Не се смрзнавме, не се смрзнавмеееее

Ауууу едно 10 минути ми требаа да се вратам на себе кога дојдов дома

Ко од друга држава да сум, идам одн кај мене, снег истура, се враќам веќе се нафатило, улицине џам, неможеш да одиш нормално

Во Центар исто истураше кога одев на утакмица, а во Карпош како снег да не паднало

Како што претпостѕавив, немаше многу публика, едвај 300 луѓе, да не речам 300 будали на цел стадион, од кои 200 на запад, иако бројот ни варираше постојано

Пошто каснеа тие од Ѓорче, на почетокот на цел стадион имаше одвај 70 души

Ама тогаш почна и таму да паѓа интензивно снег, а дуваше мамата ни се еба, сто посто пола болни ќе бидат

Вардар фуриозно

Е ова е веќе шампионска игра. Теренот иако беше подмрзнат и припокриен со снег, сепак беше одличен за игра.
Денес требаше да тепаме со 20-0, што се испоуткавме не сме нормални

Геопргиев утна 5 чисти шанси, и конечно во последните минути даде пркрасен гол, го заслужи дефинитивно.
Многу добар меч, содржен, тие што не дошле треба да се каат

Уште одма пвоедовме, Георгиев влезе од десно, асистираше до Костовски, овој осамен на втората статива погоди за 1-0.
Силекс имаше шанса да измрани, влегоа од десно, Бојовиќ лошо блокираше, Симов исплива но за среќа топката беше лошо нафрлена и играчот на Силекс иако беше сам биеше со глава над голот.
Не им дадовме нова можност. Хименез со одличен пас до Костовски и реприза на првиот гол, Костовски си чекаше на втора и лесно реализираше.
Георгиев утна една шанса во првиот дел истотака.
Вториот дсел изобилуваше со прекрасни прилики.
Прво Георгиев утна две сто процентни шанси. Доби топка од Цикарски ми се чини, истрча сам пред гол но лошо пласираше.
Потоа имавме корнер, кратко одбиена топка, од 5 метри Георгиев можеше да бира кај да путира но ја зарога над гол.
Стојаковиќ покажа како се реализира. Доби одлична топка некаде 7-8 метри од косо, и пласираше одлично во долниот десен агол на голманот на Силекс.
Веднаш зголемивме на 4-0, Георгиев се проби по десно, не беше себичен и ја додаде до Костовски кој дојде до хет-трик.
И тука како голманиве да ги спуштија ролетните

какви се промашувања имаше до крај лелеле

Костовски имаше еден удар со глава кој го одбрани голманот на Силекс. Георгиев имаше уште една одлична можност која ја промаши и дојдоа двете шанси по кои голманот на Силекс рефлексно интервенираше.
Некој ја проби топката од страна, додаде во шеснаесетникот, Георгиев одлично ја зафати во паѓање, голманот на Силекс ја закачи со нога и спаси гол

По баксуз од георгиев амин

После одлично нафрлување од десно, Георгиев највисок, голманот на Силекс одново брани рефлексно

Доаѓа ред на Силекс, уткаат две чисти шанси пошто Симов одлично одбрани.
Му доаѓа редот и на Костовски, удар со глава по корнер, топката минува крај стативата.
Во игра за прв пат влезе младиот Един Мерсановски.
Какво човече

Колку години има? 13?

Пливаше во дресот...
Имаше и тој шанса, се одби една топка, ја аспали убаво ама погоди во глава еден од играчите на Силекс и топката се одби во корнер, ако не го погодеше сигурен гол ќе беше.
И конечно Георгиев даде гол, мајсторски прими топка од десно, нанижа неколку, и со убаво ефе погоди во долниот лев агол за конечни 5-0

Сите изиграа одлично денес, ете колку ни значи што ни се врати здрав Оса, одма сигурност во средината имаме

На полувреме Хименез излезе, влезе Петров, Мерсановски влезе место Стојаковиќ, а Темелков доби 30-тина минуити место Стјепановиќ.
Навивањето во граници на можности, каснеа водачите, каснеа скоро сите што беа во Ѓорче, така да конечно се собравме кога беше некаде 30-та минута... Имаше и неколку Војводи и член на Пирати на запад. После тоа навивањето се подобри, мада времево не искина, аи се одеше на полагано навивање. Лудории, имаше неколку пароли, покривно знаме, димни, баклји...
Се гледаме во пролет
--- надополнето: 9 декември 2012 во 20:37 ---