И сега може од срце да испееме
МЕТАЛУРГ ЕБИСЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ НИКАД ВИЕ НЕМА ДА ПОБЕДИТЕЕЕЕ, САМО НАПРЕД ВАРДАРЕЕЕЕ ЕБИ ГИ СЕЉАЦИТЕЕЕЕЕЕЕ

Толчење на противникот денеска

Со мал пад на играта кон крајот на првиот дел и очајниот слободен удар по кој примивме гол, друго се беше перфектно.
Можат да бидат среќни што не примија едно 7-8 комада.
Ах како не им брцнавме барем петарда, да ја памтат цел живот

Време беше да паднат и они, прва победа на гости над Металург во историјата на мак првенството
Асани си е Асани, дрво-не дрво, магнет е за голови

Тоа што зборам цело време е дека треба да го пробаме како партнер во нападот на Фичо.
Фичо одново од сто шанси искористи една, си го држи просекот

Ефремов беше дрво дрвосано на голот на Металург денеска. Слабо реагираше за првите два гола.
Како само го отворивме мечот, брзи и енергични напади, немаа каде да бегаат

Одлична акција имаше за првиот гол, мислам дека Глишиќ ја центрираше топката по земја, таму Фичо утна, па имаше мешаница откако топката остана пред голот на противникот, а Асани беше најснаодлив и не доведе во водство.
Веќе следната акција, корнер на Дашјан, а Грне го постигна голот првенец за Вардар.
Тука малце паднавме во форма и им оставивме малце на нив да поиграат. Петров беше не видлив денес, а и Асани не беше којзнае што на крило во првиот дел.
Примивме ептен пацерски гол.
Тоа старото Крстев не пропушта на секој домашен меч да ни даде гол. Како лагано си погоди, мислиш празен гол гаѓа од пеналтик...
Многу лоша реакција на живиот ѕид имаше во овој случај.
Во второ полувреме имаа шанса за 2-2, но ударот заврши крај голот.
Од тогаш до крај тотална доминација во која дадовме два гола, а можевме да дадеме уште минимум толку.
Гроздановски денес ги заслужи сите пофалби.
Ја препороди играта откако влезе место Дашијан. Се мислам дека добро би се вклопил како лево крило во екипата... За третиот гол изиграа убава акција со Глишиќ, овој нафрли, па Фичо утна шанса, па на одбиена топка Асани промаши, за на крај Гроздановски да погоди за 1-3.
Четвртот гол одново убава акција по лево, Љамчевски доби топка, ја продолжи на другата страна каде што беше Фичо кој биеше покрај лошо поставениот Ефремов за 1-4.
Љамчевски имаше две шанси кои мораше да ги погоди. Еднаш украде топка и изби пред гол, ама многу чекаше и го блокираа во последен момент. Потоа имаше уште една 100% шанса, кога од добра ситуација биеше крај голот.
Глигоров ќе го постигнеше голот на мечот, му легна одлично една топка, ама Ефремов со парада го спаси голот.
Сигурно имавме уште некоја добра шанса, ама не можам да се сетам. Во глобала Влатче ги правеше попара, си ги дриблаше како сака, а богами и Асани неколку пати убаво ги измести, ама на крај беше себичен. Љамчевски исто имаше еден шут на одбиена топка каде што ќе ја заковаше во гол, да не го блокираа со грб во последен момент. Им ја скривме топката во второ полувреме, толку беа фрустрирани што милион фаули направија, а по еден од таквите си добија и црвен картон.
Асани имаше близок дуел со напаѓачот на Металург, за малце не настана посериозен инцидент.
Сега после оваа голема победа имаме 2 недели пауза кои одлично ќе ни дојдат. Ќе видиме како ќе се испазари до крајот на трансфер периодот, ама и без тоа мислам дека сме главни фаворити за титула.
Во Ѓорче солидна посетеност, додека бројот на навивачи сличен на оној од претходните мечеви. Се надевам тие што не доаѓаат на фудбал, нема после да молат за карти за на ракомет

Барем навивањето ни е одлично засега
