Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
На Ѓеорѓиев вчера му ги броев шансите,дури седмата 100% шанса ја збрца у гол...:ROFLMAO:
И алелуја конечно изигра нешто после 3 месеца,ама ипак јас стојам позади кажаното дека повеќе би просперирал како атлетичар,шпринт на 100 метра.:D
 
Па у стартен состав имаме 3 малди играчи Ѓоргиев 22, Ранѓеловиќ 22 и Цикарски 20, нема сега да правиме ние екипа у-21 доста се овие, плус чат пат и добиваат шанса и некој други деца од мадлинскиот тим така да супер е ова, само работата со тие во младинските категории треба да се поправи. :D
Голчињата од вчера, ај зборете за Ѓоргиев слаба техинка има сеа да ве видам првиот гол како ги помина. :D
Тие млади се за млади, ама ниеден не е произлезен од наша школа. Загрижувачки е што неаме ни еден од младинскиот тим спремен да влета во сениорскиот. Погледни ги Партизан, Динамо, Хајдук... само вадат нови клинци. Како фабрика се.
 
Затоа пишав дека работата со малдинските тимови треба да се поправи и тоа има доста работи кој треба да се сменат во младинските категории, кога би биле вистините они приказни од 4 милиони буџет дека би имале јас 2 милиона одма би ги уложил во тренинг комплекс каков што гради ФФМ, ама за тоа треба да чекаме да дојде спонзор кој би вложил толку пари во Вардар.
 
Есенска титула :D

Како што кажаа погоре,измрзнавме како пички,грлото ме кине и од ладно од дерење и какап на све ладно пиво,едно 252352 чаја испив од вчера.Како и да е Силекс декласиран,многу јако изиграа дечките посебно Оса се виде како е значајен во средината он,топка не помина покрај него.Ѓоргиев човече :pos:сум се смеел цело време по баксуз човек од него нема,јас да се симнев ке ги дадев тие шанси он што ги промаши,али на крај добро се извади како му ја збибери :D.Се гледаме на пролет,ваљда ке не израдуваат со некое засилување во зимен преоден рок,па уште појаки до двојна титула.
 
Па у стартен состав имаме 3 малди играчи Ѓоргиев 22, Ранѓеловиќ 22 и Цикарски 20, нема сега да правиме ние екипа у-21 доста се овие, плус чат пат и добиваат шанса и некој други деца од мадлинскиот тим така да супер е ова, само работата со тие во младинските категории треба да се поправи. :D
Голчињата од вчера, ај зборете за Ѓоргиев слаба техинка има сеа да ве видам првиот гол како ги помина. :D

На тоа и мислев :) , на играчи од нашата школа, не на купување млади играчи. Еден клуб како што е Вардар не смее да си дозволи да нема играчи што ќе излезат од нашата школа, мора да се работи на тоа поле. Наместо да го зголемиме буџетот со продавање на млади квалитетни играчи, ние како да имаме 20 милиони буџет :eek: Треба да земеме пример од другиве балкански клубови :)
 
Ај веќе кога ќе заврши есенскиот дел од сезоната, редно е да напраиме едно мало резиме во стилот на Коњаникот Сабја :D
Сите како никогаш досега го очекувавме стартот на сезоната во голема еуфорија поради освоената титула и настапот во квалификациите од ЛШ по пауза од 9 години. Но, сметките ни ги помати малерозната ждрепка, која морам да констатирам дека оваа година не пратеше и во фудбал и во ракомет, и ќе се испостави дека ни го додели најтешкиот можен противник. Рака на срце ни управата не се претргна многу во обидите да се помине БАТЕ. Најдобриот поединец од минатата сезона ни го собра клуб од Казахстан, неколку месеци претходно во Кина си замина и вториот играч од кого многу очекувавме со оглед на неговото интернационално искуство, Илчо се преорентира на претседателските избори во ФФМ, секако и засилувањата не беа со потребното педигре за европските искушенија, а мора да се напоменат и подготовките на Златибор каде наместо со Звездашите, се испробувавме против синдикатот на српски фудбалери без договор?! Се на се, управата падна на својот дебитанстски европски испит. Сепак, и покрај се, еуфоријата нималку не спласна. Во голем стил ги испративме играчите за Белорусија од помошното на Работнички, со абер дека веруваме во европско чудо. И конечно дојде мечот во Борисов. Откако белоруската национална телевизија не извиси за сигнал на сателит, под објаснение дека се ќе реши на првиот меч и не се заинтересирани за превземање на сликата од Скопје(?!), па моравме да се снаоѓаме со стримови. Утакмицата сите знаеме како ја загубивме, али тогаш настана невидена лудница во Скопје, каква што немала последниве 10 години со оглед на големите турбуленции во Вардар. Картите идат како алва, сите со нетрпение го чекаат реваншот, уверени во елиминација на Бате и дека ќе бидеме сведоци на уште минимум 4 утакмици од европските купови. И конечно дојде денот. Реки луѓе се упатуваат кон Градски како во минатото, кафанџиите тријат раце од преполните локали, владее одлична атмосфера и се е спремно да паднат Белорусите. И тука доаѓа разочарувањето по големите очекувања. Вардар неконкретен, комплетен прочитан од противничкиот стратег, ни налик на тоа го прикажа во Борисов. За Вардар тука заврши европската одисеја. Сите со заклучок дека не кошташе катастрофалната завршница од првата утакмица, а може само да претпоставуваме што ќе беше доколку ги имавме Ивановски и Грозданоски.
За Вардар сега претстоеше нова сезона во македонското првенство. И нормално многу е разочарувачки кога ќе паднеш од коњ на магаре, односно од европскиот сон кои го живеевме цели два месеци да се вратиш во сивата македонска реалност. Еуфоријата секако спласна, никој не го очекуваше стартот на есенската полуетапа како пред само една година. И за очекување беше такво нешто. Вардар во сезоната влезе со нов тренер, оспоруваниот Боби Милевски поради евидентниот недостаток на тренерско искуство, го замени кумот Илчо, кој застана на местото претседател на фудбалската федерација. Полусезоната може да се каже дека беше една од најмонотоните и најдосадните досега. Вардар битката за титула ја води со Турново, Металург и Шкендија. Пелистер повторно мака мачи за избегнување на најлошото, Тетекс исто така, Победа, Слога и Беласица ги нема ни во Прва лига. И веројатно сето тоа си го прави своето за да првенството биде незанимливо. Вака така, успеавме да догураме до зацртаното - првото место, и покрај баш не така лесно остварената цел. Ако дома бевме неприкосновени за секого, од учинокот на гостински терен на сите ни се креваше косата. Во зимската пауза, се надевам дека ќе се засилиме на неколку места каде сме најтенки и ќе го повториме успехот од претходната сезона, па на лето во нов покушај на неостварениот сон за секој Вардарец - групи од ЛШ :cool:
 
Слабо, слабо :P Како почна мислев 10 пати повеќе ќе напишеш :icon_mrgr: Не ти е баш во стил на Коњаникот, он волку објаснува за тоа кој каде ќе седи во сала :ROFLMAO: Очекувам како шлаг еден роман од него и со слики, да биде со сите нишани :icon_lol: Лани за на крај на сезона ли беше кога направи резиме за секоја утакмица :coffee: :D
 
:D
Епа сеа не можам ја да се мерам со Коњаникот :D Шлагот му го препуштам на него (y)
 
Стручњакот наш :D

Искрено ја не очекувам којзнае какви засилувања зимава, не верувам дека имаме доволно пари за тоа. Чим сакаат заеднички да идат за Анталија со Турново и Брегалница....
Али ако ништо друго бар да донесат греачи на клупа, да не дојдеме во ситуација младинци да влагаат во игра, или уште полошо Захов....
 
Абе што е ова бе еден месец одмор ќе имаат овие и тоа башка во моменти на божиќни и новогодишни празнинци. Кога ќе се вратат сите со пивски стомаци :D
И нели викаа датумот за у Австралија не им одговарал што беше понуден од 21 јануари до 21 февруари, а во Анталија ќе идат од 8 до 21 февруари, ни они не знаат што прават.
 
Голем одмор, али затоа и паузата е голема до почетокот на првенството.

Цел месец пауза во средина на првенство, и после фудбал сакаме, епа нема...
 
Абе што е ова бе еден месец одмор ќе имаат овие и тоа башка во моменти на божиќни и новогодишни празнинци. Кога ќе се вратат сите со пивски стомаци :D
И нели викаа датумот за у Австралија не им одговарал што беше понуден од 21 јануари до 21 февруари, а во Анталија ќе идат од 8 до 21 февруари, ни они не знаат што прават.
Бољи нека одмараат отколку некој да шине кичма на снегов :D Башка којзнае у какво стање е теренот во Ѓорче после врнеживе. И онака ни се повреди пола екипа во последниве недели.
Иначе и Динамо глеам заминале на одмор до 7 Јануари. Јебеш га, на Балканов нема услови за играње во наредните 3 месеци.
Стручњакот наш :D

Искрено ја не очекувам којзнае какви засилувања зимава, не верувам дека имаме доволно пари за тоа. Чим сакаат заеднички да идат за Анталија со Турново и Брегалница....
Али ако ништо друго бар да донесат греачи на клупа, да не дојдеме во ситуација младинци да влагаат во игра, или уште полошо Захов....
И мене така ми се чини, а и најавите се дека нема да се троши претерано зимово...
 
Во просек дома постигнуваме голви колку и Барса и Реал, имаме 3.22 голви по натпревар на домашен терен, Реал има 3,12 а Барса точно три. :D
Грешка, затоа што во овој просек како домашна е рачуната и утакмицата со Напредок на неутрален терен во Куманово. Инаку на „Филип Втори“ имаме дадено 28 гола на 8 утакмици или во просек точно по 3,5 гола по натпревар.
 
Значи и ако се носат зимоска засилувања,тие да се донесат пред да се оди за Антлија,да не биде ко со Борче работава во 5 до 12...
Даа им се даде простор за да се уклопат со екипата,а сигурен сум дека барем 1-2 ќе се донесат преоднив рок.
 
Back
На врв Bottom