^^^ Јас многу оддамна се изјаснив дека сум против Хари, но исто така и против Николовски... Едноставно, неможе ебиветри да го водат фудбалот во државава, но кога ќе видиме па овие 20 години какви луѓе само ја водат и државата, тогаш доаѓаме до "какав деда, такав унук"

Се согласувам со тебе дека фудбал во Македонија ќе има и без Вардар, Победа, Пелистер, Слога итн, едноставно денес фудбалот не се игра за навивачите, туку за ситните и лични профитери, сите гледаат да дојдат до некое место во европски куп, да наместат натпревар и да ги вратат оние, фудбалски кажано "мизерни" 100-200 000 евра што ги вложиле претходната година. Не е ова времето пред 10-15 години кога стадионите беа колку-толку полни, сега примарна цел за Македончето е членство во некоја партија, а фудбалот е некаде на крајот на мислите на повеќето луѓе во државава. Нема начин обичниот смртник да се заинтересира да гледа фудбал, секој ден е бомбардиран од милион политички срања и идеологии. Наместо да се прави плажа за да можат да го наполнат џебот 4-5 ситни души, подобро ќе беше да се направат фудбалски терени каде што ќе може да се игра фудбал, наместо да се фаќаат за гуша и да глумат спасители на Македонија, полит(п)ичкиве партии треба таа сила и енергија да ја насочат кон развојот на спортот во државава. Во колку длабоки го*на сме влезени не сме ни самите свесни, додека сите балкански држави со фудбалот одат се повеќе и повеќе напред, ние се повеќе и повеќе тонеме...
Јас кога бев дете, едвај чекав да дојде недела за да одам да гледам фудбал. Човече, во прво одделение ги знаев сите играчи на Вардар, плачев за татко ми да ме однесе на стадион. Денес да запреме некое дете на улица и да го прашаме, се кладам дека нема ни да знае дека постои фудбалски клуб со име Вардар (Победа, Пелистер итн), но затоа на памет ја знаат програмата "пРеРодба во 100 чекори"...
Јас сакам чист фудбал во Македонија, џабе ќе биде ако добиеме лиценца, а повторно ситни души го водат Вардар. Вчера читам дека Сетинов се мести за враќање, аман бе човеку, не си способен две врзани овци да зачуваш, а не пак фудбалски клуб да водиш...
На крај, џабе и силен Вардар, без силна Победа, Пелистер, Слога итн...