Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Цело време излагаат млади деца (на пример вчера детето со исто име и презиме како она што ни отиде во Парма), ама тие не се доволно зрели да го носат тимот без помош на неколку поискусни соиграчи. За искусни не ги рачунам „капитенот“ Чаки, Трипуновски, голманот и слични затоа што тие се со послаб ефект во екипата и од младите. Штета што не останаа Симов, Милевски и Арбен Нухиу. Тие ќе беа од голема помош за клинците во оваа борба за преживување. Да видиме колку ќе се остварат најавите дека екипата до крајот на есенскиот дел ќе се појача со неколку искусни играчи (Мегленски, Стјепановиќ, Илијоски, Савиќ). Да имаме бар каква-таква конкурентна екипа.

Трипуновски не го ни сметам за играч, такво дрво оддамна не играло во Вардар. Од 30 пасови во тек на натпревар, 29 му се во противнички играчи. :)

Тоа го мислам и јас, да останат овие 5-6-7 квалитетни младинци, а другиот дел да се пополни со искусни играчи. Очајно ни е потребен и голман... Ееее пред 7-8 години имавме 3 суперквалитетни голмани (Зекир, Грујоски и Илиќ), а сега исто како да играме без голман. Маџаровски знае да фати многу тешки топки, ама затоа знае и да киксне на многу лесни.
 
Kако да го сметаш за играч, кога на 30 години најголемо достигнување во кариерата му е играњето во Напредок од Кичево. Без намера за било какво омаловажување према Напредок, ама не може Трипуновски да стигне да носи бр.10 во Вардар. Исто како и другар му, Златко Ристов, кој до вчера играл по третолигашките ливади, стигна да биде капитен на Вардар. Неговата најголема врска со Вардар може да биде што му е внук на Панчев и ништо повеќе. Штом овие двајца дојдоа до ниво да бидат на такви одговорни места во Вардар, тоа се кажува. Во некои други околности, тие не би можеле ни да помислат да играат за Вардар.
П.С Пред 10 години имавме страшен тим, а не само 3 суперквалитетни голмани. Ти текнува на тимот (Веселиновски, Мемеди, Захариевски, Мисердовски, Божинов, Гошев,...)? Брацо тазе влезен во Вардар, па веројатно сакаше да ги освои луѓето тогаш. А сега, мува не го лази...
 
golem respekt za stefan ristevski covekot e car.e toa e vistinska perspektiva za mak fudbalot .BRAVO MAJSTORE
 
Kако да го сметаш за играч, кога на 30 години најголемо достигнување во кариерата му е играњето во Напредок од Кичево. Без намера за било какво омаловажување према Напредок, ама не може Трипуновски да стигне да носи бр.10 во Вардар. Исто како и другар му, Златко Ристов, кој до вчера играл по третолигашките ливади, стигна да биде капитен на Вардар. Неговата најголема врска со Вардар може да биде што му е внук на Панчев и ништо повеќе. Штом овие двајца дојдоа до ниво да бидат на такви одговорни места во Вардар, тоа се кажува. Во некои други околности, тие не би можеле ни да помислат да играат за Вардар.
П.С Пред 10 години имавме страшен тим, а не само 3 суперквалитетни голмани. Ти текнува на тимот (Веселиновски, Мемеди, Захариевски, Мисердовски, Божинов, Гошев,...)? Брацо тазе влезен во Вардар, па веројатно сакаше да ги освои луѓето тогаш. А сега, мува не го лази...

Мене ми текнува, само на 80% од луѓето на форумов не им текнува... Сироти они живеат со фактот дека Металург, Чкендија, Турново и Ренова имаат многу добри состави па затоа се на врв на табела. Па тимов што го спомна погоре да игра во денешнава лига сигурен сум дека нема да има пораз... Ама тогаш беа други времиња, јак Вардар, Победа, Работнички, Пелистер, Беласица (со Бате Ване), Брегалница (со Јордан Андреев), Слога која имаше страшно добра екипа, Силекс кон крајот на 90тите итн. Едноставно да ти биде мерак да отидеш и да гледаш фудбал на стадион. Слога го имаше еден од најдобрите тимови во историјата на македонскиот фудбал (Бекири, Зоки и Горан Јовановски, Нухиу, Гама, Љубиша Савиќ), колку што се сеќавам една сезона имаа примено само 5 погодоци, дури мислам дека натпреварите помеѓу Вардар и Слога беа далеку поголемо дерби од натпреварите на Вардар и Пелистер. Тогаш екипите имаа пари, купуваа играчи, и тоа не како овие денешниве од 3 српска лига, туку играчи како Љубиша Савиќ, Ахмет Ахметовиќ, Мијановиќ, Оливеира, Брага, Блесинг итн. Затоа денеска имаме сосема обратна ситуација, ниту еден клуб нема пари, а оние што имаат малку повеќе играат во Европа и губат во прво претпретпретквалификационо коло од тимови од Азербејџан, Фарски Острови, Луксембург итн.
 
Нема веќе цврсти дефанзивци од типот на Зоран и Горан Јовановски. Можеби Вајс би бил одличен избор ама него сигурно неможеме да го земеме. Би го одбрал и Статовци, цврст играч, тешко се минува крај него, но и тој е недостапен. Никанчевски е потпросечен фудбалер. Цела кариера ја минуваше во Локомотива, и во ниеден случај не би го земал, али во овој состав сигурно му е местото во прв состав. Со оглед на тоа што максимум што можеме да земеме е Секуловски ондак ништо чудно Никанчевски да остане во првиот состав. Ех да можевме да си ги вратиме Златко Таневски и Бојан Марковски. Каков идиот е Вујадин Станојковиќ што на времето ги избрка сите талентирани Вардарци. Кретен над кретените!!!
Тоа што ни треба во составот се малку покорпшулентни играчи. Неможеме да добиеме еден ебан дуел. Затоа многу ми беше криво кога замина Арбен Нухију :(
Во тимот за иднината би го посакал и Амбурет. Што покорпулентни играчи, тоа подобро...
 
Jas licno mislam deka najsilen sostav od osamostojuvanjeto na Makedonija bese onaj na Sloga J(memedi, bekiri i t. n.) i dokolku ne se rasturese(koga pola sloga premina vo vardar) se si mislam deka sledese visok dostrel vo nekoj od evrokupovite. Kako i da e po se izgleda deka v godina vtorata liga ce bidi mnooooogu poatraktivna od prvata!
 
Според мене тимот на Вардар од почетоткот на 90тите (првите години по осамостојувањето) е без конкуренција најдобриот, но како што кажав претходно и тимот на Слога е тука некаде... :) Тогаш имавме силна лига (во споредба со денешнава најмалку 50 пати поквалитетна), а Слога постигнуваше одлични резултати. Не знам само зашто не успеаа да направат некој подобар резултат во Европа. Тие пет играчи кога преминаа во Вардар, тотално се изгубија, но на крај пак Вардар ја освои титулата со победа од 0-2 во Чаир, што се немаше оддамна случена :) Играчите на Слога не ни шутнаа на гол тогаш (не смееа)... :) Пред тој натпревар играа Вардар и Беласица на Градски, тогаш бате Ване "јадеше" столче во глава :) Мислам дека тој натпревар е последниот каде што Вардар во првенствен дуел го следеа над 10 000 гледачи.

Колку и да беше гад, овој човек знаеше како да продаде и да направи играчи. Во тоа време понуди на Вардар 300 000 евра за Гроздановски...
 
Си се помешал нешто. Вујадин Станојковиќ не избркал никој од вардаровите деца. Тие се отидоа поради конфликт со Панчев и неговата арогантно понашање према нив. Вујо си нема врска со тоа. Не ни беше веќе тренер во Вардар, кога тие беа избркани.
 
Според мене тимот на Вардар од почетоткот на 90тите (првите години по осамостојувањето) е без конкуренција најдобриот, но како што кажав претходно и тимот на Слога е тука некаде... :) Тогаш имавме силна лига (во споредба со денешнава најмалку 50 пати поквалитетна), а Слога постигнуваше одлични резултати. Не знам само зашто не успеаа да направат некој подобар резултат во Европа. Тие пет играчи кога преминаа во Вардар, тотално се изгубија, но на крај пак Вардар ја освои титулата со победа од 0-2 во Чаир, што се немаше оддамна случена :) Играчите на Слога не ни шутнаа на гол тогаш (не смееа)... :) Пред тој натпревар играа Вардар и Беласица на Градски, тогаш бате Ване "јадеше" столче во глава :) Мислам дека тој натпревар е последниот каде што Вардар во првенствен дуел го следеа над 10 000 гледачи.

Колку и да беше гад, овој човек знаеше како да продаде и да направи играчи. Во тоа време понуди на Вардар 300 000 евра за Гроздановски...
Oвја бате Ване кај е сега??? се занимава уште со фудбалов???
 
Мислам дека не се занимава веќе, Ајдуци го бараа назад во Беласица, имаше и нешто како протести и што ти ја знам пред некоја година може и по скоро беше не се сеќавам
 
Пред 10 тина можеби 12 години да се врати времето па и со малку среќа сигурно би имале макар 1 претставник во Лига Европа. Во време каде во долните екипи имаше квалитет докажани играчи и имиња во нашиов фудбал не треба да одиме понатаму . Слога има страшна екипа со Беќири, Мисердовски, Пресилски, Гама, Мазнов, Нухиу, браќата Јовановски, Јане Николовски итн. Кога Вардар го имаше дури и посилниот состав од Слога (тоа и ден денес е мое мислење) со Бајо, Васовски, Оливеира кој дојде од Работнички, Захариевски, Веселиновски, Саше Јанев потоа кога дојдоа Вандаир, Блесинг од Цементара и Брага и Петков од Ѓорче со малце повеќе среќа сигурно можеа и во ЛШ иако за малце избега . Силекс кој секогаш мрсеше сметки како и Пелистер и Победа со Дрим-Тимот кога на Градски дојдоа Парма со Буфон, Канаваро, Турам и Хамбургер итн. Беласица со Бате Ване со страшен тим кога играа со Португалците во Eвропа на чело со Балдовалиев, Горан Попов, Михајловиќ (сегашен играч на Металург), Ахмет Ахметовиќ, Дориев, капитенот Костов кој сигурно беше еден од најдобрите деструктивци во Лигата. Eeeeeee тие времиња не се враќаат повеќе додека има вакви лингури какви што има ...Уште долго време ќе тонат сите лубови во беспарица и ќе немаме фудбал како порано. Може немало којзнае колку пари али имало фудбал колку толку, желба итн. Во Лига кај што беа Вардар, Слога , Силекс, Пелистер, Победа , Работнички (тогаш Кометал почна посериозно...), Беласица, Брегалница, Македонија Ѓ.П., Саса,Куманово (имаа едно време добар состав Цапар им беше тренер), Осогово, Борец, Цементарница ... неможеше да се смислат имиња на Металург, Ренова , Турново итн. Ама доста беше оффтопик да си искажеме и ние малце за маките :toe:

--- надополнето ---

Нема веќе цврсти дефанзивци од типот на Зоран и Горан Јовановски. Можеби Вајс би бил одличен избор ама него сигурно неможеме да го земеме. Би го одбрал и Статовци, цврст играч, тешко се минува крај него, но и тој е недостапен. Никанчевски е потпросечен фудбалер. Цела кариера ја минуваше во Локомотива, и во ниеден случај не би го земал, али во овој состав сигурно му е местото во прв состав. Со оглед на тоа што максимум што можеме да земеме е Секуловски ондак ништо чудно Никанчевски да остане во првиот состав. Ех да можевме да си ги вратиме Златко Таневски и Бојан Марковски. Каков идиот е Вујадин Станојковиќ што на времето ги избрка сите талентирани Вардарци. Кретен над кретените!!!
Тоа што ни треба во составот се малку покорпшулентни играчи. Неможеме да добиеме еден ебан дуел. Затоа многу ми беше криво кога замина Арбен Нухију :(
Во тимот за иднината би го посакал и Амбурет. Што покорпулентни играчи, тоа подобро...
За Амбурет тешко дека ќе доаѓа тука и тоа за екипа што се бори за опстанок зошто дечкото си е репрезентативец игра против величини како Дрогба,Адебајор,Ето... После тоа со Ренова коа го искршија у тунелот у Тетово чудно беше што остана да игра тука. Сега мислам дека е во Романија игра за Чеалул :helou:. Ќе донесе Брале добри играчи тоа барем не се сомневам во него хаха
 
Мене ми текнува, само на 80% од луѓето на форумов не им текнува... Сироти они живеат со фактот дека Металург, Чкендија, Турново и Ренова имаат многу добри состави па затоа се на врв на табела. Па тимов што го спомна погоре да игра во денешнава лига сигурен сум дека нема да има пораз... Ама тогаш беа други времиња, јак Вардар, Победа, Работнички, Пелистер, Беласица (со Бате Ване), Брегалница (со Јордан Андреев), Слога која имаше страшно добра екипа, Силекс кон крајот на 90тите итн. Едноставно да ти биде мерак да отидеш и да гледаш фудбал на стадион. Слога го имаше еден од најдобрите тимови во историјата на македонскиот фудбал (Бекири, Зоки и Горан Јовановски, Нухиу, Гама, Љубиша Савиќ), колку што се сеќавам една сезона имаа примено само 5 погодоци, дури мислам дека натпреварите помеѓу Вардар и Слога беа далеку поголемо дерби од натпреварите на Вардар и Пелистер. Тогаш екипите имаа пари, купуваа играчи, и тоа не како овие денешниве од 3 српска лига, туку играчи како Љубиша Савиќ, Ахмет Ахметовиќ, Мијановиќ, Оливеира, Брага, Блесинг итн. Затоа денеска имаме сосема обратна ситуација, ниту еден клуб нема пари, а оние што имаат малку повеќе играат во Европа и губат во прво претпретпретквалификационо коло од тимови од Азербејџан, Фарски Острови, Луксембург итн.
Деца се, друже. Што знаат тие како било пред десетина години :) Тогаш Шкендија служеше за напуцавање од другите, а Металург, Ренова и Турново никој не ни знаеше во која лига играат. Сега само ја користат ситуацијата на тие што го носеа мак-фудбалот во тој период: Вардар, Слога, Победа, Беласица, Пелистер (Силекс намерно не ги ставам во ова друштво). Инаку не би можеле ни да помислат да бидат кај што се во моментов.
Jas licno mislam deka najsilen sostav od osamostojuvanjeto na Makedonija bese onaj na Sloga J(memedi, bekiri i t. n.) i dokolku ne se rasturese(koga pola sloga premina vo vardar) se si mislam deka sledese visok dostrel vo nekoj od evrokupovite. Kako i da e po se izgleda deka v godina vtorata liga ce bidi mnooooogu poatraktivna od prvata!
Спореди ги начините на кои Вардар од почетокот на 90-те и тој на Слога ги освојуваа титулите, и се ќе ти стане јасно. Слога на два пати ја освои титулата во задњо кола, додека Вардар ги обезбедуваше титулите десет кола пред крај без ниту еден пораз. Со тој Вардар (Ѓоко како тренер, Ќириќ, Калц, Бабунски, Милошевски, Филевски, Спасески, Садики, Јовановски, Савов, Рап-Тап, Урошевиќ) никој не може да се мери ни на сон. Па истиот играше во екс-ју лигата. И не верувам дека некој во иднина ќе може да ја достигне таа генерација. Штета што истиот немаше можност да се испроба во Европа бидејќи наши претставници добија право да играат дури во 94' година, а во тоа време на пријателски ги мачкаше екипите од околинава како на шала, па дури и 2 аргентински прволигаши доби на турнејата низ Ј. Америка. Многу сум среќен што имав привилегија да раснам со тој екстра силен тим на Вардар.
 
Сите муабети за најдобар состав на македонска екипа од осамостојувањето се смешки освен овој за генерацијата што играше во сезоните 92-94. И нормално, како втор на листата е генерацијата 2003 со Вандаир, Брага, Блесинг, Ѓошевски, Захариевски, Зекир. Тоа дека другите екипи имале солидни состави, не викам не, ама реално, никогаш немало појаки состави од овие два што ги спомнувам, а прилично сум сигурен дека во иднина нема ни да има. Зашто сите јаки играчи кои се појавуваат како деца, не тренираат во МКД туку веднаш се дадени на проба во Ајакс, мајакс и низ цела Европа.
 
Ајде една добра вест во најава. Информацијава не е 100% сигурна, ама најверојатно со новиот закон за здруженија на граѓани (за каков важи и Вардар) што се подготвува, клубовите ќе можат да прогласат стечај без да бидат вратени во најнизок ранг на натпреварување. Значи ќе може да си го задржат местото во Прва лига и во исто време да се исчистат од долговите. Тоа би било одлична шанса за „оздравување“ на Вардар. Да се надеваме дека навистина ќе биде така како што се најавува.
 
И јас сека неделава на Топки го гледав Хари, како нешто збореше за овој закон, демек ке мрднеле работите од мртва точка. Ај ке чекаме ке видиме што ке биде.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom