Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
За горново горе доле си во право. Причини има повеќе.
Што од едната трибина, што од неможноста полицијата да овозможи да допатува гостинска навивачка група па постојано дава црвено светло за гостување во Чаир.
Сепак ти гарантирам дека да играат Слога-Вардар ќе има бар 150 луѓе кои би оделе на ова гостување ;)

А и не гледам причина да нема и повеќе од 150.
Скопје е наш град. А Чаир е дел од Скопје. Не е тоа ваљда Триполи па да убиваат луѓе.
Штета што Слога не постои како клуб веќе, би биле интересни дуелите во Чаир и на Градски!
 
Филмов што се снима, "трето полувреме" се однесува на клубот Македонија од Скопје којшто за време на Бугарската окупација играл во бугарското првенство и за малку ќе станел шампион. После Втора Свецка, тимот влегува во тогашната прва лига на Југославија и првата сезона ја игра со тоа име. После тоа, фузинира со друг тим од Скопје и го формираат Вардар којшто постои до денес. Ме интересира, дали некој знае дали името Македонија било неприфатливо за тогашниот режим па морало да се смени? Нели сите тие имиња, Црвена Звезда, Динамо, Партизан, Раднички итн се комунистички кованици а повеќето пред војната имале други имиња.
 
Тошак и Бабунски, го заборавија „црвено-црниот“ бомбардер

На крајот од минатата работна седмица, селекторот на фудбалскиот национален тим на Македонија, Џон Тошак, го објави списокот со репрезентативци, за претстојниот пријателски натпревар против Албанија. Можеби ќе звучи како чаршиски муабет, меѓутоа на него одново доминираат имињата на фудбалерите со кои помошникот Бобан Бабунски, начисто го „оплеска“ претходниот квалификациски циклус со селекцијата до 21-година. Од друга страна, меѓу 24-те повикани кандидати нема место, за „црвено-црниот“ бомбардер, Филип Ивановски, од редовите на водечкиот Вардар. Оправданието дека Македонија отсекогаш имала два милиони неофицијални селектори е најлесно да се искористи како алиби за објавениот список. Меѓутоа во продолжение ви презентираме пет причини, поради кои за „расниот“ голгетер од домашното првенство едноставно мораше има повик, барем за оваа пријателска средба со западниот сосед.

1.Најдобар стрелец во ПМФЛ
По 13-те одиграни кола во македонската прва фудбалска лига, Филип Ивановски е прв стрелец, со вкупно 10 постигнати погодоци во дресот на скопски Вардар. Благодарение на нив, „црвено-црните“ се убедливо први на табелата со 5 бода предност во однос на второпласираниот Металург. Без него во своите редови, веројатно најтрофејниот фудбалски колектив во земјава, се уште ќе беше на ланското „дереџе“, во борба за опстанок наместо за европските купови, односно шампионската титула.

2. Способност да реши клучен натпревар
Симпатизерите на Македонија Ѓорче Петров, како и сите љубители на домашниот фудбал уште долго ќе го паметат неговиот погодок во финалето од државниот Куп во 2006-та година, кога со својот „слалом“ од средината на теренот ги „нанижа“ играчите на Шкендија. Што се однесува до тековната сезона, Ивановски два пати едно по друго го реши градското дерби против Работнички, постигнувајќи три гола на двете средби. Во листата на стрелците се запиша и на натпреварите против главните конкуренти за есенската титула Металург и Шкендија.

3.Вродено чувство за гол
Можеби не располага со некоја врвна техника и бравурозни дриблинзи налик својот клупски колега Лико, но затоа секогаш знае да се најде на вистинското место и со нему својствената леснотија да ја спроведе топката во противничката мрежа. Во прашање е елемент од играта, кој што на еден напаѓач или му е дарен како талент од бога или едноставно го нема. Оттука, анализирајќи го според неговата физичка конституција и телесна висина, Филип Ивановски со право ќе го наречеме вардаровиот Марио Гомез.

4. Редовна минутажа
Општо познато е правилото дека за репрезентацијата можат да играат само најдобрите и најдобро подготвените. За врвната форма во која што се наоѓа „центарфорот“ на стратегот Илчо Ѓорѓиоски, доволно говорат статистичките податоци од натпреварите од Првата лига. На 13-те првенствени средби од тековната сезона, Ивановски настапи на вкупно 11 и притоа мина точно 990 минути активна игра на фудбалските терени. Во прашање е минутажа на која што би можел да му подзавиди дури и Горан Пандев.

5. Добар впечаток на средбите против Ерменија и Словачка
За волја на вистината квалитетите на Филип Ивановски не им се непознати на Тошак и Бабунски. Фудбалерот на Вардар, доби шанса за настап на двете последни средби од евроквалификациското фијаско. На гостувањето во Ереван, беше еден од ретките кој што влегуваше во шанса, во катастрофалниот пораз од 4-1 против Ерменија. На средбата против Словачка, откако влезе во игра во второто полувреме со себе ја донесе и потребната свежина во нападот, по што беше постигнат и израмнувачкиот погодок.

http://sport.mnogoo.mk/mk/articles/Fudbal/toshak-i-babunski-go-zaboravija-crvenocrniot-bombarder
Druze vaka...kako sto odi situacijava Pandev nema da igra,taka sto ke ostane prazno mesto za napagac pa prv izbor mu e Ristik,no pak problem,premnogu e daleku da dopatuva do tuka,taka sto ... So mislis ?!...Pa sekako ke padne izbor tokmu na Ivanovski ... Taka sto siguren e za ovoj natprevar... :D
 
Филмов што се снима, "трето полувреме" се однесува на клубот Македонија од Скопје којшто за време на Бугарската окупација играл во бугарското првенство и за малку ќе станел шампион. После Втора Свецка, тимот влегува во тогашната прва лига на Југославија и првата сезона ја игра со тоа име. После тоа, фузинира со друг тим од Скопје и го формираат Вардар којшто постои до денес. Ме интересира, дали некој знае дали името Македонија било неприфатливо за тогашниот режим па морало да се смени? Нели сите тие имиња, Црвена Звезда, Динамо, Партизан, Раднички итн се комунистички кованици а повеќето пред војната имале други имиња.
Вистина е. Не било прифатливо да има клуб со име Македонија во тоа време зашто се сметало за премногу националистичко и морало да се промени.
 
Makedonija i Pobeda bile togas klubovi od Skopje koi se fuzirale i nastanal segasniot FK Vardar. E sea ima mnogu dilemi kako sto , ednata sto ja znam mi ja ima kazuvano dedo mi koj dolgi godini bil vo fudbalot vo FK Metalec (MZT) i kazuvase deka navodno da ne se vika ua Makedonija pa doslo do fuzija, no eve iskacaat drugi tezi, gospod znae sto bilo i kako bilo porano
 
Мафијаши се заебавате сите,сите барате видео а никој не објавил за утрешното гостување

Реванш натпреварот од 1/4 финалето на Купот на Македонија помеѓу екипите на ФК 11 Октомври и ФК Вардар ќе се одигра на стадионот во Струга на 09.11.2011 (среда). Комити собирање на железничка во 09.00 часот. Ајде да го одработиме квалитетно и ова гостовање!!!!
 
Мафијаши се заебавате сите,сите барате видео а никој не објавил за утрешното гостување

Реванш натпреварот од 1/4 финалето на Купот на Македонија помеѓу екипите на ФК 11 Октомври и ФК Вардар ќе се одигра на стадионот во Струга на 09.11.2011 (среда). Комити собирање на железничка во 09.00 часот. Ајде да го одработиме квалитетно и ова гостовање!!!!

Mislam deka objavija :D
 
Мафијаши се заебавате сите,сите барате видео а никој не објавил за утрешното гостување

Реванш натпреварот од 1/4 финалето на Купот на Македонија помеѓу екипите на ФК 11 Октомври и ФК Вардар ќе се одигра на стадионот во Струга на 09.11.2011 (среда). Комити собирање на железничка во 09.00 часот. Ајде да го одработиме квалитетно и ова гостовање!!!!
Ne gi karaj odma ima na edna strana ponazad :icon_lol:
Ja ako zavrsam so kolokviumov(polagam od 8)ke dojdam....
 
Ааа добро ви е на вас,ја полагам од 6 ама навечер,така да од 3 до 6 нема шанси да стигнеме од струга
 
И јас од 8 полагам :D
Бооо што колоквиуми имате вие бе што планирате да ги завршите до 8 и 30 :D
И да препишувам нема да стигнам, пошто една задача ми е по 2-3 страни :tapp:
Сум брзал многу пати досега за да стигнам во Вардар особено кога ќе ми ставеле колоквиум во сабота (:tapp:) али за овде е преоптимистички дека ќе стигнам...
 
Утре идам и јас.Слободен сум,неам некоја поважна работа така да идеме.Мора некој да иде,а 1 бус сигурно ке има,накај 70-80 души.
 
На состанокот кој ќе се одржи во понеделник во Софија, нема да присуствуваат претставници на македонски клубови, но ќе има претставници од Русија.

Во понеделник во Софија ќе се одржи состанок на кој ќе се договара формирање на Балканска фудбалска лига. Ова натпреварување, кое се очекува да биде помогнато и водено од страна на УЕФА ќе биде без македонски клубови.
Според информациите, лигата ќе ја сочинуваат тимови од Романија, Бугарија, Србија, Грција и Турција, а покана за учество добиле и Русите.
Директорот на ЦСКА Софија, Драгољуб Симоновиќ, кој воедно ќе биде домаќин на состанокот, вели дека со формирањето на ваква лига клубовите ќе си помогнат самите на себе, додека евентуалното учество на руски тимови само ќе ја зголеми конкуренцијата, квалитетот, како и посетеноста на стадионите.
Ваквата идеја одамна е најавувана, некогаш беа спомнувани и клубови од Македонија, но според последната подготовка, доколку дојде до формирање на Балканска лига наши тимови нема да има во неа.
http://kurir.mk/sport/fudbal/49016-Namesto-makedonski-ruski-timovi-vo-Balkanska-liga
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom