Абе пази да не имаме +4

Реално во голема каша сме.
Гостуваме кај Шкендија, Тетекс и Металург. Три екстремно тешки гостувања.
Особено она кај Шкендија...
До крај:
Вардар-Силекс
Турново-Тетекс
Металург-Ренова
Ренова-Турново
Шкендија-Металург
Тетекс-Вардар
Турново-Шкендија
Вардар-Ренова
Металург-Напредок
Напредок-Турново
Шкендија-Вардар
Металург-Работнички
Турново-Металург
Вардар-Напредок
Турново-Работнички
Металург-Вардар
Вардар-Турново
Брегалница-Металург
Имаме 4 домашни меча кои МОРА да ги добиеме како знаеме и умееме. Реално Силекс, Ренова и Напредок нема што да бараат. Особено и Силекс и Напредок би требало да бидат лесен плен. Мечот со Турново е навидум лесен ама може да биде одлучувачки, па сите карти да бидат отворени.
Имаме три гостувања од тешко потешко.
Дури 1 победа и 2 нерешени се голем успех.
Со 5 победи и 2 нерешени до крај може да се освои титулата под услов да го тепаме Турново во последното коло.
Според мене многу важно ќе биде следново коло. Тетекс досега на два пати им зема бодови на Турновци. Горе-доле сеуште имаат шанси за опстанок, така да се надевам дека со сите сили ќе играат во Турново и ќе успеат одново да им земат бодови.
Металург победува сигурно, а и нашата победа не смее да биде доведена во прашање.
Следното коло сите гостуваме во Тетово (претоиставувам нашиот меч со Тетекс во Ѓорче ќе се игра). Ние го немаме тепано Тетекс во Тетово уште од купот кој го игравме пред сто години кога тепавме со 0-3, они беа второлигаши тогаш.
Затоа за нас ќе биде олеснителна околност ако овој дуел се игра во Ѓорче, терен кој нашите одлично го знаат.
Металург никогаш ја нема добиено Шкендија во Тетово, се надевам и сега ќе остане така. Ренова е истотака тврд противник би требало да му откине бар два бода на Турново.
Ако после следниве две кола излеземе на првата позиција, тогаш може да се надеваме на титулата. Се друго ќе значи голема неизвесност до крај.