Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Турново-Шкендија 1-1
Голем кикс на Турново. Ако победиме вечер, први сме :)
 
Турново-Шкендија 1-1
Голем кикс на Турново. Ако победиме вечер, први сме :)

абе ти реков јас 4 бода ќе бидеме од нив дур дојде крајот... плаши се од минчолург

тепаме вечер и тепаме во тетово наредната недела
 
абе ти реков јас 4 бода ќе бидеме од нив дур дојде крајот... плаши се од минчолург

тепаме вечер и тепаме во тетово наредната недела
Каков Металург, тие не ги рачунам дека постојат :icon_mrgr:
 
Кажи до крај распоредот на двете екипи
Вардар-Ренова
Металург-Напредок

Напредок-Турново
Шкендија-Вардар
Металург-Работнички

Турново-Металург
Вардар-Напредок

Турново-Работнички
Металург-Вардар

Вардар-Турново
Брегалница-Металург

Во моментов:
1.Турново 57 (меч повеќе)
2.Вардар 55
3.Металург 52
 
И двете екипи имаат тежок распоред до крај, Вардар потежок но има право на еден кикс до меѓусебниот натпревар, се надевам дека нема да биде тоа уште вечерва.
 
Вардар - Ренова - 3:1 - 2гола Јове еден Петров
Вардар повторно прв 7мата титула е наша
 
Ги плеснаХме на брзинка...
Рутинска победа, со одлична игра во првото полувреме. Второто полувреме подосадно амин.
Вардар за 10 минути имаше водство од 2-0.
На шрвиот гол кумуваше лошата реакција на гостинската одбрана. Мислам дека Илиевски нафрли, топката отскокна на неколку метри од голот, и додека тројца играчи на Ренова се мислеа кој да исфрли, Костовски им се пикна од позадина и погоди со глава.
Денеска играа доста пожртвувано, а на головите се радуваа како мали деца.
Набрзо следуваше еден од поубавите голови од кога следам Мак фудбал.
Одлична акција, нафрлување на Мичка (не сум сигурен дали беше он), топката стига до Маневски кој со ножички ја нафрла до Костовски, а овој со волеј погодува за 2-0.
Ренова се обидуваше да постигне гол, но единствено што направија беше една топка во празно, акција која на време беше прекината од Симов.
На 3-0 зголемивме после една брза контра, Костовски тргна во контра, ја протна на лево до Маневски, овој шутираше од свртување, Зендели кратко одби, Костовски натрча и шутираше, Зендели одново одбрани, но Петров ја спроведе одбиената топка во мрежата.
Одново солидна утакмица на Мичка, Петров и Костовски.
Костовски се засебичи до крај на првиот дел, сакаше да даде и трет гол но неуспешно.
Во вториот дел падна темпото, Ренова намали од слободен удар. Прекрасно изведен слободен од 20-тина метри. Пласирана топка крај стативата за 3-1.
До крај Костовски искочи сам пред голман, но му кидна топката и Зендели одбрани.
 
До крај Костовски искочи сам пред голман, но му кидна топката и Зендели одбрани.

И Хорхе излезе сам пред голман но и он со шпиц ја спука наместо да ја "поткопа".Незнам зошто ама мене Петров не ме инпресионираше нешто денес иако даде гол.Покрај него и Остоја беше стварно очаен денес и се сложувам со Милевски што ги замени.
Мислам дека кај третиот гол Мичка ја шутна а Зендели одбрани па Јове и на крај Петров погоди.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom