Вардар е повреден од сеПремрзнав, ама дефинитивно вредеше...
Сосема заслужена победа на Вардар, иако ако подобро ги познаваа правилата мајмунскине судии, можевме да победиме и поубедливо. Во прво полувреме доминиравме, а во второ малку подзастанавме, но и тоа беше сосема доволно за да славиме. Секоја чест за Милевски, многу млади играчи треба да учат од "дедово", едноставно Боби гинеше за секоја топка, според мене играч број 1 на натпреварот. Покрај нив, доста добар впечаток ми оставија уште и Трипуновски, Ѓурѓевиќ и Пандовски. Штета што не го видов првиот гол, во тоа време барав отворено вц за да го пуштам мачорот :icon_bigg
Милано иако значително засилени, сепак не покажаа ама баш ништо на овој натпревар. Освен една шанса на "шашма" што ја имаа, друго ништо посериозно не направија. Морам да го пофалам стајлингот на нивниот тренер, едноставно таков цвик за сонце не може да се види ни во Звездени патеки...
Играта денес беше солидна, иако е далеку од задоволителна. Се гледа дека уште не се воиграни добро играчите, но времето е пред нив и сигурен сум дека допрва претстои најдоброто од Вардар.
Знае некој Арбен кога последен пат одиграл натпревар!? Очигледно е дека играчов е многу далеку и од една просечна форма
Следна недела дербито со Работнички, па после тоа вечното со Пелистер![]()

Секое време поминато на градски е скапоцено:vardar:
Иначе и јас го приметив на Милано тренерот. каква криминална фаца беше, со тоа моторџиската јакна:pos2::pos2:
Се сложувам дека денеска покажавме само солидна игра, но се надевам дека играчите брзо ќе се вклопат и ако дојде Демири да бидеме уште појаки. Одбраната ни е магична, да се дотера малку средината, нападот ни е солиден, можеби и Кировски ако дојде, е тогаш ќе бидеме дефинитивно целосно комплетна екипа

Арбењн Нухиу беше очајно спор. Се гледа дека го стигнале годините

За со Работнички ќе бидеме уште појаки и верувам дека ќе си заминеме со три бода. Огромна штета е што мечот со Пелистер се игра во среда во работно време


Ќ треба да се изнабрзам за да стигнам


Али затоа денеес фучевме во добра бројка, а се надевам на уште повеќе во натамошните мечеви.
П.С. Иначе зар успеа да најдеш отворено вц
