Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Горд сум што навивам за Вардар,само тоа ќе кажам и одиме уште појако со Сосиедад и Розенборг ова беше само загревање пред уште појаки изданија на Комити!
 
Нека се тресе за Вардар, нека види Европа какви навивачи има Вардар и како се сака клубот и кога недостижно губи!

 
Браво за Комити,па и за цела публика. Покажаа како се сака клуб. Константно грмеа,со оглед на бројката мислев дека целото навивање ќе биде само повремени скандирања,ама одлично испукаа дечките,на што се придодаваше и целата публика(Ја излези Ѓурѓо момент на вечерта,после тоа мислам и Послушајте патриоти се испеа,а и на крајот кога Вардар го прими 5-тиот гол цел стадион згрме...ежење). Комит(к)и,сум ве критикувал доста во минатото,ама за вечерва-секоја чест другари. Позитивно изненаден,10/10. Штета за високиот пораз,искрено не верувам дека ќе се повтори оваа посета и ова навивање на другите утакмици(Дај Боже да сум грешка)
За играта нема што да се искоментира,од прва минута кога го видов Ѕјуба му искоментирав на другар дека овие само на високи топки можат да играат. Кокорин пичето кога ги даде 2-та гола провоцираше константно се да му ебам. Глишиќ манекен,Итало се виде у каква подготовка е чим на првиот спринт легна..
За крај-колку е неспособна и управата и се,секоја чест. Случајно се погоди денес да бидам во СК,имав некои работи и требаше да си одам вечерва. Арно ама,не завршив со се,ај си викам ќе идам на утакмица. Отварам на ФК Вардар сајтот,нема никакви информации ни за карти ни за ништо. Идев нешто накај Сити Мол,си реков сигурно ќе има некој штанд таму,би требало да пуштат за карти низ прометни локации(Сити Мол,плоштад,евентуално и Капитол). Низ Сити Мол-штама. Се слушнавме со @Colt Willcox (кур да пушиш,песимист коа си секогаш тепате,денес оптимист беше па петарда пукна :D ) и он немаше врска. Одам у Тренд,серверот паднат,снајди се дечко на друго место. После отидов до Југотон,едвај најдов карта.Не видов иначе ниту една тв/радио реклама,ниту еден билборд..што има врска,секоја година ЛШ играат па ЛЕ е испод чест...зошто да се рекламираат уопште. На влез добро беа организирани,не се чекаше многу,само што претресот беше многу лаган,намерно пак не земав упаљач и се заебав,можев цел огномет да земам со мене па да не ми го најдат,па после пола трибина мораше да ја замарам за упаљач..
ПС @Nikac_Aerodrom Блок 2/3 да не беше? :D
 
Се надевам дека Чеде увиде дека треба да го игра Велковски на место на Глигоров а на негово Муслиу поправете ме ако грешам вие што повеќе го пратите Вардар.
Иначе ова со Итало сериозно или немаше потреба да го ризикува на тој резултат?
 
Прв пат да не ми е криво за пораз на Вардар. :D Ми се чини дека и уште 5 гола да ни дадеа ќе ми беше сеедно. Искрено се надевав на победа, но уште од прва минута се виде дека се далеку поквалитетна и поспремна екипа и тоа е тоа, нема простор за жалење. Не изедоа за сите пари во воздушните дуели матер им ебам...за две глави повисоки од нашиве играчи се русиве. o_O Кај нас освен Фелипе и Барсегјан што пробуваа нешто другите ептен слабо, како нозете да им се пресекоа уште од почеток што до негде е и нормално...сепак прв пат играат во големо натпреварување како што е ЛЕ. Еееееј, на Градски во Скопје ЛЕ се играше, уште не ми се верува. :D Комити (y) Конечно го заличе западот.

GnEQAKl.jpg
 
Се надевам дека Чеде увиде дека треба да го игра Велковски на место на Глигоров а на негово Муслиу поправете ме ако грешам вие што повеќе го пратите Вардар.
Иначе ова со Итало сериозно или немаше потреба да го ризикува на тој резултат?
Па едвај одеше коа искочи од игра, претпоставувам задњата ложа ја сјеба и тоа при прв трк. Или недовлно загреан или толку е спремен.:toe:
 
Од една страна и мило ми е што не беше полн стадионот. На крај кога очекував свирежи на Јужна за лошата игра, се случи неочекуваното. Цела трибина стана и навиваше со Комити. Тука веќе заборавив на високиот пораз.
За играта што да се каже, Гачевски јас незнам што прави на тренинг. Па таков месечар на нафрлени топки не беше ни оној Маџаровски што ни бранеше една сезона, ко со сајла некој да го влече од позади,не мрда од гол линија. Мислам дека доколку играше Новак немаше толку проблеми да имаме во воздушните дуели. Даре катастрофа беше во одбрана, али затоа во средина изигра мн подобро од Глигоров. Фелипе е катастрофа жива, освен 1 полувреме со Малме во Струмица што го изигра добро, се друго е далеку од она што го гледавме од него. Преодна оцена би им дал само на Грне,Николов и можеби Барсегјан. Сите други изиграа многу лошо.
Али то је то главите горе идеме понатаму :)
 
Се потврди тоа што многумина го пишувавме тука. Со вакви цени бројот на позеропцујачи се минимизира. Ептен бев изненаден што на јужна не чув буквално ниедна пцовка. Со оглед на резултатот атмосферата беше чиста 10. Да беше тесно или да дадевме гол при 0-1/2 ќе се случеше експлозија.
За играта нема што да се коментира преимпресионирани беа од противникот и натпреварувањето. Чеде веројатно со глигоров сакаше да добие на искуство ама никола е играч минус на теренот. Фала му за се време е да им остави место на останатите. Левата бековска позиција беше трагична. Можеби сепак демири е најдиброто решение за таму.[DOUBLEPOST=1505432834][/DOUBLEPOST]
Abe uste ima prijatelstvo megu navivacite na Schalke 04 i Vardar 05 :))))))?
Пер пред еден месец изгубивте 6-0 додека ние резултатски го пониживме фенер. Не заебаавај.
 
Има неколку дебили што се ситат, другиве се паметни и ќутат пошто знаат дека титулата ќе ја сонуваат.

Иначе пола од луѓево што беа на јужна да се секоја утакмица тука, најсреќен човек сум.
 
Кога сме кај картите не заборавајте дека немаше ни еден гратис. Сите си беа купени. +-10к купени влезници (без тие од запад) по +-15 евра се 150 000 евра само од карти за денешниот меч.
 
Доколку не си бил Запад, би те замолил да не коментираш. Како и да е, одлично издание, кортео/кореографија и навивањето. Југ и Север по празни беа деловите каде што картите се 1.2000 односно 3.000. Се на се одлично, освен резултат ама покрај ваква публика не е битно, па да е и 0-10.
 
Неискуството си го направи своето а и немавме замена за Спировски.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom