Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Конечно проработе.

Инаку ФФМ го одбила бараето на Вардар за преиспитување на одлуката на арбитражната комисија за случајот Васовски, поради недоволен бр докази (иако ФФМ и Цементарница се тие што немаат докази а многу добро знаат во чии џебови завршија парите за тој трансфер).

Инаку Милко воведува нова формација 3-4-3, за мене ова е за поздравување, ама ајде првин да ги видиме резултатите па после "Милко Мајсторе"!

Така е.
А вака има некои официјални информации за позицијата?
Има промени?
 
3-4-3. Фантастично. Вардар не знам како поинаку би можел и да игра во нашата лига. Кога името Вардар ќе притисне, после е лесно, ако им се даде шанса на малите екипи да видат дека ВАРДАР се брани, ќе го прегазат. Правило во спортот е, кога големиот ќе покаже слабост, малиот се крева...
 
Чекајте бе луѓе полека, уште ништо не е официјално. А доколку се осмелат вака да не казнат, мислам дека нема зашто да продолжиме да се натпреваруваме во такво првенство. Па нека си прават Хари Брацо приватна лига. ФФМ успеа во својата намера да не дестабилизира и тоа се одрази врз нашите резултати.
 
Како бе -9 бода????
Ако стварно се направи ова ај нека му ги дадат на Милано тие.:tapp:
Ејј. ВАРДАР да го казнат. Најквалитетниот тим во Македонија и најтрофејниот, скоро цела Македонија што го почитува и сака да го казнат. И не треба целата вина на Вардар да се префрли и сепак би требало да се продолжи рокот пред да се санкционира тоа.
 
нека плати вардар де ...... трифун знаеше што го чека кога наследи еден пропаднат вардар ? уште многу вакви срања од претходното раководство ќе излегуваат на виделини , уосталом нели се договорија на рати да плаќаат ?
 
Извадок од сајтот на Комити за казните на Вардар

1.Ејупи Музафер рег. бр.3178 фудбалер на Ф.К.”Вардар се казнува со дисциплинска мерка забрана на настап на 2 (два) првенствени – куп натпревари.
2. Се поведува дисциплинска постапка против Шефот на стручниот штаб на Ф.К. Вардар – Скопје (Тасевски Жикица) , кој бил исклучен по завршување на куп натпреварот Ф.К. Ренова -Ф.К. Вардар одигран на ден 30.10.2008 година поради неспортски однос кон судиската четворка.
- Тасевски Жикица се суспендира до донесување на Одлука.Суспензијата тече од 05.11.2008 година.
-Се задолжува Тасевски Жикица да достави писмена изјава во рок од 3(три) дена.
3. Се поведува дисциплинска постапка против :
Чакаров Дејан функционер во Ф.К. Вардар Скопје
Милошески Сашо функционер во Ф.К.Вардар Скопје
поради обид за физички напад и закани кон главниот судија по завршување на Куп натпреварот :Ф.К.Ренова-Ф.К.Вардар одигран на ден 30.10.2008 година.
Се задолжуваат погоре именуваните во рок од 3(три) дена да достават писмени изјави.
5. Се поведува дисциплинска постапка против : Мане Манев тренер на голмани на Ф.К.Вардар Скопје, поради неспортско- насилничко однесување кон лице – (дете задолжено за враќање топки) во 88 минута на натпреварот од 11 коло на Прва МФЛ : Ф.К.Силекс-Ф.К.Вардар одигран на ден 02.11.2008 година во Кратово.
-Мане Манев се суспендира до донесување на Одлука, суспензијата тече од 05.11.2008 година.
-Се задолжува лицето Мане Манев во рок од 3(три) дена да достави писмена изјава.
6. -Се поведува дисциплинска постапка против : Достаниќ Ратко поранешен Шеф на стручен штаб на Ф.К.Вардар Скопје, поради неспортски изјави со политичка конотација и содржина дадени во дневниот печат, со што сторил повреда на актите и прописите на ФФМ,УЕФА и ФИФА.
-Се задолжува лицето Достаниќ Ратко во рок од 8(осум) дена (од денот на приемот) да достави писмена изјава.
12. Се поведува дисциплинска постапка против : Ф.К. Вардар – Скопје поради недолично однесување и истакнување на пароли со навредлива содржина спрема ФФМ од страна на навивачите на Ф.К.Вардар Скопје (Комити), на натпреварот : Ф.К.Силекс-Ф.К.Вардар одигран на ден 02.11.2008 година.
-Се задолжува Ф.К.Вардар Скопје –овластено лице во рок од 3(три) дена да достави писмена изјава.
 
fa997, тоа е извадок од сајтот на ФФМ, и се казни изречени од федерацијата. Особено ми е смешна последната точка, Бангладеш чоече... како може да го казниш Вардар за знаме поставено на трибини, кое нема ниту политичка, ниту расна, ниту било каква навреда. Ај, и да речеме дека е навредливо (шо е небитно) како може клубот да го казниш, особено коа тоа се десило на противничка трибина. По дегенска одлука не сум прочитал од оној пат коа видов дека уште е активен членот во една сојзуна држава во САД, а гласи “не е дозволено доаѓање на гласање со стап во рака“. :tapp:
 
Викторгг знам дека е од ФФМ само јас го најдов на сајтот на Комити, ама не е ни толку битно сега. Работата е што апла се иде со хајка против Вардар, само не ми е јасно зашто токму сега кога сме јаки, можеа да го направат тоа лани кога бевме мизерни и со тоа да не дотлчат, вака само ќе си го навлечат уште толку гневот на цела јавност.

Некако ми излгеда дека цел ФФМ е со Ренова, не само поради тоа што не казнија за ништо, туку и поради двата поништени гола, со нив во Купот. капак на се беа овие казни што следуваат со што и отворено влегуваат во војна со Вардар.
 
На Градски дури на 30 ноември...па не е фер бе :nesum: Виктор ти давам фора да се спремиш до тогаш
 
Во денешен Спорт пишува дека ФФМ(афија) испратиле писмо до Вардар во кое се закануваат дека ако не биде испочитувана одлуката на арбитрарната комисија тогаш на Вардар може да му бидат одземени 3-9 бода или да биде исфрлен во понизок ранг. Во остатокот од текстот се вели дека случајот најверојатно ќе се разрешува во зимската пауза.
 
Од утре почнува пеколниот распоред за Вардар, гости со Победа, гости со Пелистер, слободни, пак гости со Ренова, па тек во 16-то коло играме дома со Милано.

Инаку утре очекувам добро гостовање во Прилеп, кој ќе иде се гледаме таму:salut:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom