Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување

https://www.facebook.com/profile.php?id=100004117808780
Екипата на Вардар на крајот од шеесеттите години
Стојат: Атанас Мечкаров, Драган Мутибариќ, Лазар Плачков, Диме Георгиев, Кирил Пеев и Јован Дробац.
Клечат: Мирко Илиевски, Симон Велковски, Петар Шулинчевски, Лазар Мојсов и Мето Спасовски.
 
Со ебана Ренова се собиравме 1000+ на запад а во недела нема ни 100 да бидеме.Убедливо најдобра сезона во последниве 15 години:)
 
Милион постови се испишаа за српска лига, дали нашава е појака или послаба, кој сме требало да го земеме кој да избркаме,сите експерти се прават ко да работат скаути у Ајакс, а утре почнува нова полусезона значи прв официјален натпревар оваа година и штама никој ништо.....Се експерти за јадење бурек онлајн а утре на стадион 50 луѓе.[DOUBLEPOST=1456010645][/DOUBLEPOST]иначе од 14:00 се игра....на Градски или по ново на Филип II....а по најново на телеком арена
 
И коментатор стаиле од ФФМ :D[DOUBLEPOST=1456060865][/DOUBLEPOST]Колку е слаб Асани :facepalm:. Што бара овој уште кај нас стварно не знам.
Шошоните уште од прва минута почнаа да лежат :tapp:[DOUBLEPOST=1456061122][/DOUBLEPOST]Прв добар центаршут сезонава и гол даваме. Нека му е со среќа првенецот на Ќеран, да му се множат :D
 
Последно уредено:
Фали уште само еден во средина подобро да не организира.... Горе доле ОК тим имаме
 
Доста искусно одиграна утакмица беше денешнава. Реално ваква Ренова не може да биде никакво мерило за тоа до каде е Вардар, но добро е да се види дека тимот делува доста стабилно и горе-доле знае во која насока треба да оди за да ја одбрани титулата. Бевме подобра екипа во првите 20 минути и создадовме една убава шанса за Јашко кој што е во мизерна форма па така и успеа од 5-6 метри да шутира право во Ефремов иако таа ситуација мораше да биде претворена во гол. За среќа брзо после тоа Ќеран покажа зошто е донесен. Центаршут на Спировски од слободен удар, скок на Ќеран на втора статива и водство од 1:0 за Вардар. Има осет за да се постави србинов и да заврши акција, а во споредба со Фичо има и одлична техника. За вториот гол голема заслуга има Којашевиќ за кој што немам сеуште изградено мислење бидејќи мислам дека ќе му треба време за да се воигра со екипата. Се гледа дека го разбира фудбалот, има солиден дриблинг, има респектабилна брзина за нашево првенство и добра техника, но ќе треба да се воигра со Ќеран, Фелипе и компанија за да видиме што играч донеле. Второто полувреме реално го отвориме многу лошо...едно 20 минути апла пичкарски им игравме со 11 души во наш шеснаесетник. Среќа што Челзи е екипа која што не знае ништо повеќе од кружење околу 16ник инаку посериозна екипа може со таков пристат да ни збрца гол па да има после бркотници по терен. Од целата таа ситуација во која што они играа со топка, а ние ги гледавме дојде третиот гол. Топка за Шиле по страна, овој одлично во негов стил со надворешна :D до Ќеран кој што како класична 9ка знае како се завршуваат такви ситуации. И кога се чинеше дека полека и двете екипи се задоволуваат со тие 3:0 за Вардар, топка во фор за Шиле кој што во стил на Меси го пројде Ефремов и шутираше во контра страна на играчот кој што се обиде да спасува од линија.:cool: На крај убав гол здрви и шошонот од КФ Челзи од слободен удар кој што дојде по еден апла непотребен фаул на Фелипе. Тука сметам дека и Пачата има вина бидејќи како што видов топката не отиде над жив ѕид, туку го заобиколи ѕидот и влезе покрај десната статива на Пачата.

Се на се добро делуваше денешниов Вардар, но реално треба да признаеме дека бековите денес беа жива мизерија...посебно Даре. Се гледа дека нема од дамна играно фудбал па од таму и мал милион грешки имаше, а Хоф денес доста слаб во одбрана и скоро невидлив во офанзива. Исто така очигледно е дека во оваа 4-2-3-1 формација фали еден асален ‘‘плеј‘‘ на местото од Глигоров/Спировски. Сигурно преку 90% од топките овие двајца ги враќаат на штоперите и не се ни обидуваат да изнесат напред, а тоа што ќе пробаат да го префрлат на противничката половина обично завршува во нозете на противничките играчи. Исти беа и во првиот дел без разлика на тоа дали играа овие двајца или Николов со еден од нив, исти беа на припремите и исти се сега. Летоска ако не се донесе квалитетно засилување на таа позиција во Европа топка нема да може да изнесеме од наша половина.

Публиката денес во доста солиден број. Искрено не очекував повеќе од 200-250 души да има на стадион заради убавото време, но изненадува скопската публика :D иако 100 пати повеќе луѓе имаше во парк. Вреди посебно да се истакне и присуството на СЛОНОТ од емисијата на Вучиќ на Запад. :vozbud:
 
Ќеран далеку подобар од Фичо, знае да задржи топка, да изигра дупли-пас, технички многу подобар, едино можда малце спор што е, мада за Фичо е Усеин Болт :D Шиле уште еднаш покажа дека за нашава лига е Роналдо.. Само многу грешки имавме денес, не смее додавање од 5 метри да се промашува, очајно фали везњак..
 
Првпат заприметив колку Асани е уствари глуп :icon_mrgr:. Рие ли та рие по лева, да се набута до гол линија, а понатаму, што ќе даде бог. :D
 
Како и секогаш против Ренова играме најубав фудбал дома па така и денес,покрај тоа се изненадив и од посетеноста на стадион што за наши услови беше супер.Само вака да продолжиме :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom