Ај некој нека каже повеќе за натпреваров ако го гледал?
За разлика од претходните два меча овој меч беше добар за гледање.
Како и секогаш добри утакмици со Работнички, со пресврт, но за жал овојпат на наша штета.
Искрено не заслуживме да загубиме. Требаше мечот да заврши нерешено со оглед на тоа што и двете екипи имаа свои минути, но ние бевме оние со помалку среќа.
Го загубивме Илчо до крајот на сезоната, но реално тоа и не е некоја загуба со оглед на тоа што беше изгубен во просторот. Штета што огромни пари ќе му се плаќаат за ништо.
Своето деби по повредата на Илчо го имаше Ловречич. Ако ова е човекот кој треба да ни донесе титула, тогаш тешко нас. Освен во последните 15-тина минути во кои даваше некои добри топки, во другиот дел од мечот беше изгубен. Ги успоруваше акциите, ја пимплаше многу топката...
Сепак да тргнеме од почеток.
И двете екипи почнаа храбро уште од стартните минути. Ние игравме малце позатворено и чекавме шанси од контри.
Мечот ќе имаше многу подруг тек ако Бујчевски изреагираше искусно во една ситуација. Имено некој даде длабочинска топка, голманот на Работнички неспретно истрча и лошо ја процени и притоа го сопна Бујчевски кој ќе искочеше сам пред празен гол. Бујчевски можеше да падне како покосен (ова се случуваше на 20 метри) и да изнуди чист црвен. Но сепак не се одлучи за тоа, се задржа на нозе, но веќе изгуби контрола и го блокираа. Штета можевме многу повеќе да извадиме од оваа ситуација.
Работнички не беа конкретни во шансите но имаа некои бомбастични удари од далеку кои завршуваа крај головите.
Огромна дупка имаме во средината, а за воља на вистината и Работнички имаа неколку дриблери што маме ни ебаваа, и после лесно со дупли пасови стигнуваа до голот.
Оној Трниниќ е жив очај, па не е можно Таневски да му е резервна опција на вакво дрво?
Магаре го правеа...
Маневски играч на мечот. Им покажа како се игра. Прегледност на теренот, мозокот им го вадеше, даде гол, го намести на тацна вториот, фантастична партија за него против нас, како по обичај...
Во првиот дел ние бевме за нијанса подобри особено како одминуваше мечот. Имавме една добра акција во која Гроздановски мислам дека беше прекус во нафрлувањето.
Голот падна по една солидна акција, добар прием на Бујчевски, добар пас за Асани кој биеше под телото на Ковачев.
Огромна радост на западот, мислам дека многу повеќе се израдувавме него ли за голот против Пелистер на пример.
Асани не знаеше што да прави, го баци знакчето на Вардар, се радуваше да докаже дека не е фер што повеќето сакаат да си оди од клубот, ради тоа што е близок со Шверцери...
Добро игра малиов, има некои дриблинзи, доста трча, само слаб е во дуели, лесно го градат пошто е ептен низок.
Бујчевски по повредата на Илчо излезе како единствен напаѓач и мислам дека тоа не му е најдобра страна. Он треба да биде малце поназад. Се чека Фичо да се врати да игра како шпиц, а Бујче понзад или како истурено крило.
Гроздановски мора да се врати во средината. Само он е способен да води топка, другиве се тралалајки...
Средината се прескокнува, никој не проигрува низ неа. И нас кога не напаѓаат многу лесно стигаат до одбраната, фали играч како Стјепановиќ кој може да пресече...
Работнички притисна за израмнување и погодија во најдобар момент за нив, во продолжението од првиот дел...
Голот според мене е на душа на Захов и на централните одбранбени.
Предолго чекаа да го блокираат Илијоски кој се шеташе на 20-тина метри од голот, биеше одлично по земја, Захов лошо одби, и Маневски одбиената топка ја спроведе во мрежата за 1-1.
Вториот дел почна со доминација на Работнички. Прво Захов спаси чиста шанса за Работнички, откако одново централните дефанзивци спиеа па гостите се прошетаа низ нашиот шеснаесетник.
После тоа ние утнавме ненормална шанса.
Деспотовски се посрамоти и знаев дека казната ќе стигне. Имавме некој шут кон гол, Ковачев лошо одби и плус беше блокиран од неколку играчи, Деспотовски имаше празен гол но од 18 метри ја запука над пречката. Како можеше да утне човече... И тоа ја акна со надворешна, поселски не можеше...
Казната брзо стигна. Маневски ги направи магарињаш по по крило, му ја даде на тацна на Илијоски кој го доби дуелот со Трниниќ и со глава погоди за 2-1...
Уште не освестени а веќе имаа уште една шанса кога Илијоски врати на утката на Деспотовски, биејќи над гол од само неколку метри.
Од тогаш почна наша доминација.
Влезе Петров како освежување во екипата и играта се подобри. Имавме две сто процентни шанси во кои среќата не не посака.
Прво нафрлување на тацна за Бујчевски кој со глава шутираше над веќе совладаниот Ковачев, но топката мавна во пречка

Уште една сто процентна шанса при едно нафрлување, бекот на Работнички заспа а од позадина еден наш играч (мислам Рибарот) биеше со глава, топката одново на наша несеќа мавна во внатрешната страна од стативата и одново нашиве се посраотија место да ја шутнат во гол, некој ја нагазна и ја однесе наназад

Нече лопта поштеног човека...
До крајот Бојович згреши една топка и Работнички имаа ситуација подобра од пенал но биеа крај голот.
Се насе требаше да заврши мечот со 2-2 или 3-3
Кондициски се подобри од нас, како што се сомневавме, Андреев им има ебано матер на тренинзи и одвај одат нашиве...
Се срамам што ќе го кажам ова, ама БОБИ ВРАТИ СЕ!
На трибини срамна посета. Прво срамота за нас, што бевме одвај 250 души. Навивањето беше добро во текот на цел меч, многу подобро него ли со Пелистер, но сепак бројката???
Потоа срамота за посетата на цел стадион, одвај 700-800 луѓе... А утакмиците со Работнички секогаш се интересни...
П.с. заборавив дека судијата не досуди чист пенал за Вардар (бар од наша перспектива, ќе видиме од снимката). Ловречич даде дугачка топка за Симјановски (или Бујче) ако не се лажам, овој беше побрз од Ковачев кој го собра нашиот играч, а судијата место пенал му даде жолт за глума на Симјановски (или Бујче).
п.п.с. сега гледам дека Блажевски влегол место Илчо, а Ловречич играл од почеток. Зарем играл Блажевски, воопшто и не сум го видел на теренот, па дури и повреда заработил некоја. Полош играч амин, не е ни чудо што хаварија ни се случуваше во средината.
Ете ги последиците од тешките кондициони тренинзи на Русинот.
БОЛНИЦА ВАРДАР, пола тим е повреден, и Блажевски е во аут, и Гроздановски и Деспотовски се жалеле на повреди.