Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Ни мене не ме импресионира Петров. На него треба да му се даде титулата најмутав играч у екипа.

Фала Богу и Јове нешто изигра како шти треба, денес најбољи (y)
Сигурно прочитал денес низ новините дека Европа го прати, и овој збесна :D

Абе а и приметивте дека денес Маневски игграше како класичен напаѓач, а Јове беше како поповлечен, и факат доста добро се надополнуваа.

И денес имавме супер игра во поле, поготово прво полувреме, второ се играше чисто ради реда.
 
има ли некое инфо за картите со шалке колку пари ке бидат ?
 
Картите по 100 и 150 (y) И уште сега ако не се наполни стадионот ќе биде срамота. Иначе прв пат можам да речам браво за нашава управа
 
Картите по 100 и 150 (y) И уште сега ако не се наполни стадионот ќе биде срамота. Иначе прв пат можам да речам браво за нашава управа
Зашо браво ко они Шалке да го донесоа....
Ја можам браво да ти кажам, зошто 9 известувања ми стигнаа од тебе дека си пишал на темава :pos:

Друг пат ко ќе ти излезе тоа грешка дека се појавило при постирање стисни само рефреш, а не 10 пати да го препраќаш мислењето :)
 
Ќе знам за друг пат :)
 
Ни мене не ме импресионира Петров. На него треба да му се даде титулата најмутав играч у екипа.
Сакав да те цитирам уште тогаш ама заборавив :D
Вистина е дека е МРЗЛИВ играч, дека знае да спие во офсајд, и да не може акција да направат од него, ама човекот е како Инзаги, секогаш на вистинското место :icon_mrgr:Споменав и во летото, за нас ќе беше минус ако го немавме него во екипата. Џокерот во тимот :icon_mrgr:

Очекувано или не:
Шкендија-ВАРДАР 0-1
Стрелец: ФИЛИП ПЕТРОВ
Шкендија си изигра за нас им скина два бода на Металург и Турново, а ние ги победивме (местена или не, којзнае али веројатно првото).
Од она што читам само една шанса сме имале :)
Нафрлување на Хименез, Петров како џокер од клупата погодил со глава за 0-1.
Претходно Симов интервенирал одлична во акција еден на еден со Ејупи.
А Шкендија имала уште по некоја шанса...

Турново очекувано победи во Кичево, а доброто е што Сељолург изигра 1-1 дома со Работнички.
Ви реков нема што да стравуваме од нив :icon_mrgr:
 
Ако Металруг им скине барем два бода следнава утакмциа со Турново,а ние тепаме тогаш титулата е 99% наша, ако не ќе ни гори под нозете до последно коло. :D
 
Хммм вака и не изгледа за местена, од една шанса сме тепале :icon_mrgr:
Плус голот сме го дале откако свирна некој од публика па овие подзастанаа (мада и онака немаше да го фатат Петров).
Сепак... :icon_mrgr:
 
http://new.fkvardar.mk/NewsPage.aspx?newsId=196
И мене не ми изгледа за местена оти сигурно не би им давале бонуси заради тоа што тепале на местени утакмици
 
Вардар-Напредок 4-0
Турново-Металург 2-4

На две кола до крај имаме 4 бода предност пред Турново и 5 пред Металург.
Со други зборови Вардар едно 90% е сигурно дека ќе ја освои седмата титула во независна Македонија :)

Вчера рутински завршена работа.
Костовски погодува кога е најпотребно :icon_mrgr:
Плус Борче Маневски се разбуди на крајов :icon_mrgr:
Пред да дадеме гол маневски имаше една шанса но ја опука топката 100 метра над гол :D
Првиот гол падна по нафрлување за Костовски, овој со глава погоди во пречката по што одбиената топка Борче со волеј ја смести во мрежата.
За вториот гол сменети улогите, изигравме одлична акција, Маневски доби топка во шеснаесетникот на Напредок, го мина и голманот, ама си го затвори аголот, врати до Јовее, кој погоди за 2-0.
На 3-0 одново погоди Костовски кога една топка во празно ја спроведе под нозете на голманот на Напредок.
Стојков никако не успеваше сда даде гол и одново имаше само просечен меч.
Имаше одличен продор во вториот дел и убава завршница но гостите расчистија од линијата.
Сепак го одработи четвртиот гол кога влезе од лево, додаде до осамениот Костовски кој на празен гол го постигна последниот четврти погодок за нас.
Не би требало да имаме поголеми проблеми до крај.
Може да се случи и следното коло да ја освоиме титулата :)
 
Вардар-Напредок 4-0
Турново-Металург 1-2

Само мала исправка Турново-Металург 2:4:)
И ајде иако не е 100% освоена да ви честитам зашто мислам реално на крајот ке бидете шампиони.
Се надевам следната сезона и ние рамноправно ке се бориме за титулата за поинтересно првенство
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom