Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
таман се залажа народ гледам колку толку се поднаполни и северна овие усраа со играта (следен пат не ти доаѓаат тие денес што се излажале :) )....
 
кој очај денеска...што им беше незнам..дали замор ги фати или нешто друго поим неам...Петров незнам како успеа да остане цел натпревар на терен...ама апсолутно никаков ефект немаше...И Глишиќ денес не беше нешто добар многу грешки напраи......Серафимовски беше одличен и само он нешто изигра прво полувреме...со дупло поглеми говеда од него се гураше и добиваше дуели... љамчевски го замени во 2ро ама ти се чини ко да играл 120 минути пред тоа тотално бескорисен беше....Дашјан беше во послабло светло за разлика од предходните натпревари ама сепак се трудеше и покриваше....глигоров и деспотовски беа доста лоши на моменти и лошо им идеше со пасовите...и турново башка што се бранеше цел натпревар..како и да е 0-0 и да се надеваме дека ќе се подобрат момците наредните натпревари ако стварно сакаат титула и публика
 
ОЧАЈ!

Со напаѓач како Филип Ивановски и со напаѓачи кои се од истиот профил НИШТО ПОДОБРО НЕ МОЖЕ ДА ОЧЕКУВАМЕ...
Џабе ќе се направи акција, кога од 30 метри од противничкиот гол па натаму те очекува ХЕНДИКЕП...
Освен ако не го погодат и ако не добие некоја висока топка, тотално е бескорисен. И он и сите останати.
Па кога ќе ги вкомпонира и Петковски и Ивановски, мисли којзнае каква замена направил. Не ни треба на нас двајца играчи од ист профил на терен ебате торлакот ебате, се знае како се комбинираат напаѓачи, еден побрз што знае да води топка, и да не му оди на тимот да направи соло продор и да заврши, а не двајца СТАТУИ...
Подобро Асани нека го стави во тандем со некој од овие двајца во нападот, барем ќе трча ако ништо друго.

Крила ни фалат очајно. Не знам зошто денес Петров не беше на крило, туку постојано играше како најофанзивен средњак. Тотално бескорисен на таа позиција. Глишиќ и Хамбурџијан цело време летаа напред, за во второ полувреме да не може да се помрднат, особено Хамбурџијан.
Истото важи и за Дашијан, дали влече некоја повреда од дуелот со Влазними, ама паднат е кондициски во однос на дуелот со Шкендија и тоа е доста евидентно. Сепак сеуште е најдобар во нашата средина. Ни треба напаѓач како него...
За Деспотовски нема да коментирам...
И Глигоров не беше ништо посебно денес.
Дашијан ме изнервира кога при една акција останаа 2 на 1 со дефанзивец на Турново на 25 метри од противничкиот гол, и место да пушти топка во празно за Ивановски или Љамчевски (не знам точно кој беше), се реши да шутне и шутот отиде над гол.
НИЕДНА ИЗРАЗИТА ШАНСА НЕМАВМЕ ако добро се сеќавам.
Освен една во првиот дел кога Ивановски или Деспотовски (не видов најубаво) успеа пред гол да си ја удри топката од една во друга нога :facepalm:
Љамчевски е дрво досега, како се покажа на подготвителните мечеви, сега се поочаен и поочаен е. Многу топки во празно ги додаде, имавме една убава прилика кога го прескокна противничкиот дефанзивец и од 12-3 метри откосо ја даде многу лошо по земја, по што и Ивановски и Петров ја промашија топката со клизач. А само требаше некој да ја допре за да погоди...

Таневски неколку пати беше несигурен во првиот дел, но во второ се поправи. Подавањата му беа очајни во глобала, мора да се увежба за да не прави киксови на 20 метри од голот...

Ни требаат уште многу играчи за да заличиме на сериозен тим...
 
Катастрофа....

Коњаникот се кажа, само да се повторам дека Фичо е отиден во минус, ако пред 2 сезони кај нас беше така-така, сега е чиста катастрофа. Деспотовски дрво невидени, колку само грешни пасови и колку само несигуран игра. Глигоров според мене далеку подобар.
Петров исто така доста грешки, невидлив цела утакмица, Глишиќ сликичкава опишува најубаво :facepalm:, одбранат пак несигуран иако немаше некои посериозни шанси за гостите.

Хамбур и Дашјан просечни, но никако слаби. А посебно да се осврнам на Ефремовски, дечкото не знам која му е природна позиција, али кога играше десно беше доста слаб, кога се префрли лево одигра далеку подобро, за жал уште физички е слаб и губеше доста дуели кога беа рамо до рамо со противнички играч, али доста пожртвуван и имаше 1-2 добри нафрлања.

Во глобала, она што го кажував уште пред сезона, без брзо бразилче во нападот не иде, и не некој бос како жуниор, туку некое вистинско засилување. Ајде ќе видиме малиов што ќе дојде сега што ќе покаже, мада на 18 години не очекувам многу од него.
 
Бене ваљда на серафимовски мислиш :) . Природна позиција по фм жаргон мислам дека му е дип лајинг плејмеркер можда нешто поофанзивно ама ваљда и Андреев е свесен дека сеуште физички е слаб за таа позиција. Тоа се нервирам што во младите категории ич не се работи на физичката сила. Изгледајте неколку натпревари на наша млада селекција во било кој спорт, нашите деца изгледаат ко две години помлади да се од другите...
 
значи јас стварно не гледам на далеку, 11 ка видов ке кажев сигурен сум, да не ги видев сега составите...
 
После ќе ми викаат публика, која публика бе кога сами ја бркаат, мртви денес, како икони беа сите, ама оној Љамчевски не можам да го трпам, терба да лета што подаелку нека им го поклонат на Пелситер сам ода не го гледам во тимов. По утепан играч од него не сум видел абе и Илбер Али беше подобар па ако не и Ѓешовски.
Дали ги мавна нешо у глава после победата со Шкендија, ама дефинтивно треба шамари да им се делат.
 
Никогаш нема да се направи стабилен тим со македонци.Едноставно кажано менталитетот на нашиве спортисти е од гомно подоле и затоа никогаш нема ништо да биде од нив.Нерешениве со Тетекс и Турново се само заради тоа што сите станаа ѕвезди преку ноќ,а ништо не направија.Го начекаа Пелистер кој што започна со припреми на една недела до првенството и едвај го тепаа 1:0,кај Брегалница со гол на среќа во 94мин се извадија 3те бода и едино со Шкендија колку-толку одиграа нешто,но реално и овие не знаат кај тераат.На среќа врзаа 3 победи и одма во тоа главите празни скапани си ставија некое филмче дека се рамо до рамо со Реал Мадрид и Баерн Минхен.На тие пари што ги земаат (во споредба со играчите од другите клубови) треба да гризат на терен и секој натпревар до го добиваат со најмалку 2 голови разлика.Им направија припреми за кои што цела лига може само да сонува,им плаќаат можеби и повеќе од што вредат,имаат позади себе публика која што ги следи каде и да одат и на крај скапаницине не можат да извадат по 3 бода од екипи кои ќе се борат за опстанок.Наместо да стегнат заби и да направат 5/5 овие се посраа и со последниве 2 утакмици буквално ја бркаат публиката од стадион.Таман почна колку-толку да се враќа интересот за фудбал во државава овие скапанициве почнаа како аматери да се понашаат на терен.Да сум на местото на Самсоненко би ги избркал сите со исклучок на двајцата ерменци,Грнчаров,Глишиќ и Павловиќ и би донел играчи од надвор кои што сигурно нема да летнат во облаци после 3 одиграни кола и 3 победи (од кои 2 се на среќа).
 
Фалат многу играчи за тимот да биде "Европски".
Од засилувањата се погодија Грне, Глигоров, Глишиќ, Дашијан и Хамбар. Да кажеме дека барем за едно ниво ја подигнаа нашата игра.
Добивме асални бекови после којзнае колку години, ама па на други позиции останавме потенки.

На крила останавме со Љамчевски и Асани на лево, првиот некако преимпресиониран од настапите па прави еден куп грешки, вториот со одлична ланска полусезона, но сега многу потфрла. Љамчевски пример би бил добар за резерва, а треба да имаме крило бар класа подобро од него. Асани има брзина, има и дриблинг, ама нема конституција за сениорска лига, а со последниве настапи изгледа дека и квалитативно потонал. Пребрзо е да биде шутнат, мислам дека сеуште треба да добива шанса, колку и да не го сакаат на форумов :D

На десно крило имаме само еден играч, Филип Петров. Не допустливо беше да останеме само на три крила, од кои едниот е младинец и ниту еден од нив да го нема потребниот квалитет. Реално, Петров е играч кој може да влегува како резерва и да игра во купови и ништо повеќе.
Па уште кога ќе ги испомешаат, еден меч Петров игра десно крило, друг меч лево, трет меч игра најофанзивен средњак, па Асани од лево оди на десно, па и Љамчевски го прави истото, каша попара. Може затоа не го гледаме најдоброто од нив.

Не сериозно беше што младинците кои ги поминаа подготовките ги оставија во првата екипа. Тие требаше да бидат пратени по позајмици каде што би играле редовно.
Требаше да се донесат барем едно квалитетно лево и десно крило, а Петров, Љамче и Асани да бидат резерви.
Не знам што чекаат кога Радевски може да го земат. Не дека е докажан талент, ама веројатно би внесол нешто ново во нашата игра.
Вака Глишиќ и Хамбар се и бекови и крила...

Баш на @Vardarec 47 му спомнав денес како сите наши играчи беа сконцентрирани во средината на теренот, а по крилата немаше ниту еден. Едноставно не знаеме што сакаме, сме ставиле два исти типа на напаѓачи кои би помогнале при високи топки, а оние кои треба да нафрлаат сме ги ставиле да додаваат во средината.

Покрај крилата, друга тотално промашена поиција е напаѓачката. Тоа е причината зошто не тепавме поубедливо на првите дуели и зошто не ги совладавме Турново и Тетекс особено.
Не треба да си гение за да сфатиш дека Фичо е светлосни години од времето кога во купот на Македонија во дресот на Ѓорче ги мина сите играчи на Шкендија и даде гол. Едноставно вон шеснаесетникот сега е тотално некорисен, не знае да води топка, не може да ја задржи, а во последно време и реализацијата му е очај.
Он ти е Македонскиот Жиру, играч доволен за некој просечен успех.
Добар е, има квалитет, може да реши утакмица, ама едноставно не е тоа што ни треба.
Вакви напаѓачи не може да играат сами во нападот. Треба да има некој побрз партнер во нападот, Бразилец, Нигериец, Јамајканец, што сака нека биде, ама таков играч мора да се донесе.
Фичо ако во нешто е добар, тоа е спуштање на топки, кои побрзи напаѓачи и те како би ги искористиле. Фичо и Петковски се ист тип на играчи, нема што да бараат во исто време на теренот. И Адемовиќ и Наумовски се исти курац... Какви легенди сме, сме направиле тим со 4 исто профилни напаѓачи.
Ако не планираат да носат играчи, јас да сум тренер би го играл Асани како партнер на Фичо во нападот, Асани е снаодлив во такви ситуации, сигурно ќе искористи некоја топка.

Гроздановски нема што да бара веќе во Вардар, а во ист кош би ги ставил и Бојовиќ, Темелков, па можеби и Деспотовски иако не е лош за резерва.

За сериозен тим, Таневски со моменталнава форма би го имал статусот на Бојовиќ во моментов, Бојовиќ би бил надвор од тимот, Најдоски би бил четврта опција, а Грне би играл со некој друг квалитетен дефанзивец.

Дашијан и Глигоров се доволни за во средина, Деспотовски резерва и обавезно некој друг играч. Ацевски треба да биде 4-5 опција.
Крила две нови на двете страни, со Љамче, Асани и Петров резерви.

Во нападот со еден брз напаѓач за почеток, Ивановски партнер во нападот, Петковски златна резерва. Адемовиќ и Наумовски чао.

Моја постава би била:

Павловиќ

Хамбар Грне Таневски Глишиќ

Љамчевски Глигоров Дашијан Петров

Асани Ивановски[DOUBLEPOST=1409192591][/DOUBLEPOST]Уште нешто заборавив :D
Во нашава лига мора многу брзо да погодуваме, за да ја живнеме играта и да го натераме противникот да се отвори. Ако не дадеш гол до 60-та минута, после противникот не бира средства за да задржи време.
Турновци аздисаа во последните 10-тина минути. Дури и црвен добија, и тој што го доби црвениот си застана и си ги местеше костобраните за да украде време :facepalm:
 
Последно уредено:
Сабја се си објасни за играта на нашиве манекени. Да вистинскиот збор е манекени, ќе критикувам бидејќи не ми е јасно како играчи кои земаат поголема плата од играчите на Турново, играчи со меѓународно и репрезентативно искуство да не можат, да не најдат начин и да не покажат фудбалско знаење да се справат со бункерот на турновци. Убаво некој рече пред некој ден полека со еуфоријата, првенството е долго ние некако како предвреме летнавме во облаци особено фудбалерите. Вчера беше мачење да се гледа како да немаа фудбалско знаење да даддат барем еден ебан гол.
Вчера немаше течна акција, немаше раширување на играта за да го отворат бункерот, ниту играчите задолжени за префлрање на топката не беа на висината на задачата, одбрната повторно млитава, јас не знам Таневски каде е со паметот кога игра првенствен натпревар. Мора да се работи уште на тимов, но и да се донесат уште играчи, вака ако планираат со една иста постава да тераат цела сезона тешко нас. Дашјан малку го повредиле во купот одма на наредниов натпревар послабо изигра.
Се надевам дека извлекоа поука од вчера и дека наредните кола кои мислам дека голем дел ги играме во Скопје, МОРА да се добијат.
 
Toчно така , наместо да земеш ефтина класа бутнати играчи од Србија или Нигерија,подобар начин за развој во фудбалот нема . Мислам ако се стават повеќе , може и контра ефект да има , најдобро е да си има 1 и сосема си е ок , еден извадиш мора друг по правило до 21 да ставиш на терен и полека калиш еден млад играч со искуство .

Чка Кумплуг во последно време не ми е јасно,премногу е негативно настроен,во смисла на било кој настан ,му поштуем мислење,супер проценка има , ама последниве неколку недели ептен е песимист во врска со било што ... :гик:

Најтрагично од се е тоа што овие ‘‘бутнати играчи‘‘ од Србија или Нигерија се играчишта во споредба со 90% од нашиве самопрогласени ѕвезди.Испаѓа дека играчите што се вишок во нивните земји им ги земаат местата на нашите играчи во нашава лига според твојот пост,но верувај дека не е така.Ако тебе те бива и ако ти имаш талент ниту еден играч од ниту една лига нема да може да те исфрли од тимот.Ако одреден играч поседува одлични фудбалски квалитети не гледам како некоја избеглица од соседниве земји би му го земала местото во стартниот тим.Премногу е едноставно...или те бива и немаш гајле од никаква конкуренција затоа што имаш голема самодоверба и фудбалски квалитети или се вадиш на тоа дека од ‘‘ѓубрето‘‘ што доаѓа од страна ти го фаќа местото во тимот,а реалноста е дека ти си полош играч од тоа ‘‘ѓубре‘‘ донесено од страна.

Премногу глупаво е тоа правило кое налага да игра еден играч до 21 година затоа што на тој начин првенството губи на квалитет,а и самите тимови не можат во целост да се изјаснат и да покажат што можат и што знаат да направат со својот најдобар тим.Ако го земеме Вардар за пример јас гарантирам дека Асани многу подобро ќе се снајде на теренот ако влегува накај 70та минута.Сега на овие години од авион се гледа дека за него стартниот тим на Вардар е преголем залак затоа што на 4те утакмици на кои што стартуваше на терен беше невидлив.Тоа што еден млад играч МОРА да стартува ги руши и сите планови на теренот,а и не е фер спрема газдите на клубовите.Даваат високи суми на годишно ниво за фудбалските клубови и на крај испаѓа дека некој друг од страна им го прави составот со тоа што на еден начин им наредува дека во тимот мора да имаат играч кој што не е постар од 21 година и истиот тој играч мора да стартува на секој натпревар.Пак ќе повторам...ако одреден играч го бива и има квалитети да игра во стартниот тим тогаш тој играч ќе игра без разлика на тоа дали има 16,18,21 или 45 години.Тоа што некој до 21 година мора да игра го намалува и залагањето на младите играчи затоа што знаат дека и со нула труд тие ќе бидат во стартниот тим затоа што едноставно МОРА да играат.

п.с господата од ффм ако толку се загрижени за репрезентациајта и со ова правило се обидуваат да извадат играчи за таму нека си направат едно клубче и нека играат само со деца во лигава.
 
За крила еве нели ерменецов нов што го земаа игра лево крило? башка што и по трајковски ќе се тргнело..а и Стојков е блиску до враќање...
 
Без уште еден класичен везњак, две крила и напаѓач (се разбира не теретен воз од типот на Фичо или Илчо) - маф е работава! Погодија пет појачања летово, ама на Вардар му требаат уште минимум пет такви или подобри од нив!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom