Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
manevski%20so%20drita%20golema.jpg

Вардар есенски шампион: „Црвено-црните“ ја совлада Дрита (0-1) во Тетово со голот на Маневски
Екипа Прва лига
04.12.2012 14:58

Актуелниот првак Вардар со триумфот од 0-1 над Дрита во Тетово ја освои есенската шампионска титула во тековниот шампионат. Со трите бода од овој меч, „црвено-црните“ му побегнаа на Хоризонт Турново на врвот на табелата со 35 освоени бода (Турново има 32) и зимата ќе ја поминат на првата позиција. Секако, в недела ќе се одигра и последното 18.коло пред зимската пауза, а Вардар има можност да ја потврди предноста, со оглед дека на домашен терен ќе го пречека Силекс.

Дуелот што во неделата беше одложен поради поплавен терен на стадионот во Боговиње меѓу Дрита и Вардар се одигра денеска на Градскиот стадион во Тетово. Условите за игра исто така беше тешки, теренот каллив, но тоа не им пречеше на „црвено-црните“ да слават минимална победа од 0-1. Стрелец на победничкиот погодок беше Борче Маневски во 87.минута од средбата.

Беше јасно дека на тешкиот терен за игра ќе пресуди борбеноста и трката за секоја топка. Вардарци уште од стартот покажаа дека се решени да триумфираат, а првата посериозна можност ја имаше токму Маневски во 24.минута, но неговиот шут заврши над голот на Дрита. Шест минути подоцна се закани и Хорхе Хименез, но исто така беше непрецизен.

Во второто полувреме, условите за игра на калливиот терен беа уште потешки, но не изостана желбата за надигрување и кај двете екипи. Во завршницата, Вардар успеа да го скрши отпорот на Дрита и да ги освои трите бода со голот на Маневски на три минути пред крајот.

По 17 одиграни кола во Првата МФЛ, Вардар се наоѓа на првото место и го заслужи епитетот есенски првак со 35 освоени бода, пред Хоризонт Турново со 32 бода, Металург и Напредок со по 30 бода, Шкендија со 29 бода...

Последното коло пред зимската пауза е на прорамата претстојниот викенд.

ЕСЕНСКА ТИТУЛА!
Браво Борче, останува само да ја зачуваме предноста (или зголемиме) со победа во последното коло против Силекс!
 
Тој цела полусезона не е опоравен ко шо треба.Што сакаш србин.:icon_mrgr:

Vo preodniov rok mora da se zeme lev bek, eden igrac od sredina kreator na igra krilo i napagjac toa se moite zelbi , inace rangelovic e podlozen na povredi epten , steta inace dobar igrac e
 
Прво нека ни е честито првото место во есенскиот дел, па на пролет повторно да славиме! Овојпат по можност двојна круна :D
Бре шо ќе беше со тој Ранѓеловиќ?!:( А баш пишуеше дека е неизвесен за утакмицава поради повреда. Шо мајка барал Милевски да го става незалечен на таков сјебан терен... не ми е јасно. Браво за Борота. Конечно и од него да видиме да реши еден меч како најплатен поединец у екипата, иако многу почесто треба да го гледаме тоа од него. Ај ваљда ќе глеаме подобри изданија од него на пролет откако ќе ги пројде комплетните подготовки со екипата. Летоска, касно се приклучи.
П.С. Како се израдува шефот на голот. Се гледа дека и на него му олесна :D
 
Не е битно дали ќе се зима лев или десен бек,битно да се земе бек.Со зимање на лев бек,Бошковски би се префрлил десно,повеќе му лежи таа позиција,а со зимање десен,лево би си останале Цикарски и Бошковски,а десно Мичка и тој другиот што би дошол.:)

Влатче да потпише,и на крило ќе сме топ.Шпиц обавезно да се зима,неможеме цела сезона да се надеваме на Јове.

А креатор на игра,што знам не ни треба.Треба Оса да се врати во форма,и Пеџа да фати ритам,да прекине да се повредува,и со тоа би се вратила формата на средниот ред од прошлата сезона.
--- надополнето: 4 декември 2012 во 17:33 ---
 
Не знам дали добро слушнав ама как ода вика Тоо ајде пички :pos:
 
Сега останува овој тим да биде дополнет, сосема солиден состав за оваа лига има Вардар, но гледаме дека Хоризонт и Шкендија се многу блиску , посебно играчите на Шкендија вредност имаат на пазарот и докажани се повеќето и во странство. Но приоритет е овде обезбедување лесен финиш на сезоната и обезбедување со тоа добар пласман на европско тло, каде што за нашиот најдобар македонски претставник е потребно да се засили многу.
Првичното е во одбраната, левата бековска позиција... демек купен беше тој нигериецот, еден меч и ајт нема ништо веќе.
Гроздановски ако се врати, ќе значи премногу за се во тимот. За атмосфера, квалитет, баланс во средината на теренот...
Шпиц исто така е потребен, зашто денеска не си верував ни на очиве кога видов дека Б.М. постигнал погодок...:LOL:
Се бара од управата да фрли некое евро , за да им се врати во убава количина на лето !
 
Не е битно дали ќе се зима лев или десен бек,битно да се земе бек.Со зимање на лев бек,Бошковски би се префрлил десно,повеќе му лежи таа позиција,а со зимање десен,лево би си останале Цикарски и Бошковски,а десно Мичка и тој другиот што би дошол.:)

Влатче да потпише,и на крило ќе сме топ.Шпиц обавезно да се зима,неможеме цела сезона да се надеваме на Јове.

А креатор на игра,што знам не ни треба.Треба Оса да се врати во форма,и Пеџа да фати ритам,да прекине да се повредува,и со тоа би се вратила формата на средниот ред од прошлата сезона.
--- надополнето: 4 декември 2012 во 17:33 ---
Шпиц е прво нешто што треба да се капариса. Само некој асален да најдат, а ако е како Али, Огбона или Ѓешоски, бољи ич да не носат таков. Костовски се испука во првите 6-7 кола... сега у 10 кола едвај гол да има дадено. И Ѓешоски обавезно да го вратиме да си сади тутун во Прилеп :D
И секако уште 2-3 играчи за да има кој да седи на клупа.
Не знам дали добро слушнав ама как ода вика Тоо ајде пички :pos:
Ајде сега маму ви ебам :pos:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom