер. Класа играчи имаше и Фенербахче, ама тие беа распашан башибозук. И Русиве знаеле да бидат банда без команда ама сеа беа дисциплинирани ко гарда на Путин.

Затоа ме нервираа извици од муфљузи од типот: „Шо ја враќаш назад сеа?“ Ја враќаа пошто немаа каде, све беше затворено од Зенит. Оној Кранвитер искина на средина, чиста доминација. :cuc:

Но и колку да се јаки овие, се осети неиграњето на двајца клучни играчи.

Првично на Спировски. Катастрофален потег е да си го распаднеш одличниот среден ред пред групна фаза. Ако се покаже овој Марковиќ дека е добар играч, супер, ако не подобро да го игра Даре таму, пошто Глигоров не е за во ЛЕ. Он и Шиле во најдобрите години не беа играчи од калиброт на ЛЕ, не па сеа како ветерани. Добри се да ги имаш во состав како резерви. Второ, секако Новак. Не дека немаше да изгубат со него, но убеден сум дека одбраната ќе изгледаше многу подобро.

Овој новиов што влезе се повреди подавајќи „пета“ кон Фелипе. :pos:

Каков дебилен потег за да се повредиш...

Гачата класика, една утакмица ќе брани ненормални шутеви, али за пливање у празно при нафрлени топки е легенда...

Со овој ростер и овие играчи реалноста е таа. Да се има уште едно крило, лев бек и да останеше Стефан ќе беше многу подруга слика. Резултатски испадна катастрофа, но ако ја спуштиме еуфоријата и ја согледаме реалноста, момците го дадоа максимумот речиси сите (Фелипе малку сумљив), Зенит е скроз друга класа.

На втората утакмица против Розенборг очекувам да ја играат со многу „полесни“ нозе и да извлечат позитивен резултат, пред сигурната победа врз Сосиедад дома. :D
 
Cestitki do komitite za navivanjeto. Samsonenko ostanuva. Dobil Info deka ke padne segasnata vlast.
:LOL: Кој бот си ти, а и сместа би те банирал од тема.
Ете зашто треба цена на карта да биде не 1200 него 5000 да не идат на стадион ботови ко овој погоре.

Добро е што Самс останувс, подабра опција за сопственик на Вардар нема. Поготово ако проработи рускиот инат ко неговиот побро Абрамович само уште посилен Вардар може да глеаме.(y)
 
7864-samsonenko-prizna-imavme-losha-pr-kampanja-za-liga-evropa-golemo-blagodaram-za-komiti@2x.jpg

Самсоненко призна: Имавме лоша ПР-кампања за Лига Европа, големо благодарам за – Комити!
15 септември 2017 - 12:07
Сопственикот на македонскиот шампион Вардар, Сергеј Самсоненко призна дека Вардар имал лоша ПР-кампања за дебито на црвено-црните во Лига Европа, откакло вчера Националната Арена „Филип Втори“ зјаеше (полу)празна на дуелот со Зенит.

Самсоненко порача дека за следниот домашен меч ќе биде подобро најавен дуелот и искористен маркетингот за промоција на клубот и привлекување на повеќе гледачи на трибините.

„Имавме лоша ПР-кампања за овој дуел со Зенит.. Јас сум убеден дека ќе биде подобро за следниот меч, затоа што ќе преземеме мерки. Ние имавме веќе состанок на оваа тема“, рече Самсоненко.

Сопственикот на клубот не пропушти шанса да им се заблагодари на навивачите Комити, кои вчера единствени ја заслужија Лига Европа.

„Сакам да им се заблагодарам на Комити за вчера. Видовте како беа организирани. Комити се дел од Вардар и тоа не се дели. Ние ги сакаме, имаме понекогаш недоразбирање. Ние сакаме се да им помогнеме во дел од транспаренти, кореорафии, подршка, патувања... Во секој случај ги поддржуваме, но проблем е кога не казнуваат 77.000 евра, а тоа се големи пари за македонски услови. За тие пари може да земеме млади играчи. Ние од Комити ништо не баравме никогаш, само - коректно навивање. Ние сакаме да се подобрат работите во нивната организација, затоа што и за нив ќе биде подобро и полесно. И тие да бидат организирани како што е клубот“, вели Самсоненко.

За вчера пофалба од Самс но ова е најдоброто " КОМИТИ СЕ ДЕЛ ОД ВАРДАР И ТОА НЕ СЕ ДЕЛИ "кога се сака се може сега на ред сме Комити да продолжиме да растеме !
 
Ама не бе, нема тука ни грам љубов кон Вардар. Нов метод нашол како да ги пере парите па затоа останува ;) Или се зближи со новава влада? Сигурно до тоа е, ценава од 30к евра за европски натпревар го потврдува тоа. ;) Уствари вмро има решено да го одврзи ќесето па се украдено да инвестира во Вардар :pos:.
Ситете се уште сега. Вардар само ќе расте, скријте се во дупките и гледајте.
 
Кога сме кај картите не заборавајте дека немаше ни еден гратис. Сите си беа купени. +-10к купени влезници (без тие од запад) по +-15 евра се 150 000 евра само од карти за денешниот меч.
Ахам, сигурно дека немаше ни еден гратис, затоа не беа пуштени во продажба редовите од 1 до 17 на на блок 3 и блок 4 од почеток. Вчера таму седеа истите фаци што седат во вип-ложите во Јане Сандански изминативе години. И нормално они први тргнаа да си одат уште во 65 минута.
Вчера заборавив тоа да го спомнам, нека идат у пм за тоа. Јас доаѓам во 10:40 првиот ден да им оставам 100 евра, они не ми дозволуваат да си купам карти за редот каде што највеќе сакам да седам цел мој живот на утакмици на Вардар било да е првенство, било да е Европа затоа што си ги чувале картите за нивни луѓе муфте да си гледаат од најдобрите седишта.
 
Ама не бе, нема тука ни грам љубов кон Вардар. Нов метод нашол како да ги пере парите па затоа останува ;) Или се зближи со новава влада? Сигурно до тоа е, ценава од 30к евра за европски натпревар го потврдува тоа. ;) Уствари вмро има решено да го одврзи ќесето па се украдено да инвестира во Вардар :pos:.
Ситете се уште сега. Вардар само ќе расте, скријте се во дупките и гледајте.

Дарко има голем удел во останувањето на Самсоненко .
Како и носењето на Чеде , Илија а тек допрва ќе носи играчи .
Сакаше да донесе еден шпиц од Полска , бразилец ама на господинот Седло не му се допаѓал и типацот направи трансфер у прва португалска лига .
Максимов е чист трансфер , како солза . Само од Тракаи праат проблем и сеа Вардар чека сертификат од УЕФА .
Околу градењето на нов стадио ... Има проблем околу бројот на години на кои стадионот на Локомотива може да се земе под концесија . Им го даваат на 13 години а Самсоненко го бара на 30 години . Моментално тоа е спорно со општина Карпош и со синот на Мате . Инаку чекаат од град Скопје некоја парцела исто така во Карпош . Значи се работи на оваа проблематика .
 
Мене не ми е јасно зашто мора под концесија, нели може да се откупи? Сигурно е по скапо ама стадионот ќе остане наш, а не после тие 13/30 год. пак да даваме пари на некој како сега
 
Зошто под концесоја , сигурно комуналии такви работи не плаќа (после концесијата би останал општински па нема логика да плаќа на општината) местото е муфте, а од кај да знае дали ќе остане уште 1-2 или 10 години во Вардар така да логиката е бар тие работи да не ги плаќа. Друго е клубот (ако е помоќен) да го гради па стадионот останува како клубски капитал дали била една или друга управа а ова е друго свој капитал треба да искешира.
Иако не бев од тие што веруваа дека ќе замине, среќен сум што останува, поради што друг некој тешко да ќе фрли толку пари така да тоа е позитивно.

А што е до PR Самс кој црн PR за лига европа тоа едноиставно не постои во Вардар дали во ФК,РК,ЖРК ниту за европа ниту за домашни натпреварувања.
Тоа што имаш луге кој се задолжени за тоа незначи и да имаш квалитетен PR.
Колу што знам пред 2-3 сезони еден болен вардарец кој им работел на некој проект во РК а се занимава маркетинг и дизајн таква работа им понудил да им даде маркетинг планови од клубови од Полска и Шпанија за кој работел им побарал некој анализи за да може да го прилагоди планот овие само го искулирале (значи ги немале направено а имале маркетинг агент у клубот за кој клубот вероватно е само плата а не и нешто повеќе). Со таков непрофесионализам ова е нивото до кое се стигнува, али сите си имаат вина што треба да поминат пет сезони за да сватиш да немаш квалитетен PR.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom