Да расчистиме нешто од старт, бидејќи сите го тупат, утакмицата не беше местена.
Тетекс не е толку наивна екипа иако имаат лошо бодовно салдо. На играчки план според мене може да конкурираат и за првите 6 места.
Знаев дека ќе кикснеме денес, останува проклетството дека Тетекс никако не можеме да го добиеме како гости (освен кога ни ја дадоа 0-3 кога испаѓаа).
Почнавме убаво, со добар притисок, но премногу шанси утнуваме.
Фичо едноставно не може да игра како единствен шпиц, па сто шанси треба да му направат за еден гол да даде. Ни треба еден брз напаѓач покрај него и да играме со двајца напаѓачи.
Поведовме со гол налик на оној од Штип, Ивановски доби топка која ја шутна од прва над голманот Манчевски. Потоа имавме неколку одлични шанси за гол.
Ќе го издвојам нафрлувањето на Глишиќ, кое Фичо иако беше сам не успеа да го искористи и шутираше крај голот.
Во овие моменти не ни беше досуден чист пенал, откако мислам дека Кралевски со рака спречи наш удар кон голот. Нашиве не се бунеа

Земи здави го судијата, да видиш дали нема да досуди пенал.
Петров погоди по едно нафрлување на Глишиќ, но судијата го поништи поради офсајд. Уште една многу сомнителна ситуација, според мене Петров не беше во офсајд, иако можно е Ивановски да беше малце понапред, нешто што не влијаеше на голот.
Глишиќ беше можеби најдобар се до моментот кога примивме гол. Од нигде никаде, Тетекс доби шанса откако како и во секој меч Глишиќ направи грешно додавање до голман, односно му клизна топката. Начевски мислам изби пред гол но беше блокиран и топката отиде во корнер. Тука им се поклопија коцките, се одби топката до тој Бразилецот, му легна убаво и си пласираше во долен десен агол...
Во најлош момент примивме гол...
Во уште полош момент Тетекс поведе, одново по нафрлување од корнер. Таневски ми е премногу несигурен во одбрана, кажав и минатиот пат...
Едноставно не е на висина на задачата.
После тоа имавме милијарда шанси за гол, но дадовме само еден.
Љамчевски се посрамоти откако шутираше осамен од 10 метри, но Манчевски лесно му одбрани.
Потоа сигурно имаше уште некој пенал за нас, класични фаули врз нашите играчи при нафрлени топки од левата страна. По една таква акција, Ивановски убаво ги навлече противничките дефанзивци, за Петров да пласира од позадина за 2-2.
До крај Ивановски се посрамоти, сто шанси изутка...
Заслуживме да победиме, но тоа е...
Не ми се допадна што Деспотовски и Глигоров се запцуја меѓу себе во еден момент од играта, ваљда откако Глигоров му пререче на Паприк за една шанса, во која му отскокна топката пред нога и ја зарога над гол...
Дашијан беше релативно мирен денес, може има влијание повредата која ја заработил на куп мечот во Струга, на кој според мене никако не смееше да биде ставен во игра.
Хамбурџијан беше одличен, можеби и најдобар поединец кај нас денес. Имаше еден добар обид во првиот дел, кога се фрли со полу макази да ја шутне, но а малку промаши.
Петров имаше одлична шанса со макази, но Манчевски одбрани.
На шампионски тим не смее вакви киксови да му се случуваат, особено што имавме водство и огромна контрола врз играта.
Се надевам овој Миранјан што најверојатно официјално потпишал, ќе се покаже добро во нападот, дека е различен тип на напаѓач од она што го поседуваме во тимот...
Посетата на стадионот одлична. Околу 1000 гледачи мислам, скоро сите фанови на Вардар. Комити во солиден број и одново имаше проблеми при влегувањето на трибина, но овојпат наша вина предизвикана од недостигот на карти. Дел од навивачката група остана пред врата до полувреме.
Навивањето одлично, имаше неколку пароли, од кои една за поддршка на Војводи околу играњето на Тетекс во Тетово. Неколку пати грмеше Ваш клуб, ваш град...
Во среда мора да го демолираме Турново, а потоа не очекува тежок меч со Металург.