Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Што кур беше со живиов ѕид? полоша рекација никад неам видено...
 
Ова не е можно, Крстев по кој знае кој пат му дава гол на Вардар, и тоа по кој знае кој пат од слободен удар. Ебати човекот ебати:eek:
 
Добро е што отворивме со брзи два гола, но после тоа многу се опуштиа нашиве. На полувреме треба некој да ги потсети дека фудбал се игра 90 минути.
За голот неам што да коментирам. Живиот ѕид се рашири како шупак. :facepalm:
Во второ може и мора подобро. Напред Вардар!
 
Znaci ako produzi so vakvo tempo ke ni izednacat i posle davanje kurac gol... Za golov na stariov toa e klasika, i se vakvi golovi primame ama ic neame sreka ili neznam so da recam tapa!
 
Конечно да ги добиеме во гости. После двата кикса во многу добар момент ни доаѓа оваа победа
 
ако не примиме ваков гол од Металург исто како да не сме играле со нив :P ... Фала богу ги тепавме веќе на домашен (иако помило ќе ми беше на железарница да ги тепаме)... Многу многу не пратев што се дешава на теренот зошто сонце ме утепа :) , али како што приметив каде каде подобро игравме од прошлата утакмица со Турново.
 
И сега може од срце да испееме :D

МЕТАЛУРГ ЕБИСЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ НИКАД ВИЕ НЕМА ДА ПОБЕДИТЕЕЕЕ, САМО НАПРЕД ВАРДАРЕЕЕЕ ЕБИ ГИ СЕЉАЦИТЕЕЕЕЕЕЕ :vozbud::icon_mrgr:

Толчење на противникот денеска :D
Со мал пад на играта кон крајот на првиот дел и очајниот слободен удар по кој примивме гол, друго се беше перфектно.
Можат да бидат среќни што не примија едно 7-8 комада.
Ах како не им брцнавме барем петарда, да ја памтат цел живот :LOL:
Време беше да паднат и они, прва победа на гости над Металург во историјата на мак првенството :icon_mrgr:

Асани си е Асани, дрво-не дрво, магнет е за голови :icon_mrgr:
Тоа што зборам цело време е дека треба да го пробаме како партнер во нападот на Фичо.
Фичо одново од сто шанси искористи една, си го држи просекот :icon_mrgr:
Ефремов беше дрво дрвосано на голот на Металург денеска. Слабо реагираше за првите два гола.
Како само го отворивме мечот, брзи и енергични напади, немаа каде да бегаат :icon_mrgr:
Одлична акција имаше за првиот гол, мислам дека Глишиќ ја центрираше топката по земја, таму Фичо утна, па имаше мешаница откако топката остана пред голот на противникот, а Асани беше најснаодлив и не доведе во водство.
Веќе следната акција, корнер на Дашјан, а Грне го постигна голот првенец за Вардар.
Тука малце паднавме во форма и им оставивме малце на нив да поиграат. Петров беше не видлив денес, а и Асани не беше којзнае што на крило во првиот дел.
Примивме ептен пацерски гол.
Тоа старото Крстев не пропушта на секој домашен меч да ни даде гол. Како лагано си погоди, мислиш празен гол гаѓа од пеналтик...
Многу лоша реакција на живиот ѕид имаше во овој случај.
Во второ полувреме имаа шанса за 2-2, но ударот заврши крај голот.
Од тогаш до крај тотална доминација во која дадовме два гола, а можевме да дадеме уште минимум толку.
Гроздановски денес ги заслужи сите пофалби.
Ја препороди играта откако влезе место Дашијан. Се мислам дека добро би се вклопил како лево крило во екипата... За третиот гол изиграа убава акција со Глишиќ, овој нафрли, па Фичо утна шанса, па на одбиена топка Асани промаши, за на крај Гроздановски да погоди за 1-3.
Четвртот гол одново убава акција по лево, Љамчевски доби топка, ја продолжи на другата страна каде што беше Фичо кој биеше покрај лошо поставениот Ефремов за 1-4.
Љамчевски имаше две шанси кои мораше да ги погоди. Еднаш украде топка и изби пред гол, ама многу чекаше и го блокираа во последен момент. Потоа имаше уште една 100% шанса, кога од добра ситуација биеше крај голот.
Глигоров ќе го постигнеше голот на мечот, му легна одлично една топка, ама Ефремов со парада го спаси голот.
Сигурно имавме уште некоја добра шанса, ама не можам да се сетам. Во глобала Влатче ги правеше попара, си ги дриблаше како сака, а богами и Асани неколку пати убаво ги измести, ама на крај беше себичен. Љамчевски исто имаше еден шут на одбиена топка каде што ќе ја заковаше во гол, да не го блокираа со грб во последен момент. Им ја скривме топката во второ полувреме, толку беа фрустрирани што милион фаули направија, а по еден од таквите си добија и црвен картон.
Асани имаше близок дуел со напаѓачот на Металург, за малце не настана посериозен инцидент.

Сега после оваа голема победа имаме 2 недели пауза кои одлично ќе ни дојдат. Ќе видиме како ќе се испазари до крајот на трансфер периодот, ама и без тоа мислам дека сме главни фаворити за титула.

Во Ѓорче солидна посетеност, додека бројот на навивачи сличен на оној од претходните мечеви. Се надевам тие што не доаѓаат на фудбал, нема после да молат за карти за на ракомет ;)
Барем навивањето ни е одлично засега :icon_mrgr:
 
Можат само да жалат за двете нерешени, наместо да влеземе со 6 од 6, ние кикснуваме со два релативно лесни противници кои требаше да бидат чисти победи.
 
Победа на гости од 4:1 против екипа која што ќе се бори за излез во Европа е нешто фантастично,но од играта севкупно гледано јас не сум баш задоволен.Натпреваров го отворивме идеално за македонско првенство со 2 гола во првите 10-15 минути.Уште од самиот старт притиснаа играчите максимално и тука се изгубија Минчовци.Асани конечно погоди од првата ситуација која што настана по една мешаница пред голот на Ефремов,а потоа по одличниот центаршут од корнер на Дашијан со глава прецизно покрај стативата биеше Грнчаров.Се до овој момент играта на Вардар беше за чиста 10ка,а после ова како со нож некој да им ги пресече нозете на играчите на Вардар.Дозволија Металург да ги пикне во шише и цели 30 минути не можевме да ја извадиме топката од нашата половина.Во тие моменти како задњи аматери изгледаа фудбалерите на Вардар.По еден безвеза направен фаул Крстев во негов стил од слободен намали на 2:1...уште кога го свирнаа фаулот пола трибина знаеше дека Металург ќе го намали водството.Второто полувреме почна доста добро,а по влегувањето во игра на Гроздановски се доби и една неверојатна свежина во средниот ред.Денес изигра како Меси во најдобри денови и ја врза играта помеѓу одбраната и нападот на фантастичен начин.Откако се посра по 100ти пат сезонава Ивановски во мешаницата Влатче излезе како најснаодлив и со голот за 3:1 многу работи веќе станаа појасни.Наредната шанса успеа некако да ја претвори во гол откако успеа на Ефремов кој денес беше труп трупосан да му ја протне топката под нозе.

Одбраната денес одигра за едно ниво подобро од она што го играше на претходните натпревари и со тоа Павловиќ остана без работа.

Просечна партија за Деспот и Глигоров од играчите од средниот ред,невидлив Петров и одличен Асани кој беше еден од најдобрите играчи на теренот денес...со малку повеќе среќа ќе постигнеше и уште најмалку 1 гол.Гроздановски од клупа влезе и внесе неверојатна свежина (еден од најдобрите,а можеби и најдобар играч на натпреварот) плус постигна и гол,а Љамчевски сеуште ми е некако недокажан иако денес изигра доста солидно и влезе во 2 убави шанси за гол.

Нападот со ‘‘брзоногиот‘‘ Филип Ивановски е катастрофа...мора да се донесе асален шпиц играч.Фичо кај не може да трча па и изгубил осет за пас,градење на топка,добро позиционирање....сега за сега со еден збор е катастрофа.Не го вадат тие 3 гола што ги има постигнато затоа што се постигнати од 300 шанси кои другите му ги направија.

Добро играат сега за сега,но треба уште многу да се работи за да се достигне максимумот.
 
Искрено незнам што кур ќе ни е Попов. Па уште на позајмица... Јадете гомна колку сакате за Глишич али дечкото е убедливо физички и кондициски најспремен наш играч у моментов. Ги одигра сите утакмици до сега у исто темпо. Шминкер е можда али сосем солидно игра. Ете пример Хофнес го испофаливме првите 4 кола, али од тогаш наваму малце е паднат. Со турново 1 центаршут не погоди ко што треба.
Со парите што ќе му ги даваат на Попов може да најдат некој класа напаѓач...

Иначе денеска одлична утакмица, ги растуривме Минчовци, гзот не знаеа каде им е. Мора и ја да го пофалам Влатче, откако влезе у игра паметот им го испи. Само така нека продолжи.
Се надевам паузава нема да го наруши ритамот на момциве.

п.с Кој и е факер на Кликовац од нашиве?
 
Последно уредено:
Попов да биде и половина од она што беше кога потпиша за Динамо Киев ќе му биде од огромна помош на Вардар, како дома, така и во Европа.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom