Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Нема ли некоја шпекулација за засилување и за заминување на отпадокот? :)
 
http://fkvardar.mk/vesti/poznat-rasporedot-na-kontrolnite-natprevari-vo-antalija

26 јануари: Вардар – ВАЦ Волфсбергер (Австрија)

28 јануари: Вардар – Вил 1900 (Швајцарија)

05 февруари: Вардар – Слован Либерец (Чешка)

08 февруари: Вардар – Металист Харкив (Украина)

12 февруари: Вардар – Черноморец Одеса (Украина)

http://sport.com.mk/?ItemID=780CE53BB549474292B0488936FF4A38

Само да не испадне со напаѓачиве, да се свртат 10 имиња, и на крај да завршиме со Алтипармаковски .. :) Овој што го најавуваат мак.спорт не ми изгледа лошо, изгледа ништо од тој русинот од ЦСКА
 
CA2F3DD491730D4EBF1428F78A531ED5.jpg

„Денеска тренерот на Динамо Загреб, г-динот Зоран Мамиќ, на иницијатива на хрватскиот клуб, допатува како наш гостин во Скопје. На средбата разговаравме за можностите за почнување на една сеопфатна меѓусебна соработка во сите сфери, почнувајќи од играчкиот погон, стручниот шаб, раководните структури, како и младинските школи. Тоа ќе ни овозможи административниот и стручниот кадар, пред сѐ тренерите од нашите младински школи, да присуствуваат на разни професионални обуки во Загреб и да учат од искуствата на хрватскиот првак. На крајот од денешната посета, се договоривме во текот на месец март делегација од нашиот клуб да отпатува во главниот град на Република Хрватска, каде што би ги прецизирале конкретните детали врз основа на кои ќе го градиме нашето пријателство во иднина“ потенцираше директорот на ФК Вардар, г-дин Самоил Симев.

http://fkvardar.mk/vesti/zajaknuva-sorabotkata-pomegju-vardar-i-dinamo-zagreb
 
Боље да тргнат по тој Огњен ем помлад е, ем добра кариера има.. Ѕвезда, Фурт, Арау...
Иначе ваков тип на играчи ич не ми се свиѓаат. Немаат ли толку некој скаути ова она некое бразилче да земат или црнчуга што играат таму без пари тука ќе ораат за 6-7 иљади евра.
Ако сигурно земат напаѓач ќе им треба уште едем средњак б2б и евентуално лево крило и тоа е тоа. И да, да се продадат едно 7-8 играчи.
 
Тој се поврзуваше со нас уште пред неколку години, кога беше еден од подобрите младинци на Ѕвезда, ама во моментов не знам во каква форма е...
Ромеро беше профил на играч каков што ни требаше, ама сељачиште тешко беше, неизживеано, темпераментно, со тоа однесување повеќе штета правеше отколку корист, па оправдано го набркавме.
 
Не ми личат на сериозни засилувања ни двајцата Срби, уствари не ми ни личат дека се подобри од Ивановски не па за нешто повеќе, големи удолници во кариерата имаат фатено и двајцата. Трагично е што не успеавме да искористиме ништо од распадот на Литекс, бог знае како успеале летоска да го донесат Фелипе.
 
За жал мислам дека состојбата во Литекс не е воопшто идентична со таа на ЦСКА од летоска. Еве баш читам го шитнале тој Колумбиецот Асприља на Арапите за 2 милиони, а покрај него и капитенот во Турција за помалку од милион евра. Исто така им е во план да ги продадат и останатите поквалитетни имиња во тимот доколку и дефинитивно бидат исфрлени од Првата лига. Така што Вардар мислам дека тука нема никакви шанси да прибере некого.
Нашиве треба да се насочат на португалскиот пазар. Ем има пристапни играчи за нашиот буџет, ем квалитетни. Бугарија и Румунија се преплавени со играчи од Португалија, а во последно време гледам и Хрватска, и Србија. Играчи се наоѓаат само на некого треба да му се отворат видиците...
 
Знам, баш кога го разгледував составот на Литекс и кои играчи би можеле да ги донесеме видов дека имаат и двајца Португалци во среден ред со искуство од прва португалска лига и помислив на истото што си го пишал. Друг пример е и оној Вандер Виеира кој ние не успеавме да го донесеме и потоа беше најдобар играч на Апоел против нас летоска, а играл у еден просечен Ботев. Светлосни години се пред нас во функционирањето, ете и со трансфериве, мислам дека е поверојатно дека ќе играме во групи во Европа него ли дека некогаш ќе имаме луѓе во управа што ќе бидат способни да продадат два играчи за три милиона евра.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom