Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
А сега во реваншот пак ли ќе играме со Копенхаген, и ако го поминеме ова трето коло, уште колку кола ќе останат до крај?

П.С. А зашто викат ова е трето коло, а Вардар играше само со два клуба?

:D:brlav::oeoeoe::oeoeoe::oeoeoe:
 
А сега во реваншот пак ли ќе играме со Копенхаген, и ако го поминеме ова трето коло, уште колку кола ќе останат до крај?

П.С. А зашто викат ова е трето коло, а Вардар играше само со два клуба?

:D:brlav::oeoeoe::oeoeoe::oeoeoe:
Во прво коло мислам дека играат најбосите тимови од Сан Марино, Гибралтар, Андора итн :D
 
Ете си дојде и тој ден да се радуваме на победи против екипи како Копенхаген, Малме, и да бркаме групи во Лигата на Шампионите. Кога на почетокот на сезоната зборевме дека овој Вардар може, многу песимисти сметаа на тоа дека Вардар можеби нема ни да ја освои титулата у првенство а не да направи успех у Европа.( успех за мене е што веќе имаме две победи против добро котирани противници од Европа) и со мала доза на среќа и добра игра да играме во групите(небитно ЛШ или ЛЕ) тоа кажува дека не треба многу да мрчиме на социјални мрежи, а треба повеќе да идеме на стадион.
 
Пишав и после утакмицата со Малме, мириса на групна фаза оваа година. :zloo:

Денеска дуел на два тим без среден ред. Дури на моменти (посебно во второ полувреме) беше и смешно да се гледа како топката се префрла од голман/штопери напред до напаѓачите и после истото движење само во спротивна насока.:D Но, тоа е нешто што и тоа како му одговара на овој Вардар од едноставна причина што нашето најсилно оружје се штоперите т.е. таму сме најцврсти, а од друга страна во напад сме опасни баш по такви ‘‘фрљока‘‘ топки и нормално прекини. Данциве апсолутно во ништо не се подобри од нас и оваа прилика мора да се искористи, сега или никогаш. Ако со Динамо и посебно со Апоел не можевме да се составиме со топка затоа што имавме за 2 класи посилни противници, сега имаме конечно противник по наша мерка, односно противник против кого можеме да играме фудбал. Мене уствари и највеќе ме радува тоа што конечно пробуваме да играме фудбал во согласност со квалитетот кој што го поседуваме и во таква ситуација и да испаднеме не ми е гајле. Реално до сега играчиве ги надминаа очекувањата и се што ќе направат плус понатаму ќе биде само уште едно во низата изненадувања, но кога веќе сме на добар пат да направиме чудо тогаш треба да продолжиме храбро, дрско, вардарски и цела Европа да чуе за нас.

Што се однесува до самата утакмица горе-доле во претходните постови е се кажано. Можеби можевме да создадеме уште 2-3 шанси ако Шиле наместо да шутира се решеше да подава, сигурно можевме до втор гол ако не промашеа чисти зицери Којашевиќ и Џони, а богами можевме и во последна секунда да го јадеме стапот по грешката на Гачевски и се што се градеше 95мин да отидеше низ вода. Се на се победа без примен гол на домашен терен е добра најава за реваншот на кој што се надевам дека пак ќе пробаме да играме напаѓачки фудбал па што биде нека биде. Џони и денес убедливо најдобар и најборбен поединец, иако горе-доле сите си ја завршија работата. Честитки и за Гоце кој што на европскиве утакмици си ја заврши работата многу подобро од очекуваното.
 
Ќе си земам право да те цитирам, пред се за пофалбите за Спировски, мислам дека еден од најлошите денеска кај нас (иако дечките одиграа одлично сите и заслуживме победа.)
Толку многу ситуации каде што требаше да префрли тежиште или да одигра брз пас...тој се што имаше на ум РОГНИ напред .. воопшто не ни крена глава да види дали има играч и тоа можеби 10 пати го стори во текот на мечот...многу загубени топки имавме поради неговите такви реакции.

Секој случај честитки, одиграа одлично сите и со нови надежи таму 0-0 може одма прифаќам :D:D

Како бе Спировски изиграл лошо? Не само што издомонира во поглед на контрола на играта (што му е примарна задача), туку и дефанзивно им ја расплака сестрата на тие од средниот ред на Копенхаген. Во тие 10 минути дур беше повреден Вардар делуваше изгубено, после кога се созема и Вардар се врати на ниво.

Уствари братот што повеќе го повредуваа, појако играше, глава, рака, да му ја повредеа и другата рака ќе им закачеше и гол :D

Многу добра тројка се со Боби и Фелипе. „Најфудбалскиот“ среден ред што го имал Варадр последниве сезони. И лани со Даре место Николов не беа лоши, но сега се сите тројца во многу подобра форма.

. Ако со Динамо и посебно со Апоел не можевме да се составиме со топка затоа што имавме за 2 класи посилни противници, сега имаме конечно противник по наша мерка, односно противник против кого можеме да играме фудбал. .

И лани на првиот меч со Динамо играа одлично со доста шанси, само што тогаш и противникот играше одлично. Овие денсека беа папсани комплетно од топлото. Мораше у прво да им закачат гол...
 
Последно уредено:
Мене лично ми се свиѓаше денес Николов како играше. Го испотепаа со фаули сите акции им ги кинеа со Спировски! Само напред!!!
 
Неам глас у курац , а плус не е лесно да се навива на вакво спарно време
Во глобала солидно беше навивањето , бројка според мене околу 1,000 души, во горните редови не ги бројам тие бидејки имаше луѓе што си дојдоа да си седат ..
Одлично одигра Вардар и заслужена победа , имавме повеќе шута они само две шанси при крај и толку ..
Сега мора да се даде гол во Данска и работата ке биде 70 посто полесна, како се погоди прво ракометов па сега и фудбалов не крена во делириум ..
Ова е Вардарова година , гордо е да си навивач на Вардар последниов период , едноставно животот ти покажува дека овие моменти те праат најсреќен на свет , ова не се купува ни со пари ни со ништо ..
Вардар е симбол , срце и душа на Македонија ..
 
Se e super, skijacive ni lezat, uste Rozenberg da padne pa eden trans VARDAR the VIKING killer da si izvadime :)... Dzabe jadenje govna deka ovie bile vakvi ili onakvi na kraj pak ispadna deka ako igrame so samodoverba i si ja terame nasata kolku i da e sugava igra mozeme sekogo da dobieme. Imame nezgoden tim so prednos vo revansot i te kako moze da gi resime so eden gol.

Site si bea na nivo osven Shile. Ako nekoj organski nemozam da go trpam ovie nekolku utakmici e bas on. Sebicen e, slab e vo defanziva i iako stvarno se trudi i vleguva vo sansi nekako se si mislam poveke steta pravi nego dobro. Bi bilo dobro da go spremat Kojasevic da moze cela da izigra i neka go opravat Dziguri se ke si bide taman.

Iako mislam deka nema da ima novi igraci ne ke e loso da se obidat da zemat veznjak i uste eden napagac za ponataka. Nekoj spomna iminja od Slovenija, nesto takvo bas bi ni doslo dobro em balkansko em ladna glava... :icon_mrgr:
 
Уште не можам да ја преболам шансата на Којашевиќ. Топката му тапкаше на 7 метри од голот и можеше буквално да ја забие во горна мрежа а типов му ја подаде на голманот. Штета што мечов не заврши барем 2-0 ама што е тука е, се оди со каква таква предност на реваншот во Данска. Овие Копенхаген, не знам дали беа утепани од спарното време, па дојдоа по 0-0 или толку им сече ама прикажаа фудбал на рангот на Ренова или Силекс. Ако стварно толку им сече, нема што да бараат ни на реваншот. Она што го изиграа се окарактеризирува како многу лошо дури и на рекреативен фудбал по балони и други отворени терени за таа намена. Буквално дно дна од нивна страна.
И за крај, големи честитки за Комити кои не застанаа 90 минути со песна и бодрење на Вардар.
 
Ова е златна и историска шанса за Вардар конечно да излезе на европската сцена... Досегашниве игри со Малме и оваа со Копенхаген покажаа дека играчиве знаат да играат со ладна глава и трпение. Мора да го прикажеме истиов начин на игра и во Данска, видовме дека оваа екипа на Копенхаген не е ништо подобра од таа на Малме, типичен скандинавски тим што играта му се базира на долги топки. Ќе има притисок и од тамошната публика, али наградата е преголема и не смеат да потпаднат под притисокот.

Ги читам данциве по социјалниве мрежи, зборат нешто као "ќе дојдете вие кај нас на 23 степени, ќе видете убаво" :LOL: Луѓето појма немаат дека во земјава климата е таква такашто една ден е 40 степени, другата ден е 25... Па не живееме во Африка да ги ебам :pos:

Препотентни богати скандинавски створења
:kuracc:
 
Уште на возвратната против Жилина се виде дека не се ништо посебно.
Само да не направат некоја глупава грешка или непотребна 50-50% пенал ситуација која што сигурно судијата ќе ја санкционира.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom