Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Честито победаНа нова титула пак ми мириса...
Да им украдеме малце слоганот на фановите на Работнички
Само господ знае како победивме денес
Во најважен меч да стартуваш со Спировски
Телето не знае каде тера, овој ако е иднината на Македонскиот фудбал, играч кој бил главниот креативец во средината на репрезентацијата, јас сум Балтазар...
Триото во средина треба да биде Дашијан-Глигоров-Ибро не знам што е толку тешко да се сфати кои ни се најдобри...
Не утепаа Работнички, ама кога не сака не сака
Какви само акции ни правеа, колку се физички помоќни од нашиве, сите дуели ни ги добија. Нас ни се погоди да играме на контри, им дадовме да се отворат и ги казнивме.
Конечно ми исполнија желба Шиле да биде напаѓач, Асани крило, а лево играше Влатче.
Работнички на 0-0 имаа две шанси сами со голман. Прво Анене како брз воз ги помина нашите дефанзивци и од чиста ситуација биеше крај голот. Потоа направија добра акција, Илијоски ја смири на гради, излезе пред Пачовски и биеше катастрофално лошо.
И кога они не знаат да дадат гол, стигна казната.
Каков гол даде Влатче хахаха
Влезе од страна, во пад помина двајца, мислам дека едниот беше Цикарски, другиот Мичка и ја спроведе топката во мрежата.
Урнебес на трибинитеОдлично навивање имаше во прво полувреме кај нас, мала бројка ама навивање од срце, делириуми
Се јави и северна, се скандираше од двете трибини...
Работнички запна да израмни и како само не дупеа, не знаевме топката каде е.
Ни самите не знаат како не ни дадоа гол, буквално секој дуел ни го добиваа во одбрана, едвај блокиравме во последни моменти.
И нормално, казната стигна по втор пат. Дашјан нафрли, Божиновски катастрофално одби, Асани додаде до Шиле кој мајсторски од свртување биеше за 2-0.
Тука дојде и до мал инцидент на трибините кога имаше вербален дуел со Кумани кои одеа во Градски парк и малце се растури бројката на наша трибина за второ полувреме. Се раштракаа луѓе по целата трибина...
Второ полувреме се затворивме и само Шиле беше во нивна половина. Бојовиќ кој неколку пати го погодија со топка во глава и го нокаутираа, излезе поради повреда, па Попов играше како централен, а Љамче отиде на бековска позиција. Анене уште еднаш го претрча Попов, (а и Хамбарџумијан одигра лошо денес) и излезе по втор пат сам со Пачовски, но одново утна
Ја умртвивме играта во вториот дел и се заканивме само преку Блажевски кој биеше над голот и со еден волеј на Дашијан кој исто заврши до стативата.
На крај скандирање оди си Андреев оооооо
Цикарски имаше една незгодна повреда без дуел, кога се сецна откако убаво го покрија и немаше каде да додаде. Судијата досуди фаул, а ЦИкарски беше изваден со болничко возило.
Судијата ептен го тупеше, за секој допир фаули судеше, преку тасета
И еден куп жолти подели...
Одлично дерби, Романтичарите имаат за што да жалат, а ние со +6 и никаква игра влегуваме во завршната фаза од првенството.
Хеорите на другата страна не навиваа, а беа помалце од Легија 5
На стадион посета од 3000 гледачи од слободна проценка![]()
Во Македонија се станува шампион, ама кога ќе отидеш подалеку од Табановце ќе те отворат како Аргета паштета. И ради тоа никој не се радува на оваа титула освоена на мускули зашто сите се свесни каков дебакл не очекува летоска...Честито победа
Хероите беа 5 души.зашто поважна им била утакмицата на Работнички со Куманово.
Реално тешка брука
Инаку можеби подруго ќе беше да дадевме гол од неколкуте шанси,но тоа е
Вие мислам освен головите и не ни имавте некоја посериозна шанса,но така се станува шампион и со слаба игра да победиш.
Честито победа
Хероите беа 5 души.зашто поважна им била утакмицата на Работнички со Куманово.
Реално тешка брука
Инаку можеби подруго ќе беше да дадевме гол од неколкуте шанси,но тоа е
Вие мислам освен головите и не ни имавте некоја посериозна шанса,но така се станува шампион и со слаба игра да победиш.