Знам знам. Тие од надвор не се фанови, повеќето имаат респект према клубот како што кажав, зошто беше добро организиран и играше пристојно на Европска сцена. Но тоа не се навивачи. Вардар се друга приказна, за Вардар сме доаѓале од надвор и за Вардар сме плаќале влезници за пријателски спаринг утакмици во лето (и тоа да видиш).
Него за Работнички тоа спомнав зошто останата ми е во сеќавање една случка пред Градски и ден денес кога ќе се сетам на тоа некако жал ми паѓа. Играа Работнички и Вардар, победи Работнички 2-0 мислам, едниот гол го даде Неџипи не памтам другиот... Ова колку да знаете за кој натпревар станува збор пошто скаран сум со годините не памтам кога беше. Како и да е, пред почетокот надвор во паркот, една група навивачи на Работнички (веројатно истите овие што ги видел Syn пошто и тогаш беа 20-тина

) ги прашуваа децата (12-13 години) што се шетаа низ парк:
Дете да те прашам нешто?
- Прашај чичко...
Од која населба си ти?
- Од Карпош чичко...
Ееее... па ти си навивач на Работнички, ти не знаеш, цел Карпош навива за Работнички...
И после им даваа гратис влезници.
Патетично ЈБТ... да молиш за публика...