Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
последниве 3 натпревари многу лошо ги игра вардар. иако победија со напредок, сепак тоа беше далеку од некоја задоволителна игра, среќа што напредок неможеше да издржи едно исто темпо повеќе од 30мин... треба нешто да се менува и тоа под итно! има доста играчи на кои местото не им е во прв тим, подобро да играат пеев и петров него некои влечуги.

И јас се чудам зашто Вардаровите деца Петров, Пеев, и Бајо се резервисти а ми играат Муса и струмичкион сељак Масев.Мислам дека и Положани треба една утакмица да биде заменет со Пеев за да свати дека еден гол од слободен удар против Милано и 2-3 соло продори против Победа не се ни 10% од она што треба да го пружи во црвено-црниот дрес сезонава.Може многу повеќе,ама има моменти кога ич не му се игра.Репни го по плата,седни го на клупа,и после ќе му текне да го пика сечениот кај што друг ни нога не би пуштил т.е. да гине за Вардар.
 
Имате право да зборите за Али, ама не и за Масев и Положани. Првиот беше најдобар со Пелистер, вториот играше 3 или 4 натпревари поради повреда и сосема солидно ги изигра, освен нормално последната кога немаше ниту еден расположен. Можеби Петров заслужува да игра ама нема искуство, Пеев немам коментар дечкото игра со срце за Вардар, за Бајо џабе ќе збориме од следната утакмица 100 % е во првиот тим. Чекаше и дочека.

Убаво дојде поразот, малце да не спушти на земја дека не е се завршено толку рано, има уште 28 кола до крај. Следно коло е Хоризонт Турново и мислам дека тоа ќе биде последната утакмица што сме казнети, бидејќи според сите најави казната ќе биде намалена на 2 натпревари.
 
бидејќи според сите најави казната ќе биде намалена на 2 натпревари.
Брат од каде информацијава???мислам супер нема што
 
Навивачите на секој клуб сакаат во стартниот тим да ги видат играчите што потекнуваат од школата на клубот. Како би се чуствувал ти пријателе ако на пример Јане Петровски му е резерва на Богоев сељакот во МЗТ. Масев има квалитет не викам не,точно е и дека Петров и Пеев тек сега го собиаат потребното искуство ама и самиот кажа дека играат со срце за својот матичен и единствен клуб,а тоа е она што ние навивачите најмногу го цениме - беспоштедното гинење на теренот.А Масев и Положани во Ѓорче некако не беа расположени за гинење,затоа нека научат од помладите Вардарови деца како треба да се бранат боите на клубот на секој натпревар.
Имам замерка и за Ратко,ова нека му биде последен натпревар на којшто му пријде со единствена намера да брани 0:0. И самиот 100 пати изјави дека Вардар секогаш и против секого треба да оди да се надигрува на гол повеќе,и да игра напаѓачки пошто тоа ни било всадено во крвта македонска.А во Ѓорче како што и претходно реков одигравме класичен антифудбал.
А за Бајо се сложувам дека не треба да се коментира, или следниот пат ќе биде стартер или јас ќе почнам да правам транспарент со напис "РАТКО ОСВЕСТИ СЕ" :pos2:
 
Се слагам. Или максимално ќе бидат посветени на натпреварот или ќе дремат на клупа. Такво ноншалантно понашање, како вчера, од Положани и Муса Али е недозволиво. Како без душа беа.
Одлично забележано од страна на Јово. Излеговме вчера во Ѓорче како да сме задоволни со бод, а нашиов тим е барем со 3 пати поголемо реноме од тој на Македонија. Каде и да играме низ државава, задолжително мора да одиме на победа. Се друго е неприфатливо за мене.
 
бидејќи според сите најави казната ќе биде намалена на 2 натпревари.
Брат од каде информацијава???мислам супер нема што

Пред 3 дена имаше соопштение во кое се верува дека Арбитражната комисија ќе ја одобри жалбата на Вардар. Па судии и играчи беа тепани, па беа казнувани екипите на Ренова и Шкендија со 4 натпревари.

Навивачите на секој клуб сакаат во стартниот тим да ги видат играчите што потекнуваат од школата на клубот. Како би се чуствувал ти пријателе ако на пример Јане Петровски му е резерва на Богоев сељакот во МЗТ. Масев има квалитет не викам не,точно е и дека Петров и Пеев тек сега го собиаат потребното искуство ама и самиот кажа дека играат со срце за својот матичен и единствен клуб,а тоа е она што ние навивачите најмногу го цениме - беспоштедното гинење на теренот.А Масев и Положани во Ѓорче некако не беа расположени за гинење,затоа нека научат од помладите Вардарови деца како треба да се бранат боите на клубот на секој натпревар.
Имам замерка и за Ратко,ова нека му биде последен натпревар на којшто му пријде со единствена намера да брани 0:0. И самиот 100 пати изјави дека Вардар секогаш и против секого треба да оди да се надигрува на гол повеќе,и да игра напаѓачки пошто тоа ни било всадено во крвта македонска.А во Ѓорче како што и претходно реков одигравме класичен антифудбал.
А за Бајо се сложувам дека не треба да се коментира, или следниот пат ќе биде стартер или јас ќе почнам да правам транспарент со напис "РАТКО ОСВЕСТИ СЕ" :pos2:

Види така е, во право си кога викаш дека треба да играат или да имаат предност оние кои доаѓаат од матичниот клуб. Само да бидеме реални со овие играчи добро му тргна, имаше 5 победи по ред, секое коло ефикасност, без 3 гола не си идеа противниците и тука немаше што повеќе да се каже или да му се замери на Ратко. Пред фактите и боговите молчат. Е сега веќе кога гледаме дека не е се така сјајно во клубот односно во играта на Вардар, може полека да му се замерува, се додека има лоши резултати (се надевам ова е последното).

Еве нешто најискрено, мое мислење е дека Ратко нема да дочека втора полусезона. Малце е "педерски" да кажувам вакво нешто по само еден пораз, ама мислам дека по информацијата што ја видов на интернет, а тоа е дека пред да дојде во Вардар, водел некој тим од Јапонија кој имал скор од една победа и 8 порази !?

Друго, како што викаш ти треба да играат оние кој стварно го сакаат Вардар...па сега ќе ти кажам дека и Брага го сака Вардар, таман немаме десен бек (Бардо е повреден) па пак не игра, само не затоа што Ратко не го сака, туку толку му се можностите. Го видовме со Победа не можеше да оди.
 
Мислам дека покрај играчите што се виновни голем виновник е и Достаниќ можеби овој пораз видовме што тренер е ратко.мислам дека сите сфативме после овие 6 кола дека го форсира али,добро и мало дете малку да прати фудбал ќе сфати дека али не го бидува,и ако е прав тренер не може да си дозволи луксуз да си испробава тактики на дерби да оди на резултат нерешено алоооооооооооо,па неможе тоа така ВАРДАР секогаш мора да оди и да игра за победа оти сега има силен тим со силни играчи,ама со овој тренер да добар е за домашно првенство можеби и мн рано го обвинуваме но мислам дека време да се освестат и управата,оти да не биде само кратка епизода ратко да дошол да се учи во ВАРДАР.
 
Ги гледав сите натпревари на Вардар освен првиот против Победа,нормално од неутрален агол и ако не се лажам Муса Али на сите играше прва постава,а освен со Пелистер на другиве апсолутно ништо не покажа и незнам како може тој да биде пред легендата Баевски во прва постава,а и Полпжани како може и во репрезентација да игра,а освен некој шут што го има друго ништо не поседува,а да ке заборавев мислам и Мегленски може да игра прва постава,мислам заслужува.
Поздрав и се гледаме на дербито на 18ти Октомври
 
Брага и подобро што не игра бидејќи тоа го прави се поочајно. Најдобрите години одамна му поминаа
 
Хехехехе, Брага мисли дека ние го сакаме и дека е легенда на Вардар, вистина има одиграно некои брилијантни партии во Вардаровиот дрес (пред се против Победа на 29.08 2000, се сеќавам влезе како џокер од клупата и им го бапна,а и со ЦСКА и Спарта беше повеќе од солиден) ама тоа беше одамна.Денес го симпатизираме затоа што е кловн и смешен ни е.
Ако за Брага сите се сложуваме дека е при крај и дека ќе ни останат само убавите спомени од неговите игри,тогаш мислам дека сите ќе сложиме и за Петров и Пеев дека овие двајца токму сега треба да блеснат како што тоа го направи Брага во 2000-тата.
За останатите кои што се одстрана дојдени во Вардар,а дојдени се затоа што им биле понуени добри услови а нека дека нешто и претходно "сечеле вени" за Вардар, уште еднаш повторувам дека се квалитетни, еве и Милисављевиќ не е Вардарово дете ама во Ѓорче беше единственот кој што прикажа нешто од стартната постава.Сепак се лутам пошто некои еве нека не бидат само Масев и Положани туку и другите, си мислат "ај на еден натпревар ќе играме добро, а на следниот малце ќе си ладиме јајата".Абе биди и Чкембар ама ако веќе си дошол да играш во Вардар тогаш има срцето да го оставаш на теренот на секој натпревар.
 
Тој Милисавлјевич е стварно класа играч,и лани во Работнички беше феноменален
 
Ратко Достаниќ во својата изјава по натпреварот со Македонија ЃП, покрај честитките го изјави следново:
"Имавме шанса да израмниме преку Баевски но не ја искористивме"

Наместо да ги критикува своите фудбалери што за цел натпревар создадоа само 1 шанса, тој се вади и на таа една, што докажува дека тоа и му била намерата, да ги брани почетните 0:0 и евентуално од некоја случајна шанса да се постигне гол.
А на оние фудбалери на коишто не им е во целост позната светоста на Вардаровиот дрес, таквите инструкции им дошле како порачани "еј супер денес ќе браниме 0:0,не мора да кршиме нозе".
Голем минус за сите!!! Такви парадери имавме многу во изминативе години,а промените ги направивме токму за да се стави крај на тоа и за да се врати загубениот углед на клубот.Овие момци мора да сватат дека токму тие се избраните за враќање на клубот на старите славни патеки,а угледот мора да се враќа и да се гради на секој натпревар!
 
Достаниќ најави дека ќе има големи измени во составот. Јас знам само една сигурна сега за сега. Бајо место Муса Али:wink:
 
Вардар-Турново е одложен за во Вторник заради концертот посветен за Тоше
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom