spomeni
Перо Спасов - насловна слика во весникот Нова Македонија објавена на 13 јули 1953, под наслов „десното крило на Вардар- Димчевски (Перо Спасов) со голот во 5-та минута ја отвори серијата голови од натпреварот Вардар-Брегалница 8-0[DOUBLEPOST=1451917839][/DOUBLEPOST]

Васил Дилев - Дитљак (Скопје, 1913 - Скопје, 17 октомври 2011) бил легендарен македонски фудбалски голман, а подоцна и тренер. Дилев е роден во Скопје во 1913 година и бил еден од пионерите на македонскиот фудбал и како голман го чувал голот на СК Македонија и ФК Вардар. По завршувањето на фудбалската кариера бил првиот тренер во Македонија со положен тренерски испит.
Кариерата ја почнал со неполни 17 години во Победа од Скопје, но набрзо се нашол на голот на Славија, со која во далечната 1934 година учествувал во квалификациите во Белград за влегување во тогашната Прва југословенска лига против БСК и белградска Југославија. Играл против најголемите фудбалски ѕвезди во тоа време Моша Марјановиќ, Александар Тирнаниќ, Арсениевиќ, кои таа година играле и на Светското првенство во Монтевидео во Уругвај, кога Југославија го освои четвртото место.
Васил Дилев бил последниот жив фудбалер на СК Македонија, фудбалскиот клуб кој во 1941 година со одлука на бугарските власти станува дел од првенството на Бугарија. Тимот бил предводен од тренерот Илеш Шпиц и водел борба за титулата со познатиот тим Левски. Починал во Скопје на 97 годишна возраст на 17 октомври 2011 година.[DOUBLEPOST=1451918037][/DOUBLEPOST]
Кирил Симоновски - Џина (Скопје, 19 октомври 1915 – Белград, 1 јуни 1984) бил македонски фудбалер и тренер.
Џина е роден во Скопје на 19 октомври 1915 година. После завршувањето на основното училиште станал член на ФК „Југ“, па на ФК „Победа“ и ФК „Граѓански“ во Скопје. Во времето на окупацијата (1941–1944) играл за СК „Македонија“ од Скопје, кој се натпреварувал во Елитната дивизија на Бугарија. Бил бугарски репрезентативец. Тој бил и учесник во НОБ од 1944. По Ослободувањето играл за репрезентацијата на ЈНА и десетпати за репрезентацијата на Југославија. За ФК „Вардар“ од Скопје одиграл 75 натпревари и дал 25 голови. Фудбалската кариера ја завршил во ФК „Партизан“ во Белград, а потоа се посветил на тренерската работа.
Тој се смета за првиот македонски спортист што веднаш по Втората светска војна, поточно во август 1945 година, заминал во Белград, прекомандуван од скопската воена област во белградската. Прекомандата била услов Џина да биде член во тоа време на еден од најдобрите фудбалски клубови во Југославија, Партизан, односно тој е првиот македонски фудбалер што настапил за Партизан. Во овој клуб Џина останал околу четири и пол години и настапил на 171 пријателски, првенствени и меѓународни натпревари. Настапот на Партизан не можел да се замисли без Кирил Симоновски – Џина. Со својот клуб тој играл во СССР, Полска, Чехословачка, Франција, Романија, Унгарија, Бугарија, Албанија, Грција, Германија, Швајцарија, Алжир, Израел и др.
Тој е првиот македонски спортист што успеал да ја носи капитенската лента на една југословенска репрезентација, прв македонски спортист носител на златен медал на официјално меѓународно натпреварување од Балканското фудбалско првенство.
----------
преаземено од Тале Гоговчев[DOUBLEPOST=1451918116][/DOUBLEPOST]
Скопје / Skopje додаде 4 нови фотографии на албумот:
Кирил