И продолжува да се случува истото секоја година. Уште месец и десетина дена до новата сезона а ние повторно немаме екипа. Ниту имаме играчи ниту пак се одржуваат подготовки, ниту има планови за припреми, а пак ниту има начин да дознаеш нешто ново. Сивило од кое никако да излеземе веќе 5-6 години уназад. Можеби утре ќе се појави некоја одлична новост и сите ќе се израдуваме, ама пак ете што е тоа што ни фали.
Со години веќе немаме озбилни подготовки и тимот се крпи во последните две недели. Срамно за еден клуб кој треба да биде и беше голема гордост на нашата држава.
НАПРЕД ВАРДАР!!!