Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Ме заебаваше нетот деновиве и нажалост немав прилика да го напишам моето мислење за саботното дерби додека емоциите сеуште ми беа свежи, меѓутоа како и да е она што се случуваше во саботата нема да се заборави никогаш, па од тука ...

... најпрвин би се осврнал на самата игра. Дефинитивно над просечно македонско дерби во кое што сите играчи што настапија заслужуваат далеку повеќе од преодна оцена. Пелистер уште една се покажа како незгоден противник, парираше повеќе од рамноправно, во одделни моменти од мечот создаде и неколку зрели прилики преку кои беше блиску и до водство, но нашите момци имаа далеку поголема желба за триумф и токму тоа беше пресудно. Победи црвеното-црното срце што нашите фудбалери безпоштедно го оставија на теренот. Одиграа храбро, борбено до степен на безкомпромисност, напаѓачки од првата до последната минута и што е најбитно тактички зрело како ова да им е 10-та заедничка сезона во првата лига со многу вакви натпревари а не огнено крштевање во вечното дерби! Стрпливо ја дочекаа својата шанса во финишот од мечот кога Џангаровски конечно со својот гол не фрли сите во делириум и конечно го круниса сето она што претходно помладите фудбалери не успеаја да го претворат во водство преку неколкуте извонредни прилики.
И како човек да не биде горд на овие млади момци, кои што дрско и безобразно им пркосат на сите проблеми, на сите противници, на сите неверници и скептици, кога покажуваат на теренот како се сака и брани светото име вардарово, кога играат со срце и душа иако на сите ни е јасно во каква ситуација е нашиот клуб и дека ова ќе биде најгрдата сезона во нашата историја! Јас верувам дека истиот овој тим за 3-4 сезони ќе биде кадарен да се бори за самиот врв, но прашање е дали во оваа сезона момците ќе издржат и ќе покажат доволно сила и умешност да се изборат за опстанок, од нас ја имат максималната поддршка но ќе видиме.

Што се однесува до атмосферата уште еднаш покажавме и докажавме дека сме број 1 во Македонија, така да споредбите вреди да се прават и во балкански размери. Бројката можеше да биде и поголема, меѓутоа самиот факт што беше празник (и што многумина го напуштија топлото Скопје) и што резултатите се такви какви што се придонесоа да бидеме толку колку што бевме. Сепак присутните заслужуваат чиста 10-ка за безпоштедното навивање. Единствено што не ме бендиса беше покривното знаме - многу мало да не речам колку она што го извадија чкембарите. Треба да се осмисли малце по креативна кореографија за најголемото дерби како на пример онаа што беше на ракометниот натпревар меѓу Вардар - Колдинг од минатогодишната сезона во лигата на шампионите.

И сега најбитно е да издејствуваме и мечот против ФК Скопје на 11-ти септември да го играме под рефлектори бидејќи сигурно одново ќе бидеме барем 2/3 од оние што бевме против Пелистер, а со таква поддршка нашите играчи покажаа дека едноставно незнаат за ништо друго освен победа!
 
poselska i poglupava pesna nemam slusnato :tapp:
Не сери бе !

Викендов нема утакмици првенство.
Ќе треба да се чека до нареден дури....
Тогаш е и турнирот во мал фудбал меѓу подгрупите на Комити.
Баш да видам,што фудбалери се Комитите :tv:
 
poselska i poglupava pesna nemam slusnato :tapp:

Хехехе мајмунче што влегуваш во фан клуб Вардар.Си имаш фан клуб таму си имаш свои видеа(ако воопшто имате некакво) од твоите и таму коментирај си. :smir:
 
Уште срце ме боли и ми текнува ко плачев од нервоза на Јужна.Колку само го пцуев норвежанецот ко го даде Глушевич голот од слободен а овој не ни даде знак.Подмукло...:nerv:

Не да беше сомнително... Дури овие не се ни радуваа Чесиве дур не видоа дека кретенот покажа на центарот :nerv:
Но очигледно не ми фатиле клетвите пошто истиов тип судеше финале на ЛШ пред некоја година :)
2003та Брацо ви беше газда?
Да Брацо ни беше спонзор...

Инаку играчите ветија дека доста помотивирани ќе влагаат во другите дуели и време е да собереме некој бод од наредните дуели. Не очекува меч на домашен терен со ФК Скопје кој мора да го добиеме, а потоа имаме гостување во Кичево кај Напредок. Ако освоиме 4 бода ќе биде одлично :)
 
Не сери бе !

Викендов нема утакмици првенство.
Ќе треба да се чека до нареден дури....
Тогаш е и турнирот во мал фудбал меѓу подгрупите на Комити.
Баш да видам,што фудбалери се Комитите :tv:
Да а наредната утакмица се игра со Скопје во 15:30 часот.
Не играше на преходниот турнир?Добро бевте плеснати!:bip:
 
Не да беше сомнително... Дури овие не се ни радуваа Чесиве дур не видоа дека кретенот покажа на центарот :nerv:
Но очигледно не ми фатиле клетвите пошто истиов тип судеше финале на ЛШ пред некоја година :)

Да Брацо ни беше спонзор...

Инаку играчите ветија дека доста помотивирани ќе влагаат во другите дуели и време е да собереме некој бод од наредните дуели. Не очекува меч на домашен терен со ФК Скопје кој мора да го добиеме, а потоа имаме гостување во Кичево кај Напредок. Ако освоиме 4 бода ќе биде одлично :)
Дисциплинска комисија реши за неодењето во Турново или...??? Пошто нели парична казна и одземање 3 бода се спомна нешто ??? Да не се смени у меѓувреме нешто ???
 
Дисциплинска комисија реши за неодењето во Турново или...??? Пошто нели парична казна и одземање 3 бода се спомна нешто ??? Да не се смени у меѓувреме нешто ???
Имаме три дена да вложиме жалба, ако не ни е прифатена ќе ни одземат три бода и се останато, а ако се прифати натпреварот ќе се преигра...
Еве што пишуваше...
Се задолжува Ф.К."Вардар" Скопје –овластено лице и Претседателот на клубот (Драги Сетинов) да достават писмена изјава во врска со неодиграниот фудбалски натпревар со Ф.К."Хоризонт-Турново во Турново во рок од 3(три) дена.Во спротивно ќе се смета дека Ф.К."Вардар" Скопје ја отежнува дисциплинската постапка за што ќе бидат превземени дисциплински мерки.
 
Да а наредната утакмица се игра со Скопје во 15:30 часот.
Не играше на преходниот турнир?Добро бевте плеснати!:bip:
Не играв.
А ко што гледам слаба екипа имаат овие и годинава,така да нешо слично ќе биде и сеа.:icon_mrgr
 
Што е ова нешто читам дека на 24-ти Септември било закажано рочиште на кое ќе се одлучува дали по судски пат ќе му се врати клубот на Брацо. Осеќам дека Брацо ќе го добие судското рочиште (т.е. веќе се знаеше дека се враќа...) па најверојатно ќе ги понесе сите негови играчи од Работнички и Тетекс. Жал ми е само што ќе биде со децава кои сега го носат нашиот дрес :(
 
можеби затоа што сите МК "тифози" се научени на мелодии и песни од северњаците................old school ЈЕ права ствар братееееее:D
Не го сваќај ова како навреда ама неможам да разберам имате слики Пу*ете Партизан , Звезда ...... после на форумов имаше постови некои членови што им е смачено од некои квази навивачи овде на Белградскиве Гиганти па чисто ме интересира твоето мислење пошто си добро упатен те гледам во тифо водиве .


Од 2:40 гледај која песна ја пеете на дербиво со Пелистер

А еве ја нивната песна

Eве ја вашата песна oд 0.47 секунди

Еве ја на Таурунум од Земун

Чисто твое мислење барам за ова пошто си најупатен во навивачкиве работи :smir:.
 
можеби затоа што сите МК "тифози" се научени на мелодии и песни од северњаците................old school ЈЕ права ствар братееееее:D
Сеа наредна утакмица Evеry GO!:vozbud:
 
P-S-G скоро сите навивачки песни кои што може да се слушнат по нашиве спортски арени без разлика дали станува збор за фудбалски кошаркарски или ракометен натпревар се увезени од надвор! Да точно е тоа дека во Комити сакаме да расчистиме со ѕвездашите и со партизановците, меѓутоа песните што ги пееме и ние а можат да се слушнат и од Делије и од Гробари не значи дека се измислени од нив. Колку за пример многумина не обвинуваа дека "Оооооо, Вардаре ти си живот моооооооој, чука и срце за овој град ..." ни е украдена од навивачите на Панатинаикос кои што ја пеат под наслов Horto Magiko () меѓутоа се испостави дека песната потекнува од израелската тифо сцена, што значи дека цел балкан копира и краде песни од остатокот од светот. А што да кажаме за PAOKARA !!!??? Сите сме анти-грци, па вие ја препееавте за вашето Ѓорче, и Фемили си ја препеаа за нивниот МЗТ, а утре можеби и ние ќе измениме два три збора па ќе ја пееме и за Вардар и не гледам што е тука проблемот!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom