Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Ај и од мене среќна Нова Година и се надевам дека ќе биде подобра од минатата и дека ќе се вратите онаму каде што припаѓате:smir:
 
Среќна нова и од мене све најубаво ви посакувам и да си го видиме Вардар на старите патеки.
 
Ајде среќна нова година и жити све во новава најдете си СПОНЗОР !:helou:
 
Вардар ќе и плаќа и на ФФМ
* Покрај заостанатите долгови за фудбалерите, "црвено-црните" ќе мора да и исплатат 2.500 евра и на ФФМ за неодиграниот натпревар со Металург, а казнети се и со одземање на дополнителни три бода
Покрај потрагата за нов финансиер од раководството на најтрофејниот македонски клуб веќе низ првите денови од новата 2010 година ќе мора дефинитивно да го дефинираат својот однос со Фудбалската федерација на Македонија на која & објавија "војна" со неиграњето на последното есенско коло од шампионатот.
Токму неодиграниот натпревар со Металург на "црвено-црните" на крајот од изминатава година им донесе дополнителни казни одредени од Дисциплинската комисија при ФФМ. "Вардарците", покрај за заостанатите долгови за фудбалерите ќе мора да мислат и околу исплатата на казната од 2.500 евра одредена од дисциплинецот за неодиграната средба со Металург. Покрај тоа казнети се и со одземање на три бода, па по есенскиот дел од првенството сега ФК Вардар би имал само 10 бода закован на 9. место од табелата кое носи кон баражот за опстанок во Првата лига.
Покрај тие казни, и претседателот на Вардар, Драги Сетинов, мина со опомена поради неиграњето на тимот на првенствената средба. Доколку, како што најавува, најтрофејниот наш клуб и во пролетниот дел не одигра уште еден натпревар, како што истакнуваат од ФФМ, веројатно по примерот на Македонија ЃП и Слога Ј ќе следи суспензија и за петкратниот македонски шампион.


Постапка и околу Ступиќ
"Црвено-црните" се соочуваат и со нова казна од страна на Дисциплинската комисија при ФФМ поради случајот со двајцата фудбалери кои изминатово лето од Силекс пристигнаа во клубот.
Поради непочитување на одлуката на Арбитражната комисија за исплата на отштетата од по 3.000 евра за ФК Силекс за фудбалерите Бошко Ступиќ и Тони Џангаровски, најавени се нови дисциплински мерки за клубот.
 
Вардар нема пари за топки,ке им плаќа 2,500 евра хаха овие се луди бе нема денар да видат од тие пари.Ффм само пари сака да земе а не глеа во каква ситација е мак фудбал се им ебам по список.
 
Само бунт со јајца пред ФФМ иначе ништо вака,ќе си лаеме по форуми и никому ништо:toe:
 
Отидовме јабана :toe: башка и на другите 9 ќе им дадат исписници така да баражот не ни бега пролетта ако стварно не се најде нешто...како спонзор...на пример :jaj:
 
СРЕЌНА НОВА ГОДИНА И СРЕЌНИ ПРАЗНИЦИ НА СИТЕ КОМИТИ И НА СИТЕ НАВИВАЧИ НА ВАРДАР.
ВО НОВАТА ГОДИНА ВИ ПОСАКУВАМ МНОГУ ПОВЕЌЕ ЗДРАВЈЕ, СРЕЌА, ЉУБОВ И СЕКАКО ПРЕД СЕ КОНЕЧНО ДА СЕ РЕШИ СИТУАЦИЈАТА СО НАШИОТ КЛУБ И ДА ЗАСТАНЕМЕ НА ПРАВИ НОЗЕ.
КАКО И ДА Е, НЕМА ПРЕДАВАЊЕ, ЌЕ СЕ БОРИМЕ ДО КРАЈ, НАДЕЖТА ПОСЛЕДНА УМИРА, МОРА ЕДЕН ДЕН НАЈТРОФЕЈНИОТ МАКЕДОНСКИ КЛУБ ДА СЕ ВРАТИ НА МЕСТОТО КАДЕ ШТО ПРИПАЃА.
ПОЗДРАВ ДО СИТЕ, ПРИЈАТНИ ПРАЗНИЧНИ МИГОВИ.

ЕДЕН Е ВАРДАР !
 
Не е крива ФФМ за казната и одземените бодови туку сами сме криви... Ги знаевме последиците од бојкотот, а ние бојкотиравме. Доколку не најдеме спонзор, а на пролет продолжиме да играме тогаш тоа ќе ни биде уште еден автогол... Не е само за Ступиќ, очекувајте во наредниов период да се актуелизираат и парите кои наводно Вардар ги должи на Цементара за трансферот на Васоски :toe:
 
нема да се појави тој долг од цементарница го решија тој долг им дадоа неколку млади играчи на позајмица
 
Наградно прашање: Доколку евентуално Вардар добие 30 000евра, тие ќе завршат во касата на Вардар или во нечиј џеб? :helou:
 
Наградно прашање: Доколку евентуално Вардар добие 30 000евра, тие ќе завршат во касата на Вардар или во нечиј џеб? :helou:
Тешко прашање пм....Ова да не може да го заменам прашањево или да повикам публика?:wink:Се знае дека у џеб ке идат многу нормално....
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom