Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Заврши полу сезоната следниот натпревар се игра дури во март,се надевам дека до тогаш ке најдеме спонзор и конечно ке тргнат работите на добро.
 
Ме немаше долго со коментари поради тоа што нашиот Вардар живееше во свет на шпекулации и на ниедна вест неможеше да се верува па редоследно ни да се коментира! Меѓутоа сега горе-долу одредени работи излегоа на виделина и истите неможам да ги преќутам како обожавател на клубот за кој што крвта во вени ми врие.
Одлуката да не се одигра мечот на железарница мислам дека јасно покажува дека нашиот клуб е "привезок" за остварување на личните интереси на Орце Камчев - човек кој што во соработка со ИО за спас на клубот ветуваше дека од Вардар досега ќе направи балкански Челзи, кој што ќе биде доминантен на домашната сцена и редовен учесник во лигата на шампионите. На првиот натпревар како претседател на Вардар, им вети на играчите премија од 500 евра за победата против Силекс и истата не им ја исплати. Од тогаш ми стана јасно дека се додека е тој во клубот, сево ова што пракнично ни се случуваше во изминатава година ќе биде неизбежно! Она што е уште потрагично е тоа што, оние кои што парадираат на А1 и се представуваат како клубски месии, се жалозници на парите на претходноспоменатата особа, и не гледаат подалеку од сопствениот џеб. Демантирајте ме и напаѓајте колку сакате, меѓутоа делата говорат! Стварно е несватливо од кои други причини (освен финансиски) оние коишто се удираат в гради дека се спасители на Вардар, би одлучиле клубот моментално да се одкаже од тековното натпреварување.
Не сакам да бидам сватен дека ја подржувам ФФМ и оправдувам нејзината одлука за раскин на договорот на Стефан Ристовски на штета на клубот, меѓутоа кажете ми што конкретно направивме во изминативе 6 месеци за да го ослободиме клубот од оние коишто го држат во заложништво, и да им ги овозоможиме на Стефан и на останатите наши пулени неопходните услови достојно да ја бранат честа на црвено-црната боја во домашниот шампионат??? Играчите цела полу-сезона ја одиграа за минималец од 100-200 евра а гледам на facebook безсрамно ги плукаат демек тие биле оние коишто немале однос и чувство за припадност кон клубот! А што направија клубот и раководните структури за нив??? Ништо!!! Само ги лажеа дека ќе дојде некој нашинец од Норвешка со австриски капитал (или можеби беше обратно) кој што btw на крај испадна дека на пола ѓорче му должел пари како што некои пишаа. Па повеќе ќе верувавме да кажеа дека "some Portorican guy" е заинтересиран да финансира во Вардар!?
На последниот натпревар на кој што присуствував верувале или не се предлагаше идеа клубот да се финансира преку рекетирање на кафичите на кеј!!! Зарем на тој начин ќе ја спасуваме гордоста на Скопје, клубот кој што беше синоним за се што е скопско и македонско меѓу луѓето во бившата држава!!! Некој можеби ќе каже дека батките барем се трудат и се спремни на се во овие тешки времиња, меѓутоа тоа не беа ветувањата коишто како навивач имам право да барам да се реализираат на дело!
Незнам дали вреди хронолошки да се навраќам во детали на краткотрајната и неуспешна авантура со Трифун, и на збиднувањата од времето кога го бркавме Брацо, меѓутоа морам да спомнам дека сите ние којшто ја промовиравме или во најмала рака барем подржавме идеата за формирање на ИО кој ќе раководи со клубот за да го спаси, комплетно ја утнавме и оплескавме работата уште од самиот почеток. Затоа колку побргу се тргнеме од салите за прес-конференции и си го завземеме нашето место - а тоа се трибините, толку подобро ќе биде за Вардар, и на таков начин најмногу би му помогнале!!!
 
Ај и јас да си кажам своие мислење во врска со случувањата во клубот, па на кој му допадне океј, на кој не ми е гајле:smir:
Да преминам на главното. Значи најкрив за се што се случува во Вардар е Орце Камчев, но уште покриви се и некои други. Вината треба да се бара меѓу наши луѓе кои гледаат да ќарат нешто од вардар. Вината е во КОМИТИ но не тие што сме секоја утакмица со Вардар, што сме членови на навивачката група во поновите времиња, туку вината треба да ее бара меѓу старите комити. Старата гарда, потоа некои наши истакнати членови и слично. Сите не обвинуваат нас за состојбата во клубот, но ние воопшто и немаме појма што се случува со клубот. Од тие што се на трибина во последниве години единствен човек кој знае нешто и се обидува да стори нешто за вардар, и човек во кој колку толку имам верба е Миле. Сите други почнувајќи од Бранко, адвокатов Шехтански и сите луѓе кои стојат зад нив, според мене се највиновни за тоа што се случува сега. Сите се чудиме како никој неможе да го избрка Орце. Епа прашајте ги овие луѓе:wink:
Другата струја во Вардар која стои зад Сетинов. Таа е поблиска до ФФМ, а зад нејзе стојат и наши поистакнати членови кои се луѓе на Брацо и прават напори да го вратат во тимот, токму поради овие струи и пропаднаа некои преговори со потенцијални инвеститори. Значи проблемите во нашиот клуб доаѓаат од наши редови и спас ни нема уште долго време. Ако грешам поправете ме:tapp:
 
ima li vistina vo muabetite deka clenovi na komiti se potkupeni da ne dozvolat vardar da ne igra vo avtokomanda?
 
најголеми виновници што вардар го допре дното се орце камчев и некои луѓе од комити кој сакаат да профитираат од сето ова.

НЕСЛАВЕН КРАЈ НА ЕСЕНСКИОТ ДЕЛ ОД МАКЕДОНСКИОТ ШАМПИОНАТ КОЈ ОСТАНА И БЕЗ СВОЈОТ НАЈТРОФЕЕН КЛУБ
Вардаров "аперкат" за ФФМ!
* Најтрофејниот македонски клуб остана до крај на своите најави за бојкот на првенството на тој начин нанесувајќи уште еден силен удар во обидот за 'освестување' на актуелното раководство на ФФМ
Нашиот најтрофеен клуб на крајот од есенскиот дел од шампионатот му го нанесе најсилниот досега удар на актуелното раководство на Фудбалската федерација на Македонија во обидот, конечно, да се дојде до заедничкиот заклучок на овие наши жални фудбалски простори дека, сепак, колку некои сакале да прифатат или не, нешто не е в ред со македонската фудбалска топка.
Останувајќи цврсто на своите најави, уште од четвртокот, "црвено-црните" вчера не го одиграа својот натпревар против Металург само како продолжение на бојкотот почнат од Македонија ЃП, Слога Југомагнат, Пелистер и Хоризонт Турново, а сега надополнет и со ФК Вардар. Пет клуба низ првиот дел од сезоната 2009/2010 јасно го кренаа својот глас против ФФМ, два, Македонија ЃП и Слога Ј, останувајќи до крај во битката доживеаја и дисквалификација од Првата лига, а сега нашата Прва лига, ако нешто не се промени до стартот на пролетниот дел, остана и без нејзиниот најтрофеен клуб.
24E33C5C9B685D408A9CB389281A5637.jpg
Од Иницијативниот одбор за спас на ФК Вардар, кој е мнозинскиот раководител на клубот, и вчера потенцираа дека не се откажуваат од своите намери за извесни промени во начинот на функционирање на ФФМ поради што е и екстремниот чекор преземен во финишот од првиот првенствен дел.
"Нашите ставови не ги менуваме така лесно од ден на ден и покрај желбата на одредени моќници на ФФМ. Бојкотот беше неизбежен акт како последица на многу нелегални одлуки од страна на ФФМ", ни изјавија и вчера од Иницијативниот одбор за спас потенцирајќи дека одлуката за бојкот на двата колективни члена, заедно и со компанијата "Мода и Спорт", останува во важност...
"Јасно потенциравме дека во наредниот период сега очекуваме да видиме колку ФФМ ќе може да им погледне во очи на многуте аномалии во сопствените редови. Колку ќе може да промени одредени нешта во начинот на своето функционирање, па потоа евентуално да следи промена на нашата одлука за бојкот".
А, револтот на ФК Вардар следеше по издавањето на раскин на стипендискиот договор за 17-годишниот Стефан Ристовски, кој доби исписница од страна на ОФС Гази Баба, а потврдена и од Верификациската комисија при ФФМ, со документ потпишан од страна на поранешниот претседател Бојан Захариев на 7 декември 2009 година, и покрај тоа што Захариев на 27 август оваа година поднесе оставка од претседателската функција. Демонстрирајќи го својот страв од напуштањето на Лигата и на ФК Вардар, од ФФМ во четвртокот експресно ја "замрзнаа" одлуката за раскин на договорот на Ристовски, меѓутоа тоа не беше доволно "вардарците" да го променат својот став.
4EA51DA140BB9C44A7DD99868442CEB9.jpg
"Замрзнувањето на одлуката апсолутно не значи ништо освен признавање на самата ФФМ дека работи на крајно нелегитимен начин. Ние сме свесни дека сега н$ очекува казна за неиграњето со Металург. Но, колку и до кога во казните ќе биде суштината на решавање на проблемите кои се наталожени во мак-фудбалот. На овој начин ФФМ наскоро ќе нема веќе кого да казнува, со оглед на тоа што сериозна е бројката на клубови на спротивната страна", истакнаа вчера од Иницијативниот одбор.
В.Булатовиќ

Сетинов пред оставка како претседател на Вардар!
Драги Сетинов, по само нешто помалку од два месеци како прв човек, е пред оставка на претседателската функција на ФК Вардар. Сетинов, според најавите размислува за повлекување од најтрофејниот македонски клуб како чин на несогласување со одлуката на двата колективни членови од Собранието на ФК Вардар, Иницијативниот одбор за спас и компанијата "Мода и спорт", за бојкот на домашниот шампионат...
Како што нагласува Сетинов, со оглед на тоа што има различен став од оној на колективните членови околу бојкотот на шампионатот како начин за остварување на своите цели, сериозно размислува за оставка на претседателската функција, а дефинитивната одлука ќе ја донесе низ деновите од актуелнава седмица.
"Секогаш истакнувам дека јас сум еден од оние кои воопшто не се согласуваат со начинот на функционирање на ФФМ под раководство на Хаџи-Ристески. Со оглед на тоа што сум избран како претседател на Вардар на Собрание ја почитувам одлуката на колективните членови, меѓутоа со оглед на тоа што имам сосема поразлично мислење околу бојкотот затоа што сметам дека тоа може да му нанесе штата на Вардар размислувам за оставка", вели Сетинов.
Драги Сетинов на 25 октомври беше избран за претседател на ФК Вардар со единствена намера, каков што беше заклучокот на тогашниот собир, во рок од 30 дена да го овозможи влезот на новонајавениот финансиер на клубот. Но, од тогаш минуваат повеќе од 50 дена, а официјализација на нов финансиер на "црвено-црните" нема. Сетинов, од друга страна, с# уште не е заведен во Централниот регистар на РМ како претседател на ФК Вардар, каде фигурира името на неговиот претходник, Бојан Захариев.

Фудбалерите без пари на распуст
Вардаровите фудбалери без никакво финансиско освежување го почнаа својот "зимски распуст". Сите играчи едногласно ја почитуваа одлуката на раководството на тимот за неиграње на дуелот со Металург, меѓутоа останаа завиени и длабоко под "стегата" на своите финансиски проблеми кои за нив се во преден план.
Сосема е јасно дека ФК Вардар до крајот на годината ќе остане и без голем дел од актуелниот играчки состав. Во тек се процедурите за добивање раскин на договорите на штета на клуб за девет фудбалери кои сигурно ќе ги добијат со оглед на неплатените придонеси за нив од страна на клубот, повеќе од три месеци.

Жални 18 натпревари за цели 5 кола
Може ние, и одговорните во ФФМ задолжени околу натпреварувањето во Првата лига, да се залажуваме колку сакаме околу регуларноста на годинашниот наш шампионат, меѓутоа оние жални вкупно 18 натпревари за цели 5 кола во елитната лига доволно зборуваат за веќе практично "мртвата" наша фудбалска игра.
За цел еден месец, изминатите пет кола, македонската Прва лига доживеа да има по само три натпревари одиграни на терен во просек на коло, со голем дел службени резултати, минусирање и дополнување на бодови до недоглед... Дефинитивно силен показател дека во сезоната 2009/2010 шампионатот на Македонија, без разлика на с$, веќе е оставен засекогаш под сомнежот - нерегуларен.

МЕТАЛУРГ СОСЕМА ИЗВЕСНО СО ТРИ БОДА ОД ЗЕЛЕНА МАСА
Топката не се "тркалаше" на Железарница!
Она што беше познато уште во петокот, се оствари вчера кога на теренот на Железарница не се играше фудбал. Станаа вистинити најавите од нашиот најтрофеен клуб, Вардар дека ќе го бојкотира првенството, поради самоволието на функционерите во ФФМ кои очигледно немаат намера да престанат да работат на штета на фудбалот, кој тоне с$ подлабоко подлабоко. Нова шлаканица за "четата" на Харалампие, овој пат се чини уште посилна по бојкотирањето на шампионот Македонија ЃП и на екипата на Слога Ј. И дефинитивно е познато дека во нашата земја фудбалот е на раб на умирање, на раб на згаснување. Две екипи повеќе не се во нашата Прва лига, само прашање на време е кога ќе дојде и третата, односно нашиот најтрофеен клуб.
Вчера "вардарците" не дојдоа на стадионот Железарница, нивната соблекувална остана празна, а по чекањето од половина час, заминаа и судиите, делегатот, но и фудбалерите на Металург. "Металурзите" ќе добијат одново службени три бодови (по оние на дуелот со Хоризонт). Но тоа не е ништо во споредба на одговорот на прашањето што сега. Зарем овие од ФФМ одново ќе измислуваат глупости за да надоместат за хаосот кој го направија, а на кој нема да му дојде крајот. Како сега екипите ќе имаат по 30 натпревари за да можат да учествуваат во европските купови? Никако!!! Лесно е да се дадат бодовите некому на зелена маса, но тешко дека ќе се најде излез од оваа тешка криза која го зафати нашиот фудбал.
Г. Б.

извор: http://www.sport.com.mk/?ItemID=BFB3617693059D4493F6BE8F47134A8B
 
Кој бил крив? Ова е најтешко прашање зашто нема еден...сите што беа во Вардар земаа никој не даваше така да после историските средби со ЦСКА и Спарта и парите лапнати од некои олигарси од продадените фудбалери почна да тоне бродот...моменто е на дното значи и префрање во општинска лига не е посрамно од ова сега,но некои можници,одбори,навивачи што секој гледа негде да се упика исто така го доведоа до ова,па неможе бе еден Жути од Аеродром од навивач одеднаш да стане некој и нешто во Вардар бе и да зема пари колку тројца фудбалери,а што е жално тие тие пари не ги ни земаат :tapp: затоа само маж со јајца до колена и пари во џебот може ова да го спаси...и никој да не шиша,ни навивачи ни управа сам свој газда да биде...ама ваков човек за жал нема :jaj:
П.С.И нека го пуштат детето во Европа,барем нека направи кариера а не да игра за 50 евра со страв во коски некој во Тетово или Битола ќе го натепа :toe:
 
јас мислам дека ристе намерно не го пуштаат за да лапнат некоја паричка
 
Пријатно сум изненаден што повеќето од вас се согласуваат со она што го пишав, и што дури и со конкретни имиња посочивте кој, на каков начин, и зашто го довел клубот до ова дереџе.

Saber Rider спомна дека одредени структури во клубот прават напори да го вратат Брацо. Не сакам да звучам брацо-носталгично, од проста причина што и брацо е најобичен шверцер на спортска опрема од марката reusch и ништо повеќе. Меѓутоа најискрено не би имал ништо против Вардар да биде онаму каде што беше во него време а не предпоследен, барем 11 Октомври да го плескаме со по 6:1 а не да губиме како годинава кога не сотреа во купот со 3:1! Иако беа наместени, сепак во нашите витрини отседнаа 3 трофеја (два во првенството и еден во купот) и без нив тешко дека сеуште ќе го имавме приматот на најтрофеен тим во земјава. На крајот на краиштата имавме состав кадарен да им пркоси на ЦСКА Москва, Спарта Прага, Гент ... клубови кој што денес би не поразиле со ракометна разлика! И она што е најтрагично е фактот што брацо го избркавме не поради многуте причини за кој што и требаше да си оди од клубот, туку по наредба на истите оние кои денес го држат клубот во заложништво,и не донесовме никого на негово место за да го издигнеме клубот скалило погоре!
 
Е тука е маката, што ние мислевме дека оние кои влегуваат ќе бидат по елегантни профитери кои ќе му донесат профит и на Вардар. Колку бевме глупави.
 
А зошто сега плукање по нив, нели тие се дел од вас, нели тие се дел од навивачката група на Комити?
 
А зошто сега плукање по нив, нели тие се дел од вас, нели тие се дел од навивачката група на Комити?

Вардар нема 20 фанови како други фудбалски клубови во Македонија. Оние кои сега го раководат Вардар и ги влечат главните конци (претпоставуваме, никој не знае точно) не сме ние, ни јас, ни Јово. Туку се Камчевци, Сетиновци, и очигледно некои од влијателните членови во Комити иако и тоа е дискутабилно, можеме да нагаѓаме. А јас не сум ни комита, ни син на камчев ни внук на Сетинов. Јас сум фан на Вардар, и не ме боли дали го води Жути, Мачка или Абрамович. Мене ме интересира да уживам во победите на Вардар и возбудливите натпревари на мојот омилен клуб.
 
Добро, јас мислев дека и вие сте дел од Комити, зашо ако бевте тогаш требаше да барате одговорност од вашите луѓе или евентуално до другите.
 
Добро, јас мислев дека и вие сте дел од Комити, зашо ако бевте тогаш требаше да барате одговорност од вашите луѓе или евентуално до другите.

Како прво и прво подполно се сложувам со тоа што ти го одговори Виктор.

Додека како второ, прочитај ги убаво моите последни постови и ќе видиш дека речениците ми се во прво лице множина, што значи дека не си земам за право себе како навивач на Вардар (без разлика дали имам членска од Комити или не) кој што ја подржал иницијативата за формирање на ИО за спас на клубот да се амнестриам од вината за сите погрешни потези направени во изминатиов период, и истата да ја префрлам на некој трет. Сите ние којшто го носиме вардаровиот амблем во срцето сме до негде виновни што дозволивме клубот да западне во актуелнава состојба.

И за крај најмалку е битно дали на хартија си член на Комити. Припадноста кон оваа навивачка група чии што основни и суштински идеали сеуште ги почитувам, треба да се заслужи со дела. Проблемот е во тоа што оние кои што парадираат по медиумите и се представуваат себеси како воџи и месии свесно подзаборавиле на предмалку споменатите идеали!
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom