Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
http://www.facebook.com/fcrabotnicki
Читајте ги коментариве на странава хахахахахаха
Се засркнувам од смеење. Работнички имал подршка од 20-тина навивачи, се прашувам само кај биле сместени пошто очигледно никој не ги видел:pos:
Со душа чекам клипови од нашето навиање од денес :D
Ја ги видов, седеа на јужна доле и тоа близу до запад, истите 10-20 души беа и на Работнички - Анартозис ама тогаш навиваа.
 
Овие Работнички се клуб со најмалку навивачи во државава, сериозно, ги почитувам за тоа како играат на Европска сцена и некогаш ми паѓа жал за нив :)
Работнички е тим кој има повеќе фанови надвор отколку во Скопје и тоа заради омразата на одредени фаци кон Вардар и поготово кон Комити а и ради добрите Евро настапи на Романтичарите. Да си го преместат клубот во некој друг град ќе им биде најдобар потег :D
Реално во Скопје маалските клубови немаат многу фанови. Слога есиноним за Албанците па затоа имаат навивачи, Металург нема, ФК Скопје нема (Пирати еднаш на десет години навиваат), а једино Ѓорче има каква таква навивачка група, ДХ. Е сега кај гореспоменативе се собира и обична публика по 100-тина души поради близината на стадионите, а Работнички е во такво подрачје што наоколу не живеат многу луѓе, а и тоа е воглавно постаро население. Е со вардар приказната е друга. Затоа немаат ни по 50 гледачи во просек. Единствени кој им одат на мечевите се едно десетина фанови, и родителите на играчите...
 
Знам знам. Тие од надвор не се фанови, повеќето имаат респект према клубот како што кажав, зошто беше добро организиран и играше пристојно на Европска сцена. Но тоа не се навивачи. Вардар се друга приказна, за Вардар сме доаѓале од надвор и за Вардар сме плаќале влезници за пријателски спаринг утакмици во лето (и тоа да видиш).

Него за Работнички тоа спомнав зошто останата ми е во сеќавање една случка пред Градски и ден денес кога ќе се сетам на тоа некако жал ми паѓа. Играа Работнички и Вардар, победи Работнички 2-0 мислам, едниот гол го даде Неџипи не памтам другиот... Ова колку да знаете за кој натпревар станува збор пошто скаран сум со годините не памтам кога беше. Како и да е, пред почетокот надвор во паркот, една група навивачи на Работнички (веројатно истите овие што ги видел Syn пошто и тогаш беа 20-тина :pos: ) ги прашуваа децата (12-13 години) што се шетаа низ парк:

Дете да те прашам нешто?
- Прашај чичко...
Од која населба си ти?
- Од Карпош чичко...
Ееее... па ти си навивач на Работнички, ти не знаеш, цел Карпош навива за Работнички...

И после им даваа гратис влезници.

Патетично ЈБТ... да молиш за публика...
 
За баскет ваљда мислел :D Мада ја иам другари од К1/2/3 шо навиваат за МЗТ ...зашто не знам :D
 
http://mkfudbal.com.mk/vesti/item/95-комити-„грмеа“-вардар-заслужено-го-доби-градското-дерби

eve gi sansite... videoto podole :)
--- надополнето: Aug 10, 2011 12:18 AM ---
За баскет ваљда мислел :D Мада ја иам другари од К1/2/3 шо навиваат за МЗТ ...зашто не знам :D

Они навиваат за МЗТ зошто Работнички е срцето на Скопје :P:P:pos:
 
http://mkfudbal.com.mk/vesti/item/95-комити-„грмеа“-вардар-заслужено-го-доби-градското-дерби

eve gi sansite... videoto podole :)
--- надополнето: Aug 10, 2011 12:18 AM ---

Они навиваат за МЗТ зошто Работнички е срцето на Скопје :P:P:pos:

Па не ...еден навива зашо учел со Јане , друг навива ради слична причина а трет зашо живеел у Аеродром Х години ...банални причини :D Да не ја гнасиме темава

Денес на стадион отидов само ради тоа шо очекуев да има туча (ко и на секое дерби) и ја пропуштив ...мамата :@

Почит за комитите ...јако навивање удрија ...Пототово ме насмеаа паролите со *Што сака да биде работнички кога ќе порасне* и таа другата со кој се радува .... Зверови ... Малце на *Сите се за вардар ама не признаваат* се губеа на знавааааат :D али се на се 9/10 !
 
Неможе веќе во салите и стадионите да има пресметка меѓу 2 групи тоа е вистинска реткост...

Од сега само ке гледаме и учествуваме во меѓусебни пресметки и некои каменувања надвор од салите\стадионите......
 
Иначе на видеото може да се види дека бевме оштетени. Судијата досуди непостоечки офсајд кога Лико излезе сам пред гол што се надополнува со смешната ситуација со петров. До кога судиите ќе судат против нас:tapp:
 
Се надевам дека ке има некое видео каде што ке прикажат коа пеевме
Работнички пуши го к**** и
Работнички сите сте п**** :D И химната последните 5 минути грмеше...
 
Прогнозирав победа од 1:0 и погодив, но не погодив дека играта ќе биде тврда... Работнички очаен, Вардар во сите сегменти на играта понадмоќен, копија од натпреварот Работнички-Анортозис, со тоа што Работнички денес имаше само една каква-таква шанса и плус уште еден шут кон голот. На почетокот во рок од 15 секунди во една акција Вардар пропушти 3 шанси за гол, првиот шут Столе го одбрани, вториот заврши во статива, а третиот покрај гол. Ако ова е европскиот Работнички тогаш тешко нив, цела среќа што во првите две кола имаа противници од фудбалски вукојебини па изгледа тоа е причината поради која ги попалија неутралниве навивачи во државава да веруваат во нивната фудбалска "сила". Денес не покажаа ништо, баш ме интересира што ќе кажат оние кои зборуваа тука дека Работнички бил 3 класи подобар од Вардар!?

Лико и Оса според мене се играчи на натпреварот, бразилчево 4-5 пати им искрши кичма на романтичарчињава, па сиротите во последните 15 минути мораа со отворена копачка во препони да му одат за да го сопрат. Успее ли дечково да "набие" уште малку кондиција, сигурно ќе биде еден од најдобрите странци што играле во нашава лига. Што се однесува до Оса, човеков немаше ниту еден грешен пас, ниту пак помина некоја топка покрај него, едноставно ѕвер!

Каде се оние 10 000 "навивачи" на Работнички кои беа на стадион против Анортозис? Толку фалење дека Работнички е срцето на Скопје, а денес ни 10 навивачи не успеа да собере на Градски... Убаво кажа Saber, најубаво е Работнички да се пресели во друг град, паролите ја кажаа вистината. Не е убаво ваков "европски" Работнички да нема ниту еден навивач...

Конечно одлична посетеност на Градски по дооолго време, имаме одличен тим, па мислам дека ако се склопат коцките како што треба можеме и до титула да дојдеме.
 
Мој осврт, на терен мисалм дека бевме многу боље, на трибина, одлично прво полувреме, за бројки не коментирам, излегоа и некои официални така да ќе им верувам на тие, второ полувреме, поради фрките (пропратени во текот на цел ден) малку по слабо навивање но сепак добро, на моменти одлично, Сајбер спомна како сите гледале натака, јас сметам дека тоа е нормално зошто секој гледа да не е уклучен некој од негова екипа у фрката, не ми се допадна што видов дечки со маици CPB (The lords), порано имаше еден што идеше со Centar boys маица, ама пред 4-5 сезони, но затоа денес видов и неколку дечки со маици МЗТ
 
Ај некој љубезен нека ми прати листа од сите играчи на Вардар. :)

EDIT: По можност посебно да бидат Голмани,посебно одбрана,посебно средина,посебно напад... :)
 
Да се надополнам за Настевски, дефинитивно е одличен потегот со т.н. трампа или натигодајмиго на Влатче и Иве! Покажа уште еднаш зашто од 10189181278128 поминати проби во европскиве клубови, на крај заврши во Работнички... Ако останеше во Вардар покрај вакви играчи тешко дека и од клупа ќе влегуваше. Лани беше најдобар во Вардар само поради тоа што сите беа камења. Што се однесува до свирењето тоа беше на место, пред утакмица кења дека гори од желба да им даде гол на Вардар, а за време на утакмица најмногу провоцираше и плачеше од сите што беа на терен.
 
секоја чест за вардар и браво за сите што беа на стадион...ако ништо друго на вакви натпревари да мрдне атмосферата. и да...се изгубив малце низ темава дали вардар конечно има свој веб-сајт? знам дека комитите имаат но за фк вардар е работата...:D
 
Нема сајт али се очекува набрзо да имаме:)
--- надополнето: Aug 10, 2011 1:20 AM ---
http://www.komiti.org/извештаи/Вардар-Работнички
Извештај од нашата страна и некои слики доле во галеријата:)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom