Доста искусно одиграна утакмица беше денешнава. Реално ваква Ренова не може да биде никакво мерило за тоа до каде е Вардар, но добро е да се види дека тимот делува доста стабилно и горе-доле знае во која насока треба да оди за да ја одбрани титулата. Бевме подобра екипа во првите 20 минути и создадовме една убава шанса за Јашко кој што е во мизерна форма па така и успеа од 5-6 метри да шутира право во Ефремов иако таа ситуација мораше да биде претворена во гол. За среќа брзо после тоа Ќеран покажа зошто е донесен. Центаршут на Спировски од слободен удар, скок на Ќеран на втора статива и водство од 1:0 за Вардар. Има осет за да се постави србинов и да заврши акција, а во споредба со Фичо има и одлична техника. За вториот гол голема заслуга има Којашевиќ за кој што немам сеуште изградено мислење бидејќи мислам дека ќе му треба време за да се воигра со екипата. Се гледа дека го разбира фудбалот, има солиден дриблинг, има респектабилна брзина за нашево првенство и добра техника, но ќе треба да се воигра со Ќеран, Фелипе и компанија за да видиме што играч донеле. Второто полувреме реално го отвориме многу лошо...едно 20 минути апла пичкарски им игравме со 11 души во наш шеснаесетник. Среќа што Челзи е екипа која што не знае ништо повеќе од кружење околу 16ник инаку посериозна екипа може со таков пристат да ни збрца гол па да има после бркотници по терен. Од целата таа ситуација во која што они играа со топка, а ние ги гледавме дојде третиот гол. Топка за Шиле по страна, овој одлично во негов стил со надворешна

до Ќеран кој што како класична 9ка знае како се завршуваат такви ситуации. И кога се чинеше дека полека и двете екипи се задоволуваат со тие 3:0 за Вардар, топка во фор за Шиле кој што во стил на Меси го пројде Ефремов и шутираше во контра страна на играчот кој што се обиде да спасува од линија.

На крај убав гол здрви и шошонот од КФ Челзи од слободен удар кој што дојде по еден апла непотребен фаул на Фелипе. Тука сметам дека и Пачата има вина бидејќи како што видов топката не отиде над жив ѕид, туку го заобиколи ѕидот и влезе покрај десната статива на Пачата.
Се на се добро делуваше денешниов Вардар, но реално треба да признаеме дека бековите денес беа жива мизерија...посебно Даре. Се гледа дека нема од дамна играно фудбал па од таму и мал милион грешки имаше, а Хоф денес доста слаб во одбрана и скоро невидлив во офанзива. Исто така очигледно е дека во оваа 4-2-3-1 формација фали еден асален ‘‘плеј‘‘ на местото од Глигоров/Спировски. Сигурно преку 90% од топките овие двајца ги враќаат на штоперите и не се ни обидуваат да изнесат напред, а тоа што ќе пробаат да го префрлат на противничката половина обично завршува во нозете на противничките играчи. Исти беа и во првиот дел без разлика на тоа дали играа овие двајца или Николов со еден од нив, исти беа на припремите и исти се сега. Летоска ако не се донесе квалитетно засилување на таа позиција во Европа топка нема да може да изнесеме од наша половина.
Публиката денес во доста солиден број. Искрено не очекував повеќе од 200-250 души да има на стадион заради убавото време, но изненадува скопската публика

иако 100 пати повеќе луѓе имаше во парк. Вреди посебно да се истакне и присуството на СЛОНОТ од емисијата на Вучиќ на Запад.
