Помогнете му и вие на Вардар!
Од FC Vardar
Вчера во 21:21
Тоа што во предходните неколку дена го најавувавме од денес почнува да се остварува. Имено од денес започна акцијата за откупување на сезонски билети за натпреварите на ФК Вардар на градски стадион, западна, јужна и северна трибина за натпреварувачката 2009/2010 година.
Сезонска карта за западната трибина изнесува 300 денари;
За Јужна и Северна трибина истата изнесува 1000 денари
Целта на акцијата е прво да ја откупиме западната трибина за наредната сезона со моментално околу 1800 седишта. Доколку отпочне рушењето на западната трибина во текот на сезоната добиваме право со истите сезонски билети да се префрлиме на јужна или северна во блоковите до западната трибина. Средствата ќе се уплаќаат на жиро сметка на Одборот за спас на ФК Вардар во Комерцијална Банка, а истите дирекно ќе можат да се користат од Фудбалскиот Клуб Вардар за наменски цели.
Жиро сметката каде треба да се уплаќаат средствата е:
300000002698382
Уплатата ја вршите со уплатница во Комерцијална Банка и препорачливо од Комерцијална Банка како не би имале провизија за трансфер на средства. Истата ја чувате како доказ, и кога годишните билети кои се во фаза на подготовка ќе бидат готови ќе можете да подигнете.
Целта е формирање на е еден вид донаторска конференција, за да се соберат пари за функционирање и помош на Фудбалскиот Клуб Вардар. Втора цел е испраќање силна порака со самиот откуп на западната трибина пред почетокот на сезоната, дека Вардар нема да пропадне па си отишол од него некојси Трифун, Петко, Станко или како било се викал, или пак бил во криза, без или со играчи, без или со тренер, Вардар нема компромис!!!
Веќе се извршени неколку уплати и тоа сите неколкукратно поголеми од износот на сезонски билет за западна и јужна трибина. Затоа доколку уплаќате за западната трибина уплатите нека бидат на износ делив со 300, на пример 300, 600, 900, 1200, 1500 денари итн..., за јужна/северна 1000, 2000, 3000 денари и слично. Цел на дознака пишувате Уплата на годишен билет за Западна/Јужна/Северна трибина сезона 2009/2010 За секој износ над минималниот со приложената уплатница добивате уште еден или повеќе сезонски билети кој ќе ги подарите на тој што нема можност да одвој толку средства, бидејќи целта е донирање средства за помош и опстанок на ФК Вардар.
Проценивме дека на овој начин можеме да собереме сума од 600 - 800.000 денари(околу 13.000 евра) , или во превод преку 2000 откупени сезонски (членски) карти за западната трибина за 2009/2010 сезона. Износот на средствата иако во многу ќе му помогнат на ФК Вардар во моментов не е толку импресивен колку насловот "КОМИТИ ЈА ОТКУПИЈА ЗАПАДНАТА ТРИБИНА УШТЕ ПРЕД СТАРТОТ НА СЕЗОНАТА". За вредноста да е поголема истото е направено во време на најголемата криза на ФК Вардар во историјата, слична на онаа сезоната 2007/2008.
"Isnogood" има примерок и ќе го прикачи на нашата веб страна во текот на денов.
Сега за сега имаме само денарска сметка но утре или најкасно понеделник ќе имаме и девизна сметка каде ќе можат да уплаќаат и навивачите на Вардар кои живеат или престојуваат надвор од границите на матичната земја Македонија. За нив уплатите ќе идат 5, 10, 15, 20 Евра западна трибина (5 евра минимално), 20, 40, 60...евра Југ/Север (20 евра минимално)