Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Ако ова биде балкански куп или нешто слично - нема да гледаме многу фудбал. Со оглед на екипиве сигурно ќе бидеме во некоја група од 4, дома-гости и скоро 100%-тно не-пласирање натаму. Да се игра три натрпревари дома со врвни балкански екипи е ваљда боље него ништо.
--- надополнето: Oct 31, 2011 8:59 PM ---
И за Хасани тешко, нема шанси да платиме 200-300 000 евра обештетување :)

Ако планираат Вардар да биде тоа што треба да биде, ќе мораат и таков излет да направат - ако не за Хасани тогаш за некој друг. Ако после тоа следи 3-4 годишен договор со играчот зошто да не? Ако е стварно одличен би требало да може да го продадат за повеќе после година, две. Тоа е начинот на функционирање на големите тимови, не?
 
Ако ова биде балкански куп или нешто слично - нема да гледаме многу фудбал. Со оглед на екипиве сигурно ќе бидеме во некоја група од 4, дома-гости и скоро 100%-тно не-пласирање натаму. Да се игра три натрпревари дома со врвни балкански екипи е ваљда боље него ништо.
--- надополнето: Oct 31, 2011 8:59 PM ---

Ако планираат Вардар да биде тоа што треба да биде, ќе мораат и таков излет да направат - ако не за Хасани тогаш за некој друг. Ако после тоа следи 3-4 годишен договор со играчот зошто да не? Ако е стварно одличен би требало да може да го продадат за повеќе после година, две. Тоа е начинот на функционирање на големите тимови, не?

Првичните најави беа дека купот ќе се игра во одредена земја, а не по систем дома-гости... Сепак да почекаме, ќе видиме што мислат луѓето во ноември.

Се согласувам дека така треба да функционира еден голем клуб, но спорни се квалитетите на Хасани во дадениов случај... Во ваква лига како што е нашава последниве неколку години, играчи како Бајлозов и Андонов беа дел од најдобрите македонски играчи, а тука лежи проблемот при проценката за продажба на скапоплатените играчи во иднина :)
 
Првичните најави беа дека купот ќе се игра во одредена земја, а не по систем дома-гости... Сепак да почекаме, ќе видиме што мислат луѓето во ноември.

Ако е ова точно тогаш ова со стадионов во текстот ->

„Добивме преубава арена „Филип Втори“, која сега до пролет повторно ќе се реновира и потоа ќе биде пуштена во употреба со нов тревнат терен и атлетска патека. Сакаме да го видиме полн „Филип Втори“ кога Вардар ќе игра на нашиот најголем стадион, а токму едно вакво регионално натпреварување е вистинското решение за тоа. Како претседател на Вардар можам да кажам дека имаме мотиви и амбиции да бидеме дел од Балканскиот куп, но да почекаме до средината на ноември, за да ги слушнеме сите размислувања, предлози, ставови и на другите клубови од Балканот“, истакнува Шишковски.

-> нема никаква смисла.
--- надополнето: Oct 31, 2011 9:17 PM ---
Фрчат казни во ФК Работнички: Замрзнување на 50% од годишните договори
Никола Ѓуровски Прва лига
31.10.2011 21:47



Управниот одбор на ФК Работнички по четирите порази на тимот во серија денеска имаше своја седница на која донесе одлука за замрзнување на 50% од годишните договори на фудбалерите и на стручниот штаб. Евентуалното „одмрзнување“ ќе се случи само доколку Работнички успее да обезбеди излез во Европа и следната сезона, дали преку првенството или преку Купот. Но, и тоа не е се околу казните...

Секој од натпреварувачкиот погон, заедно со тренерите, е казнет со по 600 евра (по 500 евра за поразот од Охрид дома и по 100 евра за поразот од Брегалница во гости) за загубените натпревари против Охрид и Брегалница, одложена е исплатата на премиите, секој сам ќе си плаќа за неоправдано добиени жолти и црвени картони...

И тоа не е се...Формирана е комисија во клубот која ќе оценува дали фудбалерите симулираат повреди, а доколку се процени нешто такво, тогаш фудбалерот веднаш ќе биде суспендиран. На крајот од одлуката, која од денеска ќе стои закачена во соблекувалната на тимот, наведено е дека секој што не се сложува со казните и новите одлуки од правилникот, може да си побара исписница од клубот и веднаш да си замине.

„Моравме да преземеме некои мерки, затоа што тимот премногу падна на резултатски план. И не е само тоа во прашање, па затоа УО на ФК Работнички донесе одредени казнени мерки. Тие веќе им се соопштени на фудбалерите и на стручниот штаб. Што се однесува до тренерот, му се дава уште една шанса, до крајот на зимската пауза, по што повторно ќе се разгледуваат резултатите на екипата“, изјави претседателот на ФК Работнички, Драган Поповски.

Од утре во ФК Работнички ќе владеат нови „правила“, според Дисциплинскиот правилник. Фудбалерите и тренерите ќе добиваат само по 50% од договорените годишни услови, а останатите ќе бидат „замрзнати“ со само еден и единствен услов за да бидат исплатени - Работнички идната сезона повторно да излезе во Европа. Тоа е првата и најдрастична одлука на УО на ФК Работнички кон фудбалерите и кон стручниот штаб.

Втората одлука е парична казна од 600 евра за секој од нив, за поразите против Охрид и против Брегалница.



Третата одлука е клупска казна за секој фудбалер што неоправдано ќе добие жолт (50 евра) или црвен картон (100 евра), плус дополнително сам да си ги плати финансиите што клубот за таа цел треба да ги одвои кон ФФМ според дисциплинскиот правилник.

Четврта одлука на УО на ФК Работнички е да се одложи исплатата на сите премии за фудбалерите и за стручниот штаб.

Исто така, формирана е комисија на клубот, која во консултации со докторскиот тим, но и со посебна независна докторска екипа, ќе проценува дали одредени играчи симулираат повреди за да не настапуваат за клубот. Истовремено, формирана е комисија која ќе ги следи сите натпревари на екипата и ќе може да донесе одлука за наградување или за дополнително казнување на секој фудбалер.

Очигледно дека со настапите во Европа на „романтичарите“ им влезе вода во ушите, па тие многу послабо го одиграа круг од шампионатот на Македонија. Сега управата одлучи драстично да ги казни, па на фудбалерите и на стручниот штаб нема да им биде воопшто „романтично“. Секако, сите овие мерки ќе бидат повлечени на крајот од сезоната доколку ФК Работнички го исполни својот план, повторно да обезбеди настап во Европа, дали преку првенството или преку Купот.

Во наредното коло, Работнички го очекува дерби дуел со соседот Вардар, кој во моментов има двојно повеќе бодови на табелата и се наоѓа на првата позиција.
 
Ако е ова точно тогаш ова со стадионов во текстот ->

„Добивме преубава арена „Филип Втори“, која сега до пролет повторно ќе се реновира и потоа ќе биде пуштена во употреба со нов тревнат терен и атлетска патека. Сакаме да го видиме полн „Филип Втори“ кога Вардар ќе игра на нашиот најголем стадион, а токму едно вакво регионално натпреварување е вистинското решение за тоа. Како претседател на Вардар можам да кажам дека имаме мотиви и амбиции да бидеме дел од Балканскиот куп, но да почекаме до средината на ноември, за да ги слушнеме сите размислувања, предлози, ставови и на другите клубови од Балканот“, истакнува Шишковски.

-> нема никаква смисла.

Значи, ти викам првичните најави, а тие беа оддамна. Ние треба да почекаме прво да видиме дали ќе се игра овој куп, потоа дали Вардар ќе биде дел од него, па после ќе размислуваме во каков формат ќе се игра и со кои играчи треба да се засилиме.
 
Успешно заврши првата крводарителска акција на Комити.Беа собрани над 50 единици крв,а треба и да се напомене и дека многу членови беа вратени
 
Успешно заврши првата крводарителска акција на Комити.Беа собрани над 50 единици крв,а треба и да се напомене и дека многу членови беа вратени
Мацедониан улигенс имаа многу алкохол во крвта а ? :D
 
Мацедониан улигенс имаа многу алкохол во крвта а ? :D
Па кој тоа,кој нешто друго,кои немаа потврди,кои настинати(сеа ко што е сезона на грипови)..ама сепак за прв пат добро е 50+,па за наредната да се надеваме и на 100+
 
Па кој тоа,кој нешто друго,кои немаа потврди,кои настинати(сеа ко што е сезона на грипови)..ама сепак за прв пат добро е 50+,па за наредната да се надеваме и на 100+
Знам знам како било ;) На ред се мајците за децата од Албанија :)
 
Хуманоста продолжува
П.С Кај си ти да даваш?
П.П.С Слики за кратко
Донирав јас веќе на друга акција, неможам и на оваа според закон наредна таму сум ;)
 
Слушнав некои информации,незнам колку се точни дека Работнички-Вардар ке играле во недела. Дали има вистина во тоа?
Дај боже да е недела многу подобар термин е.
 
Слушнав некои информации,незнам колку се точни дека Работнички-Вардар ке играле во недела. Дали има вистина во тоа?
Дај боже да е недела многу подобар термин е.
Можно е бидејќи Маџари своите домашни утакмици ги игра во Сабота...
 
Можно е бидејќи Маџари своите домашни утакмици ги игра во Сабота...
Се надевам дека ке биде така да можам и јас по подолго време да присуствувам на утакмица,се во сабота се кога сум на работа..
Инаку што се однесува до утакмицата вие сте фаворити поради многу подобрата форма.
Се надевам ке биде интересна утакмица и нека победи подобриот.
 
Во сабота се игра големото третолигашко дерби Маџари-Раштак, така да изгледа ние во недела ќе играме :D
Раштак е Комитска екипа, ако сакаат можат и во недела да ја стават :P
Останува да видиме како ќе се договорат управите, ама мислам дека Работнички ќе форсира да се игра во сабота како и секогаш:cenzura:
 
Се надевам дека ке биде така да можам и јас по подолго време да присуствувам на утакмица,се во сабота се кога сум на работа..
Инаку што се однесува до утакмицата вие сте фаворити поради многу подобрата форма.
Се надевам ке биде интересна утакмица и нека победи подобриот.

Земавте премногу играчи кои се во Работнички само за да ја одржуваат формата, а тоа мислам дека ви е најголемиот проблем... :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom