Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Уште 7500 карти...Значи за север и југ има продадено само околу 14000 карти,на запад околу 1000 и тоа ќе биде се.Ако до вечер се шитнат уште 1000 па утре уште 2-3000 ќе биде топ али тешко.Никаква еуфорија нема за натпреваров како со Турново да играме утре..
 
Абе џабе се објаснувате со картиве, ја не ни очекував да има голем интерес, па лани со Апоел се вративме со добар резултат, па тек тогаш луѓево се заинтересираа и пак немаше многу луѓе, во споредба со Бате на пример.. И сега не можам да ја кривам управата, имаше и попуст во фан-шопот, имаше фан-зони, во Сити мол, во парк, едноставно луѓево не сакаат да идат на стадион и тоа е тоа. Да пројдеме сега друг ќе биде муабетот, таков ни е менталитетот за жал
 
Нема да има еуфорија кога се идиоти, нема ни еден што не праша колку карти се продадоа а па малку нема да има публика.. Па не идете за публика на стадион идете за Вардар.. ете со мали исклучоци другите се депилирани "момчиња" што прават само шеми кај што има многу гужва и народ за да бидат видени.. Затоа реков децата од мали се учат да одат на стадион.
 
Не само Тетовчани , од сите други градови кога ке собереш ке дојдат најмалце 5,000 фанови ...
Според Спорт вика продадени 15,000 билети ..
Па ја мислам и во Прилеп да ја игравме утакмицава со Динамо пак ке имаше 15,000 бидејки и скалите ке беа пуни :icon_lol:
Скопјани повеќе сакаат на протести отколку на стадион :sleep:
 
Ќе има ли пренос на мтв или на некоја друга телевизија?
 
Како да има еуфорија кога ме донесоа ниту едно полуквалитетно засилувље? Утакмицава ја чекам без е од еуфорија.
Очекувам некоја намештаљка да има во Скопје. Блиски ни се управите, нема шанси динамо да изигра со полнаа сила и да не подува.
 
Не само Тетовчани , од сите други градови кога ке собереш ке дојдат најмалце 5,000 фанови ...
Според Спорт вика продадени 15,000 билети ..
Па ја мислам и во Прилеп да ја игравме утакмицава со Динамо пак ке имаше 15,000 бидејки и скалите ке беа пуни :icon_lol:
Скопјани повеќе сакаат на протести отколку на стадион :sleep:
Па за последново не баш. Повеќе има публика кога играте со Царев Двор него на протести него проблемот е друг. Скопјани станаа манекени и новиве генерации се растени пред компјутер а не на асфалт. Незнаат што е топка и да рендаш колена на цементирано игралиште а камоли да одат на стадион. Генерациите се сменија.
Овие се генерации што растеа со Барса, Реал, Јунајтед, Челзи и Сити им е испод чест да идат на утакмици на домашни екипи.
Едноставно не навиаат за домашни екипи.
Тоа ќе го доживеат сите клубови. Ние сме последни ,,будали'' што дремеме по стадиони на нашите екипи. Клубовите губат навивачи. Причината според мене е и неуспехот на меѓународна сцена во овие 25 години што на клупски што на репрезентативен план.
Едноставно народот е разочаран од т.н. фудбал во државава.
Друг одговор зошто немате мобилизација, полн стадион, генерации што е дупло запалени од тие претходните....нема. Имате најквалитетен состав и клубот е најстабилен од кога постои. Услови европски.....а пак тоа е тоа.
Имам кажано и пак ќе кажам.
Ние не си ги сакаме доволно нашите клубови. Незнаеме да си ги сакаме клубовите.
Тоа е тоа.
 
:pos:
Добро бе,шо е со вас? :D
Озбилно,не сфаќам,кој ебан успех го имаме напраено у последниве 20 години бе?
Кој сакате да ви дојде на стадион кога тој истиот кога и да бил,Вардар(или било кој МК клуб) кружел околу средината,си подавал до голманите и не направил ни 1 ебана 100% ШАНСА во цел натпревар.
Единствен што заслужи публика и максимална поддршка беше РАБОТНИЧКИ,лани против РУБИН и пак немаше ни приближно луѓе колку што доаѓаат да го гледаат Вардар.
Свесни сте за тоа?
Не зборете глупости,еве утре вечер или задутре ќе праиме муабет за тоа како изиграл Вардар,и се надевам дека не сум во право за мислењето што го имам за екипата.
Но...очигледно е дека само 2-3 играчи знаат да играат фудбал .
 
Леле чоек окапавте со муабетиве колку карти биле продадени и колку публика ќе имало. И уште па колку би имало во друг град (ова посебно по 154829255383929ти пат се дебатира).

Sent from my SM-N910F using Tapatalk
 
Вас 15.000 карти во претпродажба ви е лошо ? На тоа додади уште 1-3.000 и имаш солидно пополнет ГраЦки.
Ајде првата утакмица да се игра на гости и да се има активен резултат,али во вакви услови ова е тоа.
 
Не само Тетовчани , од сите други градови кога ке собереш ке дојдат најмалце 5,000 фанови ...
Според Спорт вика продадени 15,000 билети ..
Па ја мислам и во Прилеп да ја игравме утакмицава со Динамо пак ке имаше 15,000 бидејки и скалите ке беа пуни :icon_lol:
Скопјани повеќе сакаат на протести отколку на стадион :sleep:
Да да но зборот ми беше најмногу поддршка имате од Тетово.. Од Македонско Тетово :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom