Фалат многу играчи за тимот да биде "Европски".
Од засилувањата се погодија Грне, Глигоров, Глишиќ, Дашијан и Хамбар. Да кажеме дека барем за едно ниво ја подигнаа нашата игра.
Добивме асални бекови после којзнае колку години, ама па на други позиции останавме потенки.
На крила останавме со Љамчевски и Асани на лево, првиот некако преимпресиониран од настапите па прави еден куп грешки, вториот со одлична ланска полусезона, но сега многу потфрла. Љамчевски пример би бил добар за резерва, а треба да имаме крило бар класа подобро од него. Асани има брзина, има и дриблинг, ама нема конституција за сениорска лига, а со последниве настапи изгледа дека и квалитативно потонал. Пребрзо е да биде шутнат, мислам дека сеуште треба да добива шанса, колку и да не го сакаат на форумов
На десно крило имаме само еден играч, Филип Петров. Не допустливо беше да останеме само на три крила, од кои едниот е младинец и ниту еден од нив да го нема потребниот квалитет. Реално, Петров е играч кој може да влегува како резерва и да игра во купови и ништо повеќе.
Па уште кога ќе ги испомешаат, еден меч Петров игра десно крило, друг меч лево, трет меч игра најофанзивен средњак, па Асани од лево оди на десно, па и Љамчевски го прави истото, каша попара. Може затоа не го гледаме најдоброто од нив.
Не сериозно беше што младинците кои ги поминаа подготовките ги оставија во првата екипа. Тие требаше да бидат пратени по позајмици каде што би играле редовно.
Требаше да се донесат барем едно квалитетно лево и десно крило, а Петров, Љамче и Асани да бидат резерви.
Не знам што чекаат кога Радевски може да го земат. Не дека е докажан талент, ама веројатно би внесол нешто ново во нашата игра.
Вака Глишиќ и Хамбар се и бекови и крила...
Баш на
@Vardarec 47 му спомнав денес како сите наши играчи беа сконцентрирани во средината на теренот, а по крилата немаше ниту еден. Едноставно не знаеме што сакаме, сме ставиле два исти типа на напаѓачи кои би помогнале при високи топки, а оние кои треба да нафрлаат сме ги ставиле да додаваат во средината.
Покрај крилата, друга тотално промашена поиција е напаѓачката. Тоа е причината зошто не тепавме поубедливо на првите дуели и зошто не ги совладавме Турново и Тетекс особено.
Не треба да си гение за да сфатиш дека Фичо е светлосни години од времето кога во купот на Македонија во дресот на Ѓорче ги мина сите играчи на Шкендија и даде гол. Едноставно вон шеснаесетникот сега е тотално некорисен, не знае да води топка, не може да ја задржи, а во последно време и реализацијата му е очај.
Он ти е Македонскиот Жиру, играч доволен за некој просечен успех.
Добар е, има квалитет, може да реши утакмица, ама едноставно не е тоа што ни треба.
Вакви напаѓачи не може да играат сами во нападот. Треба да има некој побрз партнер во нападот, Бразилец, Нигериец, Јамајканец, што сака нека биде, ама таков играч мора да се донесе.
Фичо ако во нешто е добар, тоа е спуштање на топки, кои побрзи напаѓачи и те како би ги искористиле. Фичо и Петковски се ист тип на играчи, нема што да бараат во исто време на теренот. И Адемовиќ и Наумовски се исти курац... Какви легенди сме, сме направиле тим со 4 исто профилни напаѓачи.
Ако не планираат да носат играчи, јас да сум тренер би го играл Асани како партнер на Фичо во нападот, Асани е снаодлив во такви ситуации, сигурно ќе искористи некоја топка.
Гроздановски нема што да бара веќе во Вардар, а во ист кош би ги ставил и Бојовиќ, Темелков, па можеби и Деспотовски иако не е лош за резерва.
За сериозен тим, Таневски со моменталнава форма би го имал статусот на Бојовиќ во моментов, Бојовиќ би бил надвор од тимот, Најдоски би бил четврта опција, а Грне би играл со некој друг квалитетен дефанзивец.
Дашијан и Глигоров се доволни за во средина, Деспотовски резерва и обавезно некој друг играч. Ацевски треба да биде 4-5 опција.
Крила две нови на двете страни, со Љамче, Асани и Петров резерви.
Во нападот со еден брз напаѓач за почеток, Ивановски партнер во нападот, Петковски златна резерва. Адемовиќ и Наумовски чао.
Моја постава би била:
Павловиќ
Хамбар Грне Таневски Глишиќ
Љамчевски Глигоров Дашијан Петров
Асани Ивановски[DOUBLEPOST=1409192591][/DOUBLEPOST]Уште нешто заборавив

Во нашава лига мора многу брзо да погодуваме, за да ја живнеме играта и да го натераме противникот да се отвори. Ако не дадеш гол до 60-та минута, после противникот не бира средства за да задржи време.
Турновци аздисаа во последните 10-тина минути. Дури и црвен добија, и тој што го доби црвениот си застана и си ги местеше костобраните за да украде време
