Македонскиот интернационалец Баже Илијоски во изјава за романските медиуми вели дека ниту милион евра понуда нема да го принуди да потпише за прволигашот Пандури, и покрај тоа што претходно беше блиску до договор со клубот. Но, затоа, пак, според нашите информации, секако, за многу помала сума оваа зима ќе потпише за Вардар доколку не најде ангажман во странство.
Илијоски е револтиран од изјавите на тренерот на Пандури, Петре Григорас, кој во јавноста се произнесе дека нема потреба од Илијоски во неговиот тим.
„Нема да потпишам за Пандури ниту за милион евра. Нема причина да потпишам за клуб во кој тренерот не ме сака. Бев одлучен да останам во Романија, но сега во една новонастаната ситуација не. Ја видов изјавата на Григорас во медиумите, и заклучив дека нема потреба да одам во клуб се додека вистински не им сум потребен како фудбалер. Ако само тренерот навистина ме сака, тогаш би одел во еден клуб. Парите воопшто не ми се важни“ – вели Илијоски.
А, не е тајна дека Вардар од поодамна го посакува во своите редови. Но, овој пат се најблиску до договор, иако останува отворена варијантата напаѓачот да дојде до трансфер надвор од нашава земја. Доколку тоа не се реализира, тогаш останува Вардар.
Еве што била причината Баже да не потпише во странство.
Барал клубови, ако не најдел во Вардар ццц
Не ми се допаѓаат ваквите работи, и да дојде ќе мисли на странство. Единствено добра плата ќе го насочи да дава 100% на мечевите.

Све јаки утакмици 