Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Македонскиот интернационалец Баже Илијоски во изјава за романските медиуми вели дека ниту милион евра понуда нема да го принуди да потпише за прволигашот Пандури, и покрај тоа што претходно беше блиску до договор со клубот. Но, затоа, пак, според нашите информации, секако, за многу помала сума оваа зима ќе потпише за Вардар доколку не најде ангажман во странство.

Илијоски е револтиран од изјавите на тренерот на Пандури, Петре Григорас, кој во јавноста се произнесе дека нема потреба од Илијоски во неговиот тим.

„Нема да потпишам за Пандури ниту за милион евра. Нема причина да потпишам за клуб во кој тренерот не ме сака. Бев одлучен да останам во Романија, но сега во една новонастаната ситуација не. Ја видов изјавата на Григорас во медиумите, и заклучив дека нема потреба да одам во клуб се додека вистински не им сум потребен како фудбалер. Ако само тренерот навистина ме сака, тогаш би одел во еден клуб. Парите воопшто не ми се важни“ – вели Илијоски.

А, не е тајна дека Вардар од поодамна го посакува во своите редови. Но, овој пат се најблиску до договор, иако останува отворена варијантата напаѓачот да дојде до трансфер надвор од нашава земја. Доколку тоа не се реализира, тогаш останува Вардар.

Еве што била причината Баже да не потпише во странство.
Барал клубови, ако не најдел во Вардар ццц
Не ми се допаѓаат ваквите работи, и да дојде ќе мисли на странство. Единствено добра плата ќе го насочи да дава 100% на мечевите.
 
CRVENO - CRNO SEMEJSTVO
Vi najavuva deka vo narednive denovi ke imame edna MNOGU UBAVA VEST :)))))))))))))))))
Влатко Гроздановски лајкс дис...


Влатче изгледа?

А подоле пишале дека во времето на Трифун се правеле такви трансфери... Е ај да видиме...
 
Сме земале некој од Ѓорче ваљда е нкое дете Стефан Таневски, да не знае некој нешто повеќе за него?
 
ЦЦС:
Pocnuvajki od denes, treninzite na FK Vardar dobivaat poseben shmek... :)
коментар:Na trening utrovo go vidov i Grozdanovski ima sansi da dojde u Vardar
 
Гроздановски тренирал со Вардар, преговорите биле во тек но немало уште ништо официјално. Џиџи дошол за да не внесе во групите од ЛЕ :icon_mrgr:

Никола Илиевски – Џиџи на денешната официјална промоција како нов тренер на Вардар ги откри причините за неговото назначување на клупата на актуелниот македонски шампион. Високите амбиции кои ги дели заедно со раководството на клубот се основите на договорот за идната соработка.

„Согласно размислувањата на раководството на тимот кое сакаше Вардар да оди еден крупен чекор напред оваа година, јас сум тука да помогнам да се реализираат зацртаните европски амбиции. Јас сум скромен. Моја цел оваа година во Вардар, покрај секако двојната круна на домашната сцена, е пласман во групите од Лигата на Европа. Овој тим верувам дека може да го подготвиме да се носи со тој предизвик. Колку ќе бидеме успешни ќе покаже времето“ – истакна поранешниот македонски селектор на денешната прес-конференција, притоа не криејќи дека за тоа ќе бидат потребни неколку квалитетни засилувања на кои се работи деновиве.

„Точно е дека планираме засилувања, но ќе бидат доведени исклучиво квалитетни фудбалери. Оние кои од сега ќе дојдат во Вардар мора да бидат најмалку 50% поквалитетни од актуелните играчи за да го облечат црвено-црниот дрес. Нема потреба од доведување играчи колку да се пополнат редовите“ – вели Илиевски.

За новиот шеф на стручен штаб на „црвено-црните“ најважно е фудбалери брзо да се адаптираат на неговиот начин на работа, и вистинска да ја разберат големината на дресот кој го носат како и на своите квалитетите како би можеле во иднина успешно да се носат со сите европски предизвици.

На прес-конференцијата присуствуваа и претседателот на клубот, Зоран Шишковски, како и извршниот директор Горан Митев кој го презентираше планот на активностите за паузата.

„Пред заминувањето за Анталија подготовките ќе се одвиваат во Скопје. Во Анталија засега се договорени две пријателски средби, против Динамо Минск на 7.февруари и против чешкиот Бохемијанс Прага на 10.февруари. Остануваат уште неколку термини за кои се преговара со клубови од Русија, Украина и Романија“ – соопшти Митев.

Покрај првично планираните четири контролни натпревари, Никола Илиевски посакува уште еден тест во Анталија, на 4.февруари, ден по пристигнувањето, за што дополнително ќе биде побаран противник. Вардар планира и пријателски натпревар по враќањето од Анталија, на 20.февруари против српскиот прволигаш ОФК Београд.

Гроздановски на тренинг со „вардарци“
На денешниот претпладневен тренинг на тимот му се приклучи и поранешниот фудбалер Влатко Гроздановски.
Сепак, според информациите од раководството, Гроздановски како поранешен „вардарец“ е само приклучен на тренинзите а со него, иако се почнати преговори, се уште нема официјален договор за засилување на шампионот.
 
На дело ќе го видиме Џиџи во Март,прва утакмица со „независните“ во Битола,после Шкендија дома,па Металург гости,па Брегалница дома. :vozbud: Све јаки утакмици (y)
Значи здравје Боже Март ќе ни биде доста исполнет.:icon_mrgr:
 
На дело ќе го видиме Џиџи во Март,прва утакмица со „независните“ во Битола,после Шкендија дома,па Металург гости,па Брегалница дома. :vozbud: Све јаки утакмици (y)
Значи здравје Боже Март ќе ни биде доста исполнет.:icon_mrgr:

abe ne zezaj, vo bt gazime, skendi se raspadna, metalurg e nezgoden ama ako se zasilime tepame i tamu a bregalnica krka petarda ko turnovo
 
abe ne zezaj, vo bt gazime, skendi se raspadna, metalurg e nezgoden ama ako se zasilime tepame i tamu a bregalnica krka petarda ko turnovo
Таман работа дека нема да тепаме,за ривалитетот зборам. ;)

А и без да се засилиме,имаме убедливо најак сстав во лигата.
 
На лето е планирано враќање на Фичо Ивановски и ангажман на еден актуелен репрезентативец. Очигледно сериозни се во намерите да ги видиме групите од Лига Европа :D
Како и да е ќе го шутнат Фичо од таму,кај на 15 утакимици има дадено 1 гол,па и договорт му истекува мислам.
Он ќе моли да се врати кај нас.:D
 
Како и да е ќе го шутнат Фичо од таму,кај на 15 утакимици има дадено 1 гол,па и договорт му истекува мислам.
Он ќе моли да се врати кај нас.:D

cudna rabota za fico kaj i da oni ne go biva, a za kaj nas e car. moze treba i nie da barame stranec za napagac a ne samo na nego da se nadevame?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom