Првичните најави беа дека купот ќе се игра во одредена земја, а не по систем дома-гости... Сепак да почекаме, ќе видиме што мислат луѓето во ноември.
Ако е ова точно тогаш ова со стадионов во текстот ->
„Добивме преубава арена „Филип Втори“, која сега до пролет повторно ќе се реновира и потоа ќе биде пуштена во употреба со нов тревнат терен и атлетска патека. Сакаме да го видиме полн „Филип Втори“ кога Вардар ќе игра на нашиот најголем стадион, а токму едно вакво регионално натпреварување е вистинското решение за тоа. Како претседател на Вардар можам да кажам дека имаме мотиви и амбиции да бидеме дел од Балканскиот куп, но да почекаме до средината на ноември, за да ги слушнеме сите размислувања, предлози, ставови и на другите клубови од Балканот“, истакнува Шишковски.
-> нема никаква смисла.
--- надополнето: Oct 31, 2011 9:17 PM ---
Фрчат казни во ФК Работнички: Замрзнување на 50% од годишните договори
Никола Ѓуровски Прва лига
31.10.2011 21:47

Управниот одбор на ФК Работнички по четирите порази на тимот во серија денеска имаше своја седница на која донесе одлука за замрзнување на 50% од годишните договори на фудбалерите и на стручниот штаб. Евентуалното „одмрзнување“ ќе се случи само доколку Работнички успее да обезбеди излез во Европа и следната сезона, дали преку првенството или преку Купот. Но, и тоа не е се околу казните...
Секој од натпреварувачкиот погон, заедно со тренерите, е казнет со по 600 евра (по 500 евра за поразот од Охрид дома и по 100 евра за поразот од Брегалница во гости) за загубените натпревари против Охрид и Брегалница, одложена е исплатата на премиите, секој сам ќе си плаќа за неоправдано добиени жолти и црвени картони...
И тоа не е се...Формирана е комисија во клубот која ќе оценува дали фудбалерите симулираат повреди, а доколку се процени нешто такво, тогаш фудбалерот веднаш ќе биде суспендиран. На крајот од одлуката, која од денеска ќе стои закачена во соблекувалната на тимот, наведено е дека секој што не се сложува со казните и новите одлуки од правилникот, може да си побара исписница од клубот и веднаш да си замине.
„Моравме да преземеме некои мерки, затоа што тимот премногу падна на резултатски план. И не е само тоа во прашање, па затоа УО на ФК Работнички донесе одредени казнени мерки. Тие веќе им се соопштени на фудбалерите и на стручниот штаб. Што се однесува до тренерот, му се дава уште една шанса, до крајот на зимската пауза, по што повторно ќе се разгледуваат резултатите на екипата“, изјави претседателот на ФК Работнички, Драган Поповски.
Од утре во ФК Работнички ќе владеат нови „правила“, според Дисциплинскиот правилник. Фудбалерите и тренерите ќе добиваат само по 50% од договорените годишни услови, а останатите ќе бидат „замрзнати“ со само еден и единствен услов за да бидат исплатени - Работнички идната сезона повторно да излезе во Европа. Тоа е првата и најдрастична одлука на УО на ФК Работнички кон фудбалерите и кон стручниот штаб.
Втората одлука е парична казна од 600 евра за секој од нив, за поразите против Охрид и против Брегалница.
Третата одлука е клупска казна за секој фудбалер што неоправдано ќе добие жолт (50 евра) или црвен картон (100 евра), плус дополнително сам да си ги плати финансиите што клубот за таа цел треба да ги одвои кон ФФМ според дисциплинскиот правилник.
Четврта одлука на УО на ФК Работнички е да се одложи исплатата на сите премии за фудбалерите и за стручниот штаб.
Исто така, формирана е комисија на клубот, која во консултации со докторскиот тим, но и со посебна независна докторска екипа, ќе проценува дали одредени играчи симулираат повреди за да не настапуваат за клубот. Истовремено, формирана е комисија која ќе ги следи сите натпревари на екипата и ќе може да донесе одлука за наградување или за дополнително казнување на секој фудбалер.
Очигледно дека со настапите во Европа на „романтичарите“ им влезе вода во ушите, па тие многу послабо го одиграа круг од шампионатот на Македонија. Сега управата одлучи драстично да ги казни, па на фудбалерите и на стручниот штаб нема да им биде воопшто „романтично“. Секако, сите овие мерки ќе бидат повлечени на крајот од сезоната доколку ФК Работнички го исполни својот план, повторно да обезбеди настап во Европа, дали преку првенството или преку Купот.
Во наредното коло, Работнички го очекува дерби дуел со соседот Вардар, кој во моментов има двојно повеќе бодови на табелата и се наоѓа на првата позиција.