Во среда ќе биде наредната пријателска, но наместо со Ријека ќе играме со екипата на
Jagiellonia од Полска. Пред 2-3 дена пољациве играле пријателска со Марибор и ја добиле 3:2, а имале водство од 3:0. Со оглед на тоа што се прволигаш мислам дека се одличен спаринг партнер за нашиве.
На местото на Ќеран доаѓа тој ерменецот за кој што е пишано на некоја од претходните страни и со тоа се пополнува максималниот број на странци во екипата, а воедно ова ќе биде и составот за европскиот дуел со Динамо Загреб. После утакмицава со Динамо можно е да има уште неколку засилувања, но претпоставувам дека тоа ќе зависи од тоа дали ќе има достапни наши играчи бидејќи бројот на странци во екипата е исполнет.
Што се однесува до Балотели молете се/надевајте се дека му е потребно време за да се прилагоди на екипата и слично, инаку во спротивно ќе си го бараме Фичо назад во тимов.