Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Кај би одел Егеец?И тој е наше дете да знаеш,као деца заедно трениравме у Вардар.

Ама ти кај нас се ували нешто,нема фанови на Работнички на форумов,и сеа тука ни се убутуваш.:icon_mrgr:
Во спорт пишуваваше дека си отишол,но не пишуваше каде.
Епа сега искрен да бидам нема фанови. Едно време имаше 2-3ца ама се изгубија,па сега сигурно нема монолог да водам во темата за Работнички па затоа тука пишувам. Се надевам не ви сметам
 
И тие 2-3ца отидоа јабана со успехот во Европа...
--- надополнето: 17 јануари 2013 во 02:40 ---
Во спорт пишуваваше дека си отишол,но не пишуваше каде.
Епа сега искрен да бидам нема фанови. Едно време имаше 2-3ца ама се изгубија,па сега сигурно нема монолог да водам во темата за Работнички па затоа тука пишувам. Се надевам не ви сметам
Кога веќе дискутираме тука,дали и дечкото што си го ставил на аватар го сметаш дека е продукт од школата на Работнички:
 
И тие 2-3ца отидоа јабана со успехот во Европа...
--- надополнето: 17 јануари 2013 во 02:40 ---

Кога веќе дискутираме тука,дали и дечкото што си го ставил на аватар го сметаш дека е продукт од школата на Работнички:
Дечкото е од Ѓорче,но сепак во Работнички ја има изиграно првата сениорска утакмица и тоа на 16 годи против Транс Нарва. Сепак реално не е наше дете,но мислам дека малку е исфорсиран и овие година-две се клучни за неговиот развој дали ке го биде или не..
 
Што не земале надежен млад голман од кој ќе имаат можност утре да профитираат, стварно не гледам потреба од 28годишниов дечко кој Јонуз го препорачал, имаш милион подобри опции и тоа македонци, како Гачевски од Капфенберг, Ефремов, и другиве што греат клупа во странство како Кико Наумовски одма ќе се залетаат да им понудиш место во тим кој ќе излезе во Европа речиси сигурно, исто и со десен бек, језда Тодоровски е искусен, ни треба млад и брз десен бек kako Филип Најдовски или Бојан Ѓоргиевски, исто со средина контактирајте ги младите макендонски надежи кои се излажале со тоа странство како Тимов кој има инзонреден тален а игра по ниви во Ерменија
Не го препорачал Јонуз, туку Џиџи го сакал Словенецов. Тој од Јуни не е повеќе на Кипар. Верувам дека многу малку знаат за оваа информација. Пола година е без клуб, а сега треба да биде стартер пред Захов...
Бошкоски е тотално непотребен, слично како и Гешоски.
Забораваш дека ќе останеме само на Цикарски. Се слагам дека треба да си оди зашто и за наша Лига е само обичен просек, ама во тој случај треба донесат нов лев бек.
 
Последниве 5-10 страни само негативности. Човек да не знае дали вие сакате стварно европски Вардар или сакате да сме друштво на теленти кој подоцна ќе ни ги краде партизан, динамо и слични. Аман веќе млади да се земеле, од напредок дечките, македонски голман па сега и кај сме тренирале е проблем.

Ви кажа Џиџи што е целта. ЕВРОПА. Мислите дека со копиљаците од напредок и играчи од нашава лига кој беа декласирани од пољаците ќе успееме во тоа? Дај бре овие од напредок ли се засилувања? Па тие играат заедно со години и нормално ќе направат некој успех. Не заборавајте дека само дома се јаки на гости се мивки. Ние губевме бодови од силекс, тетекс и кој ти све ни иначе сега ќе бевме на +15 од нив и немаше никој да се замара со нив. Фала богу што се откачивме од такви „засилувања“. Истото ваши и за Маџовски и другите наши „голмани“ кој на 1-2 незнаат да украдат некоја секунда, на 2-2 исто така па на крај 3-2 губиме, може не по нивна вина ама тоа на европски голман ретко му се случува. На сите клучни позиции ако сакаме исчекор потребно е квалитет, ако го немаме дома (а за голман го немаме) тогаш под хитно носење асален странец. Крајно време е да видиме Вардар составен со играчи во здрави години 25-30 и евентуално 2-3ца под 25 год ко што е во повеќето европски тимови.

Нека се направи асална младинска школа наредниве 2-3 год и после нека соберат се што е квалитетно под 16 години па нека прават играчи. Јас сакам европски Вардар а не градинка. Јас не се радувам кога продаваме деца ко работнички, мене ме радува кога зимаме искусни и добри фудбалери во клубот за да ПОМИНЕМЕ некое коло во европа.

Џиџи знае што прави, и ова е чекор НАПРЕД. Ова е чекор кон еден појак Вардар. Доста веќе со просек или „таленти“ дајте јаки играчи кој нема да губат добиен меч од десеткуван Бате.

За тоа КАДЕ во кое село се спрема Вардар па ич не ми чуе. Подобро таму него во Ѓорче на ораницата. Крајно време е да се направи наш центар и се дур тоа не се случи ич не ми прави разлика, нека му ја мислат тие што се задолжени за тоа.
 
Сите сакаме Европски Вардар,ама за го направиш таков ти требаат ко за почеток потребните услови,ние немаме наше игралиште,а тоа па наш центар ни на сон...
Ќе го земам за пример Партизан,дали знаете каков свој центар имаат они,таму кај што им е Телеоптик?Голем е негде колку Александар Палас,нема што нема внатре.Значи ги земав нив за пример,зошто кога они се мачат за да искочат во Европа по групи,со такви услови какви што имаат,што е ред па на нас...
--- надополнето: 17 јануари 2013 во 16:46 ---
http://ekipa.mk/News.aspx?newsId=14230

Чаоо Ѓешоо...
 
Прво треба враќање на старите патеки. За еден клуб најголемо богатство не се центрите, терените, стадионите или играчите него ПУБЛИКАТА. Имаш публика имаш моќ. Имаш што да понудиш на спонзори имаш како да ги привлечеш политичарите, да ги натераш да ти ИЗГРАДАТ центар па зошто не и подобар од телеоптик зар малку терени изградија низ државата. Да има Вардар сега по 20-30 000 на стадион не мислиш ќе имаше брда ветувања пред избори?

Се ќе си дојде на ред кога ветераните ќе влезат во управата, кога луге со визија ќе го водат клубот. Ако ништо друго Џиџи вреди да се поддржи зашто е прв после долго време со каква таква визија и муда да каже што сака и ќе проба иако сите знаеме дека не само среќа, пари што ги немаме, буквално цел космос треба за нас да работи за да се случи ова. Сепак ние сме навивачи, и нас не боли и ќе бидеме таму до последен момент, ќе се надеваме, радуваме, плачеме. После подолго време јас се радувам дека Вардар пак мрднува од место и дека повторно ќе ги доживувам сите тие емоции. Незнам за вас ама ерата на Илчо и Милевски некако ич не ја доживеав така. Евро утакмиците со Илчо кој повеќе мислеше на ФФМ него на нас, иако со мерак ги изгледав ме оставија празен поготово таа во СК кога се гледаше дека играме само да не загубиме. Крај на се тоа, ајде Џиџи направи екипа да се гордееме со Вардар повторно.
 
Фудбалерот од Гана кој се поврзува со Вардар, играл во Хамбург?
 
Многу сте негативни за Џиџи, демек Ѓешо беше подобар трансфер? Сите што се поврзуваат секако ќе бидат подобри од Мичка, Бошковски и Ѓешо.
--- надополнето: 17 јануари 2013 во 17:33 ---
Сега на МТМ спомнаа за Мралино и тоа дека Вардар таму тренирале, и дека теренот бил квалитетен. АКо е така, подобро таму отколку во Ѓорче.
 
Фудбалерот од Гана кој се поврзува со Вардар, играл во Хамбург?
Од каде се информацииве и за кој играч се работи знаеш? :)

ПС: Честито нека ви е што ги откачивте првите 3ца играчи и имате нов голман... сега играчи се на ред да се доведат.
 
http://www.transfermarkt.co.uk/en/charles-takyi/profil/spieler_6824.html
Најверојатно овој е играчот што се поврзува со Вардар.. Затоа што овој е едниствениот играч кој играл во Хамбург последниве 10години а е од Гана. Без клуб е од 01.07.2012 т.е 6 месеци и 16дена :D
 
Овој од Гана што играл за Хамбург изгледа исто како Хасани што игра за Волфсбург
 
Супер ако е тој :)
после Хамбург играл за Ст. Паули 4 сезони и за Гројтер Фурт 1 сезона. Лани веројатно се повредил и изиграл само 308 минути во 2 бундес, а преклани изиграл скоро 1500 минути во бундес лига ( 4 гола, 2 асистенции ) .
има и 36 минути за гана изиграно :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom