Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Ако Вардар се откаже, сигурен сум дека и Милано потоа ќе се откаже. :toe: Па кој знае што ќе правиме после со 8 клубови. :tapp:
Ако се откаже уште еден тим готово е превенството:smir:
Инаку кој би можел да не игра од ФФМ, ако се знае дека ни се должници. Не знам од каде сега ваквата нивна одлука (што ми мириса дека ќе ја сменат набрзо а и нормално не се ни во право). Не изиграл некој од внатре:toe:
 
Не ми се верува :(((((
јас мислам ќе се направи нешто и ВАРДАР нема да ја напушти лигата
 
Овој па досаден како комарец е, се лепи како мува на гомно...
Овој нема попаметна работа па само провоцира значи поглупо дете нема на овој форум ја мислам,незнае 10 посто од фудбал 5 пати бил на победа дома и мисли фраер е,после сакаш во евроспка унија епа со вакви никад нема да влеземе
 
со вакви ка прилепчанецов у вц не се влага па не у еу:)

Кај можеш да влезеш во вц, читај му го потписот под аватар, сигурно јако ебачиште е, растур прави со курето на негови 14-15 години, сигурно и во одделение им е најдобар
 
14335_1293025923503_1165926173_30892011_3923598_n.jpg

14335_1293024683472_1165926173_30892007_3729476_n.jpg

14335_1293023003430_1165926173_30892005_5792203_n.jpg

14335_1293021443391_1165926173_30892000_6295701_n.jpg
Мислам дека според некои правила на ФФМ доколку клубот не му исплаќа редовно пари за стипендија како што стои во стипендискиот договор , фудбалерот може да го раскине договорот (стипендиски ) на штета на клубот . Некој ако разбира повеќе околу ова може да објасни:toe: ...
 
Мислам дека според некои правила на ФФМ доколку клубот не му исплаќа редовно пари за стипендија како што стои во стипендискиот договор , фудбалерот може да го раскине договорот (стипендиски ) на штета на клубот . Некој ако разбира повеќе околу ова може да објасни:toe: ...
Па штом се користи име и потпис од човек што претходно веќе писмено потврдил дека дава отказ, веројатно му се исплаќала стипендија.
 
дечки јас мислам ако вардар стварно се решени да излезат од лигата,после нив и други ќе се откажат и тоа е единствен начин според мене да симне мајмунот од прецедателска фотеља... едноставно ќе се блокира првенството поради тоа што би немало доволен број екипи и со помош на Уефа ќе ги тргнеме диктаторите од нивни функции и белки конечне ќе процвета фудбалот кај нас ... :toe:
не ми е јасно сеуште како не се може до сега да го шутенеме мајмунот,мамето негово...
 
Па штом се користи име и потпис од човек што претходно веќе писмено потврдил дека дава отказ, веројатно му се исплаќала стипендија.
ама тоа веројатно е големо....во нашиов фудбал се е "веројатно" убаво ама не ќе да е..
 
Стефан Ристовски за 350.000 долари во Валенсија!?
3E7ED160BC493345ADC03707AA4CC63E.jpg

Според нашите информации, една од најголемите растечки ѕвезди кои последните десеттина години се појавени на нашите простори, Стефан Ристовски е пред трансфер во шпанскиот гигант Валенсија.
Токму преселбата на Ристовски во Шпанија, како што дознаваме, била и причината за експресната реакција од страна на одредени раководни структури на ФФМ за издавање исписница за нашиот младински репрезентативец.
"Јасно е дека Стефан Ристовски е можеби единствениот вардаров фудбалер кој во моментов има висока европска пазарна цена. Тоа се единствените интереси и на одредени поединци кои сакаат да си играат со судбината на еден млад фудбалер", велат од Иницијативниот одбор.
Како што дознаваме, одредени кругови но не и Вардар, за трансферот на Ристовски во Валенсија би добиле околу 350.000 долари. Претходно и белградска Црвена Звезда, но и сплитски Хајдук јасно го нагласија својот интерес за Ристовски.

ФФМ ЕКСПРЕСНО ДЕМОНСТРИРАШЕ СТРАВ ОД ПОВЛЕКУВАЊЕТО НА ФК ВАРДАР
"Замрзнат" раскинот на договорот на Ристовски
ФФМ вчера експресно демонстрираше страв за заминувањето и на нашиот најтрофеен клуб од првенствените натпреварувања, но и индиректна потврда на сопствените нелегитимни дејствувања.
Со официјално соопштени на својата интернет страна, вчера во попладневните часови ФФМ информираше дека ја замрзнува одлуката за раскин на договорот на Стефан Ристовски со ФК Вардар.
"По последната информација за раскинот на стипендискиот договор на фудбалерот на ФК Вардар, Стефан Ристовски со што од ОФС Гази Баба му е издадена брисовница, ФФМ ја информира фудбалската јавност дека надлежна за регистрација на овој играч е ОФС Гази Баба, а не федерацијата. По барање на ФК Вардар, ФФМ го запре објавувањето на раскинот на овој договор во Службен весник се до расчистување на валидноста на документите и запазувањето на жалбените постапки до сите инстанци во ОФС Гази Баба или Комисијата за заштита на законитоста во ФФМ", се вели во вчерашното соопштение од ФФМ.

http://sport.com.mk/WBStorage/Files/1112-03.pdf
 
:vozbud:Да е ова вистина:vozbud:и те како ќе се извади клубот.
Останувам сепак скептичен,новинариве 5000000 работи до сега извадија за Вардар,а дали 2 беа точни.
 
:vozbud:Да е ова вистина:vozbud:и те како ќе се извади клубот.
Останувам сепак скептичен,новинариве 5000000 работи до сега извадија за Вардар,а дали 2 беа точни.

И да е точно, мислиш Вардар ќе ги види овие пари? :) Да не набројувам претходни трансфери, до сега Вардар има земено милиони од трансфери, а од тие трансфери лично видел 0
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom