Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
А кога веќе мешаш групи.... Фемили први послем 10 години отидоа на гостовање во Куманово,Први гостуваа на Лирија.... и така натаму.... така да подобро не мешајте групи...... Секој си ја знае својата сила... И јас можам да се мавам во груди како вас.... Но реалноста е друга......
Гостуваа на Лирија во сала Кале ;)
Исто како Вардар да и гостува на Слога на стадионот во Маџари или Ѓорче.
Па Куманово не играше во ниедна лига, кој сакаш да им гостува? Незнам зошто си го спомнал Куманово во исти кош со Чаир. Да играа Работнички први со КУманово, ЦПБ ќе отидеа први. Ние имавме бојкот лани при крај на првенството па искористивме да отидеме на некој ракометен меч. За еден ден се собравме 5 автобуси за ракометниот меч Куманово-Вардар.

За горново горе доле си во право. Причини има повеќе.
Што од едната трибина, што од неможноста полицијата да овозможи да допатува гостинска навивачка група па постојано дава црвено светло за гостување во Чаир.
Сепак ти гарантирам дека да играат Слога-Вардар ќе има бар 150 луѓе кои би оделе на ова гостување ;)
 
Па добро,навивањето почна со фудбалот,но според мене атмосферата што може да се направи во сала е нешто најбоље и навивањето во сала ми е 1000000000000 пати подобро од тоа на стадион.
Во сала е затворено,акустиката е друга,одма си до терен,протисокот врз играчите е поголем,се играат спортови во кои никако не може 90 дерење да ти биде залудно,да не дадеш ни гол или да не шутнеш на гол,за во стадион треба огромна бројка,на стадион убава атмосфера не може да се прави на стадионче од 2-3 000 луѓе,па макар било прекрцано,а да наполнат асален сатадион само 20-30 групи низ целиот свет можат,повеќе си на удар на временските услови на стадион,за тоа каква атмосфера ќе има многу зависи и од тоа каков е стадионот итн.
Епа другар сеа тебе може ти е боље во сала, ама се знае што е она правото. Се знае по што откачува цел Свет, сем имбецилите амерички, и кој спорт е повеќе од игра. Едноставно излишно е било што да се коментира на оваа тема.
 
313208_276175509094067_100001048613362_876978_929239591_n.jpg
Respect до браќата.
 
^ Знамето е ставено од член на Комити кој веќе со години живее во германија. Ставена е за да бидат испровоцирани навивачите на гостинскиот клуб АЕК Ларнака од Кипар.
Често дечкото го става знамево на трибина :)
Колку ми е чудно, ќе гледам некогаш Шалке, и оп го слушам ритамот од химната наша во позадина:D
 
Како бе дресови 500-че, што, како, кога? Дај кажувајте ако знаете нешто повеќе.
 
Да не ве цитирам сите.. Но преку куров веќе од вакви што се маваат во груди дека се бог и батина.....Да не мешаме групи,но во моментов ниедна група не е способна да отиде на огстовање во Чаир.. Дали е тоа Комити,Ф.а или ЦПБ.. Значи никој не е способен да отиде и да не престави достојно како Македонци...... Единствено обединети може..... да се најдат 200 души од сите 3 групи кои верувам и знам дека достојно ќе се покажат......

А кога веќе мешаш групи.... Фемили први послем 10 години отидоа на гостовање во Куманово,Први гостуваа на Лирија.... и така натаму.... така да подобро не мешајте групи...... Секој си ја знае својата сила... И јас можам да се мавам во груди како вас.... Но реалноста е друга......
Зашто кажуваш за групи на кои не припаѓаш дека не сме способни да идеме во чаир па ако твојата група не е способна не значи и комити дека не се или цпб а можда и фа може ќе отидат од кај знаеш неможеме да дознаеме се додека полицијата не ни дозволи а јас сум сигурен дека ние миниму ќе отидеме 200 души а истот го мислам и за вас и цпб само што немам шанса да одиме па само у комити колку члленови има од чаир од таму само 50 ќе бидат
 
Kako изгледа моментално атмосферата во Вардар ?! :ROFLMAO:
--- надополнето: Nov 7, 2011 6:08 PM ---

Kako изгледа моментално атмосферата во Вардар ?! :ROFLMAO:

И секако тренерот како мотивација во Вардар !!!

--- надополнето: Nov 7, 2011 6:30 PM ---
Луѓе дај кажете ми од каде може да купам 2 дреса од Вардар за мене и брат ми ?! :( .. Брат ми се утепа од плачење(ма исто и јас)..Голем плачко сум :D ...Ако имате некои информации навистина ви би бил благодарен ... :)
 
Vo Orka imas 1500 denari se , originalen dres na Vardar
 
Тошак и Бабунски, го заборавија „црвено-црниот“ бомбардер

На крајот од минатата работна седмица, селекторот на фудбалскиот национален тим на Македонија, Џон Тошак, го објави списокот со репрезентативци, за претстојниот пријателски натпревар против Албанија. Можеби ќе звучи како чаршиски муабет, меѓутоа на него одново доминираат имињата на фудбалерите со кои помошникот Бобан Бабунски, начисто го „оплеска“ претходниот квалификациски циклус со селекцијата до 21-година. Од друга страна, меѓу 24-те повикани кандидати нема место, за „црвено-црниот“ бомбардер, Филип Ивановски, од редовите на водечкиот Вардар. Оправданието дека Македонија отсекогаш имала два милиони неофицијални селектори е најлесно да се искористи како алиби за објавениот список. Меѓутоа во продолжение ви презентираме пет причини, поради кои за „расниот“ голгетер од домашното првенство едноставно мораше има повик, барем за оваа пријателска средба со западниот сосед.

1.Најдобар стрелец во ПМФЛ
По 13-те одиграни кола во македонската прва фудбалска лига, Филип Ивановски е прв стрелец, со вкупно 10 постигнати погодоци во дресот на скопски Вардар. Благодарение на нив, „црвено-црните“ се убедливо први на табелата со 5 бода предност во однос на второпласираниот Металург. Без него во своите редови, веројатно најтрофејниот фудбалски колектив во земјава, се уште ќе беше на ланското „дереџе“, во борба за опстанок наместо за европските купови, односно шампионската титула.

2. Способност да реши клучен натпревар
Симпатизерите на Македонија Ѓорче Петров, како и сите љубители на домашниот фудбал уште долго ќе го паметат неговиот погодок во финалето од државниот Куп во 2006-та година, кога со својот „слалом“ од средината на теренот ги „нанижа“ играчите на Шкендија. Што се однесува до тековната сезона, Ивановски два пати едно по друго го реши градското дерби против Работнички, постигнувајќи три гола на двете средби. Во листата на стрелците се запиша и на натпреварите против главните конкуренти за есенската титула Металург и Шкендија.

3.Вродено чувство за гол
Можеби не располага со некоја врвна техника и бравурозни дриблинзи налик својот клупски колега Лико, но затоа секогаш знае да се најде на вистинското место и со нему својствената леснотија да ја спроведе топката во противничката мрежа. Во прашање е елемент од играта, кој што на еден напаѓач или му е дарен како талент од бога или едноставно го нема. Оттука, анализирајќи го според неговата физичка конституција и телесна висина, Филип Ивановски со право ќе го наречеме вардаровиот Марио Гомез.

4. Редовна минутажа
Општо познато е правилото дека за репрезентацијата можат да играат само најдобрите и најдобро подготвените. За врвната форма во која што се наоѓа „центарфорот“ на стратегот Илчо Ѓорѓиоски, доволно говорат статистичките податоци од натпреварите од Првата лига. На 13-те првенствени средби од тековната сезона, Ивановски настапи на вкупно 11 и притоа мина точно 990 минути активна игра на фудбалските терени. Во прашање е минутажа на која што би можел да му подзавиди дури и Горан Пандев.

5. Добар впечаток на средбите против Ерменија и Словачка
За волја на вистината квалитетите на Филип Ивановски не им се непознати на Тошак и Бабунски. Фудбалерот на Вардар, доби шанса за настап на двете последни средби од евроквалификациското фијаско. На гостувањето во Ереван, беше еден од ретките кој што влегуваше во шанса, во катастрофалниот пораз од 4-1 против Ерменија. На средбата против Словачка, откако влезе во игра во второто полувреме со себе ја донесе и потребната свежина во нападот, по што беше постигнат и израмнувачкиот погодок.

http://sport.mnogoo.mk/mk/articles/Fudbal/toshak-i-babunski-go-zaboravija-crvenocrniot-bombarder
 
Не го заборавиле, не им платил. А и имаат на списокот играчи од нападот што бараат нови клубови.....
 
Само 4тата точка е причина зашто би се повикал Ивановски. Другите горе-доле се дискутабилни, зашто кога ќе се повика играч од туркеменистан одма се јавуваме како нивното првенство било лошо, а нашево воопшто не е далеку од тоа ниво.
Не знам кои се повикани за нападот, али реално би требало да бидат: Пандев, Тричковски и Ристиќ.
 
Komiti Skopje

Реванш натпреварот од 1/8 финалето на Купот на Македонија помеѓу екипите на ФК 11 Октомври и ФК Вардар ќе се одигра на стадионот во Струга на 09.11.2011 (среда). Комити собирање на железничка во 09.00 часот. Ајде да го одработиме квалитетно и ова гостовање!!!!
:)
 
Статистички: Вардар подобар од Реал Мадрид!

Вардар е подобар од Реал Мадрид оваа сезона, кога е во прашање чистата статистика која ги рангира лидерите во европските фудбалски шампионати во овој момент, исклучиво според бројот на освоени бодови од вкупните можни во досегашниот тек од сезоната. И Вардар и Реал Мадрид имаат процент на успешност (84%), но најтрофејниот македонски клуб во моментов е подобар од најтрофејниот европски клуб во историјата, затоа што вардарци за разлика од „кралевите“ немаат загубено ниту еден натпревар.

На ова неформално рангирање на водечките екипи во европските фудбалски првенства на првото место се наоѓа англискиот клуб Манчестер сити кој во Премиер - лигата досега има успешност од 94%. Потоа следува Партизан од српското првенство, пред Панатинаикос и Глазгов ренџерс. Тоа се екипите кои досега се над границата од 90% на успешност.

Следуваат Динамо Загреб (88%), Шериф Тираспол (87%), АЗ Алкмар (86%), Лудогорец (86%), Омонија (85%), Спарта Прага (84%) и потоа е лидерот на табелата во македонскиот фудбалски шампионат, Вардар. Случајно или не, засега големиот Реал Мадрид е зад Вардар во оваа статистичка категорија, што не значи дека и адекватно ја отсликува моќта и квалитетот на екипите. Секако, Примера дивизион е многу, многу поквалитетна лига од Првата МФЛ, но Вардар и неговите навивачи во овој момент можат да се радуваат дека барем во една статистичка категорија се поуспешни од Реал Мадрид.

Манчестер сити (94%)
Партизан (91%)
Панатинаикос (90%)
Глазгов ренџерс (90%)
Динамо Загреб (88%)
Шериф Тираспол (87%)
АЗ Алкмар (86%)
Лудогорец (86%)
Омонија (85%)
Спарта Прага (84%)
ВАРДАР (84%)
Реал Мадрид (84%)
.....

http://ekipa.mk/News.aspx?newsId=2388
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom