За да бараш од клубот и неговиот сопственик успеси е нормална работа од гледна точка на навивач, но не е нормално да преќутиш (не)испаѓање од прва лига и да се правиш како ништо да не било. Ако веќе мрчиме за повеќето работи, треба да мрчиме и за нас самите... навивачите. Вардар порасна, се воздигна, а навивачите (тука мислам на ултраси и обична публика) се повеќе и повеќе тонат и ги нема. И несакам да верувам во муабетите дека политиката е виновна за ова што се случува, затоа што треба да се ѕирне на 3-4 километри од Градски (во Чаир) или на 35км од Скопје во Тетово. Таму е апла политички, но сите уживаат во моментот дека клубот е на здрави нозе. Друга работа е и фактот што сите знаевме кој е и што е СС и која партија стои позади него, но никој не се побуни, туку со ширум отворена врата го пречекавме, а сега се правдаме дека политиката, полицијата и самиот СС се криви за ситуацијата "празни трибини". Клубот повика на полни трибини во последното коло кога се доделуваше пехарот, а доби шамар од скопската публика. Кој е крив за ова??? Ваљда не е Вардар... зошто тој е вечен и вековит и за него вреди да се дојде.
Се додека меѓу скопската публика има такви што викаат дека нема место за "провинцијалци" на трибините, се додека ги вреѓаат и понижуваат, тие исти трибини ќе бидат празни само ради тоа што Скопје веќе одамна е Македонија, а Македонија е Вардар... бренд македонски, а не скопски. Кога може цела Србија да навива за ЦЗ и Парт, мислам дека може и цела МКД да навива за Вардар... но за тоа треба да им се пружи рака и да им се даде поддршка за да осетат дека некој ги цени и ги смета за рамноправни. Замислете секоја недела да дојдат 500 луѓе од Велес, 500 од Штип, 1000 од Тетово и Куманово, по 100 од Кочани, Пробиштип, Св.Николе, Кратово итн... Да има 3000 публика од други градови и 5000 од Скопје е добар бројка за една основа за полн стадион. Кога ќе има полн стадион, ќе има и добар фудбал, клубот повеќе ќе го слуша мислењето на навивачите од причина што притисокот кон нив ќе биде поголем... не е исто да игнорираш 500 и 20-30.000. Ова е главната причина што сегашната управа споро и помалку хаотично ги доведува работите во ред.
Вардар е семејство и сите сме дел од него, не треба да го игнорираме и оставиме сам. Порано беше во мода да си присутен на Градски, а денес си етикетиран со будала и безделничар кој нема попаметна работа.
За крај - сите треба да работиме за враќањето на Вардар и публиката, секој на своето место, Вардар на врвот-публиката на трибина.