Сега со овие суспендираните што ќе биде 6 месеци ќе дремат така и ќе платат по 5000 евра и после каде ќе каже Брацо таму така е работата како што гледам јас а.:smir:
Искрено што ќе биде многу и мене не ме интересира, си го добија она што го заслужуваат. не 6 месеци, треба 6 години да не играат фудбал. Инаку викаш кај ќе каже Брацо таму ќе играат, па тој ги вовлече во вакви работи. Каков парадокс, Брацо не им дава пари, фудбалерите заради тоа штрајкуваат, и на крај пак се враќаат и се крстат на истиот човек, не ми се верува.
Борче Ристовски е тој што треба да оди во Русија, а не Димче. Битолчанецо се префли во Работнички, иако ја сметам дека требаше и он, Секуловски, Брага и Емурлаху да јадат суспензии, а не вака педерски да се провлечат. Сепак и тие беа дел од штрајкувачката екипа. Од тоа воопшто не сум задоволен.
Така е Гоксо, моја грешка. Види за Борче не можеш да кажеш дека заслужува казна, затоа што кога беше натпреварот со Милано он беше повреден. Не викам дека и он не би се приклучил кон групава што штрајкуваше, ама рака на срце повреден беше. А ова гомново друго, битолчанецот само да дојде прва утакмица против Работнички, го мрзам највеќе затоа што играше како жена кога играа против Пелистер.
Што се однесува до мене, можат што сакаат да прават. Мене желбата ми е исполнета, да бидат казнети за тоа што му го направија на Вардар, иако сум незадоволен што тоа не е случај и со Брага, Секуловски, Емурлаху и Ристевски.
Брага има докажано дека го сака Вардар и тука нема дускусија, мислам и поради тој факт е ослободен, Емурлаху сите знаеме каков грев направија во првата полусезона кога го пратија да игра во Шкендија, а Вардар немаше ќор напаѓач, значи го потценија човекот максимално.
Според мене, јас како навивач не се грижам многу за правдата во светот туку за успехот на клубот. А Вардар особено од Брага и Емурлаху ќе има и тоа каков корист за понатамошен успех. Его, и суета немаат место тука според мене, иако ме заебале (индиректно нели) ќе им простам, бидејќи знам дека ќе ми бидат добредојдени утре во моја близина, односно во мојот клуб.
Викторгг мора да има правда. кажав во повеќе мои постови, Вардар е име, бренд, традиција, поим... не може некој што до вчера сонувал да облече дрес на Вардар денес да го остава на цедило. Сите мислеа дека пропаѓа и сега кога видоа дека се врати на здрави нозе, ќе се извинуваат или не знам што. Го слушаа Брацо, јас знам една работа, а тоа е дека додека траеше завршетокот на сезоната неколку играчи играа според тоа како ќе им кажеше Брацо, се со цел да се оцрнат желбите на навивачите за враќање на стариот сјај на клубот