П
Паспарту
Гостин
Цело време излагаат млади деца (на пример вчера детето со исто име и презиме како она што ни отиде во Парма), ама тие не се доволно зрели да го носат тимот без помош на неколку поискусни соиграчи. За искусни не ги рачунам „капитенот“ Чаки, Трипуновски, голманот и слични затоа што тие се со послаб ефект во екипата и од младите. Штета што не останаа Симов, Милевски и Арбен Нухиу. Тие ќе беа од голема помош за клинците во оваа борба за преживување. Да видиме колку ќе се остварат најавите дека екипата до крајот на есенскиот дел ќе се појача со неколку искусни играчи (Мегленски, Стјепановиќ, Илијоски, Савиќ). Да имаме бар каква-таква конкурентна екипа.
Трипуновски не го ни сметам за играч, такво дрво оддамна не играло во Вардар. Од 30 пасови во тек на натпревар, 29 му се во противнички играчи.

Тоа го мислам и јас, да останат овие 5-6-7 квалитетни младинци, а другиот дел да се пополни со искусни играчи. Очајно ни е потребен и голман... Ееее пред 7-8 години имавме 3 суперквалитетни голмани (Зекир, Грујоски и Илиќ), а сега исто како да играме без голман. Маџаровски знае да фати многу тешки топки, ама затоа знае и да киксне на многу лесни.